Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Овде пред гробиштата денес полиција стоела, наводно. Веројатно ги чуваат умрените да не избегаат. Од друга страна живите денес на пикник, по кафани и кафулиња. Сега корона фаќа на гробишта за задушница, за ифтар, за во кафана, во приватно и на гласачко место не. Какви само двојни стандарди ни се сервираат за мир во коалиција. Не знам за која контрола зборуваат, Филипче и неговата комисија се ко оркестарон на Титаник деновиве, свират додека бродот тоне. Важно глувците први го напуштија, отидоа по викендици по Охриди и не знам ти каде, а од утре ќе се посераваат на пресови за почитување мерки и седење дома.
 
Немаат толкава моќ тие "некои" кои што викаш дека не гледаат како мравки колку што сакаат ние да мислиме дека имаат. Сите теории на заговор се темелат на тоа дека некој има апсолутна моќ. Не, немаат. И никој не може да оркестрира цела пандемија, не е можно. Повеќето од луѓето не можат да сфатат дека shit happens и дека не сме толку моќни како Humankind за апсолутно се да контролираме. Се дешавале пандемии во минатото ќе се дешаваат и во иднина.

Може да те згазне некој, не само тие "некои" и било кој друг може. Ама за се си има последици и не е така едноставно. Така што не се плаши, никој нема да те згазне тебе.
Тие некои имаат толкава моќ, имаат и произлегува од парите, пандемијата е гола вода да се намести, пушти на јако музика, повикај 15-20 јаки женски у стан, машките сами ќе дојдат, и имаш журка,ако имаш нели пари, е толку е лесно, да не речам спонтано си одат после работите. Проблем е од почетокот да се внесе стравот, вклучуваш медиуми на максимум, после само си оди. луѓето после сами бараат од државата да им донесе ригорозни мерки за да се уништи економијата. Рецесијата ќе ја намали популацијата многу повеќе од било кој вирус, а истовремено имаш уништување на средната класа која е најголема опасност за тие горе. Они сакаат робови, а не средна класа.
 
Студенските активности може и до 15.00 часот да завршат. Како одеднаш укинаа полициски час така и сега можат за тоа не им менува ништо. Знаат и за нагло укинување на полициски час како шо направија
... можеби, ама професорите се зафатени до 15ч (медицина);)
 
Во државава никогаш немаше карантин.

То ест, единствен карантин по пропис беше тој во Дебар и делумно тој во Куманово.

Сето друго не беше карантин. Карантин ќе беше токолку сите со Скопски таблици не смееја да го напуштат Скопје во четврток и сите со други таблици не смееја да влезат до понеделник. Тоа е карантин.

Така ќе ги локализираш кластерите и ќе ги изолираш и после реисот може да го прогласи ковидот за умрен.

Вака ќе треба да го земат да ги прогласува умрените од Ковид кои ќе се накотат, со оглед на тоа што и се повеќе здравствени работници се заразени.

Одлично го почнавме овој период во март, и мерки и све си беше како што треба.

Првата грешка беше опуштањето пред Бајрам тој викенд кога направија да има делумен полициски час и потоа катастрофалната грешка за бајрамскиот викенд.

Овие суштества што живеат на овие 25.713m2 не можеш да ги оставиш на своја волја и разум, оти го немаат и ќе погинат од тоа, што веќе и се дешава...

Ај може откако ќе имаме Албанец премиер ќе го убие он ковидот ко реизот.
 
Во право е Наќо, прекинете со тоа заговарање полициски час. Овде во Куманово преку кур ни дојде од истиот. Го јадовме истиот ден кога донесоа викенд полицски час, го јадовме за Велигден, ифтари, мифтари, Духовден, сега го јадеме и за планинците од Карадак. Ако сакате полициски час вие што го наговарате и ако сакаат филипче, наќе, проливер и остали нека си воведат за нив полициски часови. Доста гледавме како некои имаат право да го прекршуваат, да си бегаат во други градови, села, викендички, а ние да скапуваме по дома.
 
... вака со полициски час се има можност за манипулација со ограничување на работа на многу објекти и професии, зависи од моментален финасиски, па и коалицонен интерес, а не дека има/нема ефект околу заразување со коронавирус!
 
Да беше вака сите ќе ги ставаа на респиратор и ќе им гасеа кислород саат време од кога ќе ги тестирааа позитивни. Оп 30 000 долари во џеб.
Мхммм, и ич нема да одговараш за убиство со умисла нели? :)
 
Попаметно ќе е џандарите да регулираат дел од граѓаните што не почитуваат никакви мерки отколку да не затвараат сите присилно бидејќи немаат муда да си ја извршат работата.
Супер сѐ тоа, само уште тие што треба да регулираат да не беа заедно на ифтар со тие што треба да бидат регулирани. :D

Преголеми очекувања имаме за луѓе кои имаат држава во држава, кои организираат насилни протести и палат пола град, бидејќи каурите им уапсиле нивни луѓе кои убиле 5 деца на Велигден.

Казниле некои нивни кои на сред полициски час монтирале легнат полицаец - 200 луѓе се собраа во Сингелиќ, востание кренаа, се закануваа со оружје, градоначалникот дојде да ги вади од станица притворените. И од таков ментален склоп ние очекуваме разум и разбирање.
 
Тогаш подобро одговара полициски час од 19.00 часот
Викни си комотно полицајци да ти седат пред врата утре цел ден, ја наќо и саша ке ти ги платиме :)
 
Комисијата за заразни болести ќе каже тоа ама се мислам 19.00 часот ќе биде . Ќе видиме!

Ако ти е толку до полициски час, оди во полициска станица после 19:00 и ке се осеќаш како да си дома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom