под бојкот мислев да нема избори а не ВМРО да не учествува.
Инаку секако дека народот нема да излезе особено при ваков страв бројките на излезност ќе бидат ниски.
1. Нема шанси да нема избори, вмро и сдс имаат 300к + членство од 91 наваму. Како ќе свирнат, така ќе биди.
2. Те разбирам што сакаш да кажиш и која ти е логиката ама верувај во оваа ситуација тоа не е можно.
А за да не дојди тој страв во народот да му пресуди на истиот народ да гледа курто-мурто во недоглед, агитирајте.
Е сега прашањето кое се поставува е следно:
Дали агитирате да се шири паника помеѓу народот, а со тоа да се намали бројот на гласачи на избори и да си остани сдс уште на власт или вмро, небитно?
Или агитирате да дојди некој трет, па од петни жили се трудите секојдневно тој круг на малце од малце освестени луѓе да го ширите натаму... на форум, во маала, на фб, на инста, било каде... да сфатат колку што можат повеќе луѓе дека со седење дома е само ТРАЖИЛИ СТЕ ГЛЕДАЈТЕ.
Значи или јас и ти тука на форум ќе агитираме дека е страшно сега да се оди на избори оти ќе умриме од корона и ќе шириме паника, ќе кажваме како сме разочарани и ќе бојкотираме, а со тоа му даваме легитимитет на овие досега да продолжат лагано да ни ебат матер.
Или пак повикуваме да уклучат бојлерот малце луѓето и да одат да им шкршат глава, да гласаат за сосем трет човек, партија, опција и да му скинат една нога, на следните избори уште една и фала чао.
Тоа е решението, работите СЕКОГАШ се менуваат од внатре, од блиску, а не од дистанца и со седење дома.
Ете дури и тој референдум (за кој требаше цензус, а за избори ќе повторам НЕ треба па можи и со 30% излезност некој влада да си напрај и да репрезентира 2 милиони народ) да излезеа СИТЕ кои не сакаа да го смениме името во северна да гласаат ПРОТИВ...ќе имаше пола милион гласачи ЗА (сосе сите фалсификати и бркање работата на мускули) и некаде 900.000 ПРОТИВ.
Наместо тоа, магично на некој му текна, седете дома ќе се раши работата сама од себе.
Се реши ете, СЕВЕРНАЈА.
Така и на форумот, така и секаде, со седење дома и ќутење ништо не бива.
п.с. не ти наметнувам дека браниш или напаѓаш одредена опција, само дебатираме по прашањето со изнесување свои ставови за ситуацијата ЗОШТО избори сега кога има толку позитивни случаи и ДАЛИ заслужуваат да им дадеме се' на тацна иако и едните и другите ни ебат мајчето колективно ете наназад 30 години.