Одма ме етикетираш како Анти Ваксер или невакциниран?
Види, од ова ти што го збориш, барем во вториот дел доаѓам до заклучок дека Вирусот нема никогаш да исчезне од овие простори, генерално невозможно е ти да вакцинираш 100% од населението за да нема мутации. Иако пак ќе кажам, не сум доволно упатен за да зборам за мутации и не знам дали само невакцинираните придонесуваат за мутациите или и природата си го прави своето.
Главниот проблем кај сите вакцини е тоа што и покрај вакцината може човек да се заболи, да го шири вирусот и да биде хоспитализиран, или не дај боже да има фатални последици. Затоа, и само затоа сум против мерките што нашата влада ги стави за вакцините. Далеку од тоа дека сум против вакцините генерално или против оваа вакцина.
Затоа и погоре спомнав, без вакцина која што го спречува фаќањето и пренесувањето на вирусот крајот воопшто не се гледа. Доколку се дојде до таква вакцина и таква имунизација, веќе ќе биде друг муабет и ќе почнеме да го гледаме крајот на пандемијава.