Брат зашто не моеш еднаш да речеш „да, сонароднициве ми се тапа и имаат голем дел од вината, јебига пробуваме да ја смениме таа пракса али бавно иде од социјални и културолошки причини“.
Мислам, знам дека пробуваш да си одбраниш своето и све тоа, али пробај еднаш на друг начин. Веруј дека поише ќе те ценат и тебе и целиот албански народ ако си пореален. И никој нема да ти замери, луѓето што се малце пофлексибилни као мене ќе имаат разбирање и ќе бидат со поотворен пристап, а поконзервативните ќе те хејтаат вака или онака.
Седни дома и размисли за ова.
Тоа го реков вчера, дека албанците предничат во непочитување на препораките.
И тоа го викам, во Карпош и пред корона имало социјална изолација и многу малку им треба да сменат за да се привикнат на новата ситуација.
За Бајрам не посетивме ни 20% од роднините, а исто така дојдоа само најблиските.
Не бевме на гробишта, за прв пат.
Иако се отворија џамиите, бројот на верници е преполовен.
Бев во само еден ифтар, не повикавме никого.
За погреби се одеше во мал број, а за сочуство не се одеше воопшто, се додека не почна да се намали бројот на заразени на минимум.
И кога се намали бројот почнаа луѓето да се ослободат, почна да се оди и на сочуство, а таму е најголемата опасност, бидејќи според муслиманска традиција на сочуство одат сите кои се знаат со фамилијата на умрениот, а таа бројка може да надмине 500 луѓе или повеќе.
Непостапувањето на институциите ги става во незгода граѓаните, имаме најлоша реакција на институциите, цел град знаеше каде може да се пие макијато, само полицијата не знаеше? Знам кафана што ниеден ден не затворила, и полицајци пиеле кафе внатре, а се вели дека газдата им дал пари на инспектори.