Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 април 2021
Мислења
3.199
Поени од реакции
10.710
Да, нека си носат политики на стимулација. Во Србија имаше тепачки за 20 евра. :D

Ронче, вчера ме разочара. Прво си хакирал фб профил, а потоа и системот за вакцинација со цел прв да се вакцинираш. Од тебе треба да се плашиме.
Јас лично не би дозволила да експериментираат на мене за 20 евра.
Не знам, мене ми е жално тоа стимулирањето вакцинација - нешто што би требало да е задолжително (ок, еве сега ковид вакцините не се задолжителни и секој има право да си одлучи дали да биде боцнат или не, ама поголема стимулација од *заштита од тешка клиничка слика и смрт* мислам дека не постои по ова прашање).

А стимулација? Младите треба да се стимулираат да останат во државата и како најсвежа енергија со своето знаење и сила да придонесат за подобро место за живеење за сите нас. Не со 20 евра по вакцина или студентски оброк или ваучер за туризам, туку со услови за просперитет во државава без партиска книшка или помош од мама и тато.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Па не ти пуштам клетва јас,не сум баба што колне нити па ти посакувам да се разболеш.Само да го осетиш филингот една ноќ како е им на тие по памперс голи што лежат на 40 степени у соба без клима приклучени на кислород додека ти овде си играш курот со Бетмен и Робин
А што да им правам на тие што лежат без климите?
Јас им сум крив што нема клими.
Јас им сум крив што иако плаќале со децении здравствено, а кога треба, нема ништо за нив.
Јас им сум крив што им шибаат 3 типа антибиотици.
Јас сум ти крив што ти таму заврши... Кој ти беше крив, кога уживаше во нездрава храна и нездрав начин на живеење, кога пиеше секакви лекарства (со штетни нус појави) препишани од лекари итн итн.

Абе Наќо Наќо, лесно ти е тебе, со тој памет што го имаш, живеј и подалеку од уличните џукели.

Врска ташакот мој, само со женски си играм, Бетмен и Робин се за вас што викате дека ја следите науката.

ќе го јадете чипот и ти и дамби не се секирај:misticen:
Царе, само чипови ти се вртат у глава, не знам дал тоа е нормално.
Не знам зашто се плашиш од невакцинираните, кога нели си пелцован... ти треба сега да си како ластовичка.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
Јас лично не би дозволила да експериментираат на мене за 20 евра.
Не знам, мене ми е жално тоа стимулирањето вакцинација - нешто што би требало да е задолжително (ок, еве сега ковид вакцините не се задолжителни и секој има право да си одлучи дали да биде боцнат или не, ама поголема стимулација од *заштита од тешка клиничка слика и смрт* мислам дека не постои по ова прашање).

А стимулација? Младите треба да се стимулираат да останат во државата и како најсвежа енергија со своето знаење и сила да придонесат за подобро место за живеење за сите нас. Не со 20 евра по вакцина или студентски оброк или ваучер за туризам, туку со услови за просперитет во државава без партиска книшка или помош од мама и тато.
После 2 години ги имаме статистиките кои категории заглавуваат со тешка клиничка слика. Затоа јасно е зошто многу мал процент од младите изразуваат желба за вакцинација, а тоа е проследено и со сертификатот за патување. Така да, ако властите сакаат поголем процент на имунизација, треба да излезат со одредени конкретни стимулативни мерки...кои може ќе им дадат извесен резултат. А мојот став околу прашањето за вакцината е непроменет. Кажав и зошто.

Вториот пасус е ирелевантен за дебатава, но се сложувам.

пи.ес. Има и починати и со тешка клиничка слика целосно вакцинирани во УК со Делта сојот. Чисто колку да ти го разбирам *аргументот*. Но тоа се постари граѓани, скоро сите над 50 години. :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Добро, јас не размислувам баш така. Откако се тргнаа мерките, зачестија дружењата и собиранките. Пред тоа генерално беа преку камера. Никаков стимул немам да се вакцинирам. Стапката на смртност во категоријата граѓани во која припаѓам е мала, скоро непостоечка. Тука се симптомите и пост-Ковид симптомите, ама и тука најголемиот дел се асимптоматски. Башка можам да патувам со негативен тест. Зошто би се вакцинирал? За себе, сметам дека немам потреба. Другите нека си мислат на себе.

Живеам на периферија од Скопје, така има каде да се шета во секое време. Само неколку пати помина полиција за време на полицискиот час. Па и поголемиот период од пандемијата го поминав надвор од Скопје, во мало место и човечкиот контакт ми беше сведен на минимум. Психички се одморив од сѐ, плус повторно се здружив со мојата прва љубов.

Лично сметам дека сите граѓани над 60 години треба да се вакцинираат. Тоа го повторив 10тина пати затоа што поради овие категории имаме црни статистики. Исто сметам дека треба да има транспарентност и да нема пропаганда и сеење на страв.

Вакцини има и дополнителни мерки во државава не треба да има. Нека си ги регулираат границите и тука завршуваме. Животот мора да продолжи да тече понатаму.

Сега како да се мотивираат младите да се вакцинираат? Нека најдат начин, во спротивно нема да мрднеме од тие ~30% (т.е. 500К) имунизирано население. Гледам дека за тоа немаат волја и како плоча го повторуваат она "вакцините штитат од...".

Дестимулативно е и тоа што сеуште не може да се патува со одредени вакцини во повеќето држави, вакцини кои се користат на големо кај нас. Гледам дека Унгарија ги користи кинеските и очекувам наскоро да бидат признаени во ЕУ. Грција веќе ги призна.
Во кратки црти, ти си дел од проблемот.
Тебе не те тангира, ич не ти чуе нека затвараат, луѓе нека губат животи, нека губат работи,нека гори светот што ги ебеш, не си овца да те чипираат ти немаш никаков ќар од тоа.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.535
Поени од реакции
9.518
ќе го јадете чипот и ти и дамби не се секирај:misticen:
А ти нешто као сигурен си дека се вакцинира?
Лудо дете.
Ако не ти е во ред имуниот систем има прв да го јадеш пред сите.
Размисли малку пред да тропнеш некоја зелана пошто никој не ти гарантира дека: 1. имаш веќе антитела, 2. нема некоја верзија мутирана да те закачи и да те направи партал.

Олабајте по жешкото, како некои баби сте со клетвите.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
Во кратки црти, ти си дел од проблемот.
Тебе не те тангира, ич не ти чуе нека затвараат, луѓе нека губат животи, нека губат работи,нека гори светот што ги ебеш, не си овца да те чипираат ти немаш никаков ќар од тоа.
Зошто да не се вакцинираат тие категории кои губат животи? Ама во кратки црти, да. Моето си го завршив- старите се имунизирани. Другите што ќе си прават не е мој проблем. Вакцини има. :)

Доста со чипови и слични идиотизми. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.849
Поени од реакции
35.263
@bijons ама се намерачи младите да ги вакцинираат ... зашто само од 12 па нагоре, зашто не од 2години нагоре?
...кај нив можноста за пренесување на вирусот запазено највише до 30% , а дополнително истите се бомбардирани со други вакцини според календарот за редовна имуницација, а и нивниот имунолошки систем малку ,,понервозно и побурно,, реагира, така да, воопшто нема во тек ниту во план за во блиска иднина некоја клиничка студија за оваа бебешка/детска возраст со антиковид вакцините,


...тинејџерите во смисол на пренесување на вирусот и реакција на него ги сметаат како адултна популација, па и примена на истите моментални антиковид вакцини со две дози, со што уште во тек се неколку клинички студии кои можеби ќе додадат или одземат една доза зависи како се одвива, ама има некои клинички студии кои веќе се завршени и се дадени препораки кое годиште тинејџерот со која антиковид вакцина да се вакцинира, дури некаде веќе се почна со вакцинирање и покрај сомневање на појава на несакани дејства токму кај ова тин возраст!

 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Зошто да не се вакцинираат тие категории кои губат животи? Ама во кратки црти, да. Моето си го завршив- старите се имунизирани. Другите што ќе си прават не е мој проблем. Вакцини има. :)

Доста со чипови и слични идиотизми. :)
Затоа што си поотенцијален преносител. Како невакциниран твоите шанси да закачиш ковид и да го шириш понатаму се многу повисоки од некој кој што е вакциниран.
Затоа што колку што има повеќе потенцијални преносители, толку е поверојатно вирусот да мутира и да создаде нови варијанти кои и на твоите стари ќе им направи вакцината бескорисна.

Чувство за општествена одговорност 0.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
Затоа што си поотенцијален преносител. Како невакциниран твоите шанси да закачиш ковид и да го шириш понатаму се многу повисоки од некој кој што е вакциниран.
Затоа што колку што има повеќе потенцијални преносители, толку е поверојатно вирусот да мутира и да создаде нови варијанти кои и на твоите стари ќе им направи вакцината бескорисна.

Чувство за општествена одговорност 0.
Дали вакцинираните може да се преносители? Да. Дали може да се спречи мутација во наредниве 2 години? Не, затоа што има недоволен број на вакцини. Но може да се превенира смртноста, што сега за сега е клучно. Зошто не се вакцинираат луѓето над 60 години?

Ти викам, не ме интересира. Вакцини има, слободно вакцинирајте се. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.199
Поени од реакции
10.710
После 2 години ги имаме статистиките кои категории заглавуваат со тешка клиничка слика. Затоа јасно е зошто многу мал процент од младите изразуваат желба за вакцинација, а тоа е проследено и со сертификатот за патување. Така да, ако властите сакаат поголем процент на имунизација, треба да излезат со одредени конкретни стимулативни мерки...кои може ќе им дадат извесен резултат. А мојот став околу прашањето за вакцината е непроменет. Кажав и зошто.

Вториот пасус е ирелевантен за дебатава, но се сложувам.

пи.ес. Има и починати и со тешка клиничка слика целосно вакцинирани во УК со Делта сојот. Чисто колку да ти го разбирам *аргументот*. Но тоа се постари граѓани, скоро сите над 50 години. :)
I know. Ама сеуште бројот на невакцинирани и починати е поголем од бројот на вакцинирани и починати. И тоа вртоглаво поголем! Факт е дека има корист од вакцинацијата. Еве и кај нас, сите заразени со делта вирусот се невакцинирани.

Ти го знам ставот, не се ни обидувам да влијаам директно или индиректно на тоа. Само си дискутираме, не мора одма да се правдаш зошто не се вакцинираш. :D

Властите ако сакале поголем процент на имунизација требало навремено да обезбедат доволна количина вакцини и да им овозможат на своите граѓани избор меѓу повеќе вакцини. Можеби и емисии во кои ќе гостуваат најголемите стручњаци во државата, ќе произнесат свои лични видувања по ова прашање, ставови на наука, искуства од други држави, разговор со граѓани итн. Не е дека го нема ова, ама фејсбук како социјална мрежа не сметам дека е вистинското место за тоа. Дополнително да има некаков филтер на се она што е фејк њуз, лажни и нерецензирани трудови и профитирање на сметка на 'стравот и паниката' на народот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.881
Поени од реакции
39.344
Дали вакцинираните може да се преносители? Да. Дали може да се спречи мутација во наредниве 2 години? Не, затоа што има недоволен број на вакцини. Но може да се превенира смртноста, што сега за сега е клучно. Зошто не се вакцинираат луѓето над 60 години?

Ти викам, не ме интересира. Вакцини има, слободно вакцинирајте се. :)
Дамби не сфаќате, ти, анон, бафра дека сте дел од проблемот. Слободарски граџани кои им е нарушен интегритетот. Не сфаќате дека сите имаме должност у општеството. А тоа е за добро на сите, така и пелцовањето.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Дали вакцинираните може да се преносители? Да. Дали може да се спречи мутација во наредниве 2 години? Не, затоа што има недоволен број на вакцини. Но може да се превенира смртноста, што сега за сега е клучно. Зошто не се вакцинираат луѓето над 60 години?

Ти викам, не ме интересира. Вакцини има, слободно вакцинирајте се. :)
Може да се преносители, но во многу помал процент и тоа е важната разлика.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
I know. Ама сеуште бројот на невакцинирани и починати е поголем од бројот на вакцинирани и починати. Еве и кај нас, сите заразени со делта вирусот се невакцинирани.

Ти го знам ставот, не се ни обидувам да влијаам директно или индиректно на тоа. Само си дискутираме, не мора одма да се правдаш зошто не се вакцинираш. :D

Властите ако сакале поголем процент на имунизација требало навремено да обезбедат доволна количина вакцини и да им овозможат на своите граѓани избор меѓу повеќе вакцини. Можеби и емисии во кои ќе гостуваат најголемите стручњаци во државата, ќе произнесат свои лични видувања по ова прашање, ставови на наука, искуства од други држави, разговор со граѓани итн. Не е дека го нема ова, ама фејсбук како социјална мрежа не сметам дека е вистинското место за тоа. Дополнително да има некаков филтер на се она што е фејк њуз, лажни и нерецензирани трудови и профитирање на сметка на 'стравот и паниката' на народот.
Ама ги видовме ставовите на експертите. Од една страна Филипче со став дека до крајот на летово ќе има колективен, а од друга страна Пановски дека веќе има колективен!
Башка кога ќе им го видам суратот одма менувам канал, досадни ми се. Не сакам цел ден да слушам информации и податоци за Ковид состојбата. Има и други вести. :D

Не се правдам, туку образложувам. Дури и не зборувам ништо против (па и За) вакцините. Не ме интересира веќе, па дури и не ја ни следам темава. Кој што сака нека си прави.

За стравот влијание имаат самите експерти. Одма со ставот дека страдаат и младите! Инфо за тоа? Нема. Онака, од ракав.

Прво нека ги усогласат ставовите самите експерти. Потоа нека ги усогласат или нека го информираат Филипче. Па потоа тој нека го информира народот. Неконзистентноста и контрадикторноста на нивните мислења, ставови и тези креираат несигурност кај народот.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.237
Поени од реакции
21.550
Vo Evropa poleka drzavite stignuvaat vo faza kade sto ima povekje vakcini nego pobaruvacka. Seuste ima golem broj lugje sto primaat prva ili vtora doza ama ne e toa so nedeli da cekas veke vo dosta drzavi i bez termin se dobiva vakcina. Toa po moe sfakjanje znaci, deka i za Makedonija moze da ima povekje Biontech/Fajzer, AZ, Johnson itn. Ne znam kolku vladata e azurna ama ne bi bilo loso na vreme da obezbedi od tie vakcini. Em za tie sto seuste ne se vakcinirani em ako ispadne, da treba boost (treta doza) za postari ili lugje koi ne ostvarile dovolno imunitet od koi i da se pricini. Gledam vo Turcija veke aktivno davaat treta doza a i vo drugi drzavi ke dojde do toa.

Inace ima mal paradoks vo logikata okolu zarazuvanje na lugje so Delta sto se duplo vakcinirani. Primer: Ako 90% od naselenieto ne e vakcinirano a 10% e, togas normalno e deka brojot na zarazeni so celosna vakcinacija e pomal. Ako e pa obratno 90% vakciniri a 10% nevakcinirani normalno e deka delot na novozarazeni i vakcinirani e pogolem. Toa ne znaci deka vakcinite ne stitat koga ne znaeme istovremeno kolku vakcinirani lugje ne se zarazile poradi vakcinite. Celosna vakcinacija seuste e najdobra odbrana protiv delta iako toa ne znaci deka ne moze vakciniran da se zarazi, i potesko. Sporedbata treba da bide kako bi bilo ako lugjeto ne bile celosno vakcinirani 40, 50, 60% od naselenieto.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.437
Дали вакцинираните може да се преносители? Да. Дали може да се спречи мутација во наредниве 2 години? Не, затоа што има недоволен број на вакцини.
Не мислам дека недостаток на вакцини е проблем моментално. Најголем проблем е да се убедат луѓето да се вакцинираат. Со вишок вакцини се соочуваат скоро сите држави бидејќи одзивот на населението е под очекуваното за жал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom