Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.191
Поени од реакции
19.275
Со оглед на тоа дека е извесно наскоро да иаме вакцина, би било интересно да се направи анкета колку од луѓето би се вакцинирале. Видов дека на фемина имаат такво нешто, при што 65% се строго против, и 22% не веднаш. Значи да се молиме на вакцина со над 90% ефикасност, зашто со оваа од 60-70 посто господ не ни помага :D
Има веќе таква тема.


Фемина 95% се тешки пациенти бтв.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.517
Поени од реакции
9.412
Со оглед на тоа дека е извесно наскоро да иаме вакцина, би било интересно да се направи анкета колку од луѓето би се вакцинирале. Видов дека на фемина имаат такво нешто, при што 65% се строго против, и 22% не веднаш. Значи да се молиме на вакцина со над 90% ефикасност, зашто со оваа од 60-70 посто господ не ни помага :D
Имаме и ние тема дали би се вакцинирале, има и анкета....побарај во здравје.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
Со оглед на тоа дека е извесно наскоро да иаме вакцина, би било интересно да се направи анкета колку од луѓето би се вакцинирале. Видов дека на фемина имаат такво нешто, при што 65% се строго против, и 22% не веднаш. Значи да се молиме на вакцина со над 90% ефикасност, зашто со оваа од 60-70 посто господ не ни помага :D
Имаш 65% против и 22% кои му е страв да пишат против, односно неопределени безкарактерни личности кои најверојатно ќе играат на картата што прави мнозинството тоа и јас.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Јуни 20%, јули 21%, август 11% над петгодишниот просек. Тоа се бројките досега официјално изјавени.

@Bafra Немој да правиш споредби на проценти за првите месеци од 2020 година. Почни од јуни, тогаш вирусот дојде до израз. За ноември ќе има над 750 починати кои се водат во евиденција од ковид (макаршто меродавна е вкупната месечна бројка, а за неа ќе почекаме 2 месеца).
Споредбата ти е ептен глупа, јануари -15%, февруари -6%..... и на крајот не многу од очигледно просечните години (2018 е ептен аномалична и го руши просекот).

До септември умрени се 15584, претходните години 15440, 15362, 15259, 14876, 14517, од кој во 2016г се 14876 и до крајот е стасано до 20421 како и 2015, 2017 и 2019, значи кусокот од 500 е надополнет во 3 месеци.

Сега со септември има 743 регистрирани умрени од корона, а само 144 повеќе од најлошата година во претходните 5, што значи имаме 600 кој можеби ќе умреле и без короната.

Еве како било месечно, од сајтот https://treker.mk/mk/tables ги извадив.
Ако само 20% од тие што се умрени од корона влијаат на зголемувањето, можеме да пресметаме дека овие 1731 до сега умрени ќе го зголемат бројот на умрени за само 350 лица + нешто во декември (јас таму очекувам да паѓа оти досега убав број го имаме закачено).

Многу одамна предвидов дека нема да има повеќе од 1000-2000 смртни случаи од корната годишно, на вкупно починати во годината нема да надмине над 1000 (повеќе некај 500, ама нека има луфт за изненадувања), што во реалноста би дошло дека короната ќе е причина на само околу 1000.

Знам има многу бројќи и тешко е да се сварат, ама на крајот од денот ќе излезе дека е причина за најмногу 5% од годишно умрените и само 0,0000НУЛАААААААААА некој процент од вкупното население.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Со оглед на тоа дека е извесно наскоро да иаме вакцина, би било интересно да се направи анкета колку од луѓето би се вакцинирале. Видов дека на фемина имаат такво нешто, при што 65% се строго против, и 22% не веднаш. Значи да се молиме на вакцина со над 90% ефикасност, зашто со оваа од 60-70 посто господ не ни помага :D
Антивакцери на најјако. Што сакаат нека прават разумните ќе се вакцинираат и ќе си бидат раат па другите нека му ја думаат. Многу пропаганда се шири за новиве вакцини а всушност реално се огромен медицински напредок.
 
Член од
28 јануари 2020
Мислења
16
Поени од реакции
20
Споредбата ти е ептен глупа, јануари -15%, февруари -6%..... и на крајот не многу од очигледно просечните години (2018 е ептен аномалична и го руши просекот).

До септември умрени се 15584, претходните години 15440, 15362, 15259, 14876, 14517, од кој во 2016г се 14876 и до крајот е стасано до 20421 како и 2015, 2017 и 2019, значи кусокот од 500 е надополнет во 3 месеци.

Сега со септември има 743 регистрирани умрени од корона, а само 144 повеќе од најлошата година во претходните 5, што значи имаме 600 кој можеби ќе умреле и без короната.

Еве како било месечно, од сајтот https://treker.mk/mk/tables ги извадив.
Ако само 20% од тие што се умрени од корона влијаат на зголемувањето, можеме да пресметаме дека овие 1731 до сега умрени ќе го зголемат бројот на умрени за само 350 лица + нешто во декември (јас таму очекувам да паѓа оти досега убав број го имаме закачено).

Многу одамна предвидов дека нема да има повеќе од 1000-2000 смртни случаи од корната годишно, на вкупно починати во годината нема да надмине над 1000 (повеќе некај 500, ама нека има луфт за изненадувања), што во реалноста би дошло дека короната ќе е причина на само околу 1000.

Знам има многу бројќи и тешко е да се сварат, ама на крајот од денот ќе излезе дека е причина за најмногу 5% од годишно умрените и само 0,0000НУЛАААААААААА некој процент од вкупното население.
Морталитетот во Република Македонија, во 2015
20 461

Морталитетот во Република Македонија, во 2016
20 421

Морталитетот во Република Македонија, во 2017
20 318

Морталитетот во Република Македонија, во 2018
19 727

Морталитетот во Република Македонија, во 2019
20 446

Колку би влијаела бројкава од вирусов за морталитетот во 2020?

Сега засега околу 1700 умрени како последица од вирусов

уште точно 31 ден до 2021ва.

Уште 600 до 700 нека ги пишат од корона.

Значи ке бидат измегу 2300 до 2500 умрени од корона.

Колку од овие 2300-2500 ќе го зголемат морталитетот за 2020та?

Ако бројката на умрени во 2020та не е многу драстично изразито поразличн од претходниве 2015-2019 во коишто имало од 19 727 во 2018 до 20 461 во 2015, значи нема ништо наречено вирус, само пропаганда
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Јуни 20%, јули 21%, август 11% над петгодишниот просек. Тоа се бројките досега официјално изјавени.

@Bafra Немој да правиш споредби на проценти за првите месеци од 2020 година. Почни од јуни, тогаш вирусот дојде до израз. За ноември ќе има над 750 починати кои се водат во евиденција од ковид (макаршто меродавна е вкупната месечна бројка, а за неа ќе почекаме 2 месеца).
Важи пријателе, како ви одговара така ќе правиме. Најдобро е да ги земеме само сегашниве октомври-ноември да ги споредуваме, или па најдобро е бројката на луѓе кои се водат како починати од корона. Иако нели и во сообраќајка да си загинал, во тој куп те пишуваат.

Ако сакаш реална слика, се зема од почеток кога е официјално е регистиран Бетмен дека дошол кај нас. Нели лесно пренослив, голема смртност, а ние со мерките нели скарани, гужви насекаде имаше, времето супер за него, старите ги натераа во 2ч секаде да се гужваат, значи топ услови за ширење и умирање.
Во меѓувреме Бетмен може си бил тука од порано, нели може да го имаш, а да не знаеш, но небитно. Како и да е, со лесно во трето полувреме.

@Bafra we love you, you are one of a kind
Ова твоево ќе му дојде, кого волимо, њега је*емо . Фала дадо, ама доста ме бранеше :pipi:

Јас секогаш сум онтопик, само што кажувам реални работи кои не ви се допаѓаат, а целта ми е да засукаме ракавите и подобро општество да направиме, ама јбг сигурно некоја клетва си носиме од Ацета.

Споделив резултати од истражување на милионски град, каде 300 асимптоматски случаеви не успеале на ниту еден друг да пренесат, никој од овие што имаат поим, не дадоа мислење....

Вака како што гледате, само тонеме, си офкаме, дел се надеваат Бог ќе дошол и средел, другиот дел, се надеваат дека политичарите ќе средат, а баш тие не водат во пропаст.

Ај се слушаме трето полувреме :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Споделив резултати од истражување на милионски град, каде 300 асимптоматски случаеви не успеале на ниту еден друг да пренесат, никој од овие што имаат поим, не дадоа мислење....
Значи за тоа асимптоматските зборувавме неколку пати, ако си правиш филмови добро, ама кажавме што се знае, што не се знае за нив.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Од денес нема бројки?
Сеуште ги штелуваат или измешале до кој ден стигнале зошто чисто се сомневам дека бројките се од минатите 24 часа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Волку доцна, сеуште бројки од вчера да нема. Пешки да ги носеа, досега ќе ги објавеа.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
Од денес нема бројки?
Шо да има, како што тестираат “многу“ во недела ќе кажат од 1000 тестирани 500 позитивни, не дека ќе смени нешто, ионака процентот си крцка 40% месец дена
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.265
Поени од реакции
964
Сеуште ги штелуваат или измешале до кој ден стигнале зошто чисто се сомневам дека бројките се од минатите 24 часа.
Па тука те чекам бе пријателе сам да се наместиш. Тоа само сакам да го кажам пола година дека нешто со бројкиве се штелува ништо повеќе. Ништо помалку од се што ти тврдиш и јас стојам само плус дека стварно се штелуваат. Е тоа може нова тема да се отвори коа ќе усогласиме дека постојат манипулации и да се одвои и одлепи од таа што ја тераме тука.

Уште одамне те познавам уште од на трендо закачалките дуо екстрим ли беше ги тестиравме нивните лимити нешо така.., и кога пишуваше тука те видов и бев на твоја страна на почеток зашто и мене ми беше непознато ова, но како одминуваше времето бројките се местеа.Точка и тука се двоиме одлепуваме на друга тема оваа останува според МНЗ И СЗО правила. Искрено се ти посакувам најдобро на твојата фамилија и тебе и психички рековер шо побрзо, у најлош случај според твоите тези ако идеме имаш 2 години некој си имунитет од шо и да сте поминале. Што повеќе дружба на други и повесели теми.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Волку доцна, сеуште бројки од вчера да нема. Пешки да ги носеа, досега ќе ги објавеа.
Тие се во таков хаос што не дека не сакаат, туку ем толку им фаќа црпката за организација и собирање податоци, ем и толку е кадарот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Или многу неспособен кадар или не сакат да работат или микс. Ноторен пример, коронавирус.гов.мк (каде, покрај бројки, се наоѓаа и информации за одлуки, мерки и други детали за кризава) уште од летото го баталија па го ажурираа на месец и кусур, ниедна одлука немаа со месеци... фати пушти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom