Гледам ја имаш осмислено работава.
Пошто нема вакцина во моментов, колективен имунитет како брзо решение во овој контекст би значело масовно заразување. Претпоставката е дека "акцијата" би се спровела успешно во еден месец. Од вкупниот број заразени на 2% - 20% ќе им е потребна хоспитализација. Мал дел од овие лица ќе треба да бидат ставени на кислородна подршка. Тоа ти се 30 000 - 300 000 неопходни болнички кревети само за оваа потреба. Дури и да ја земеш долната граница и да ја поделиш со 2 тоа се 15 000 болнички кревети.
Колку за споредба, за справување со состојбава во моментот на располагање има ~
1 000 кревети
Вкупен број на болнички кревети во државава е ~9 000
Факт е дена нема да има место за сите.
Знаејќи го наравот на народот, а и дека ти си докторка, прашањето ми е: колку ќотек можеш да издржиш?