Конфликтот во Сирија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Да ама НАВОДНО ПОСЕДУВА :) повеќе мислам дека треба да се води дискусија на тоа како Русија остави на цедило уште еден свој сојузник и тоа децениски уште од Советската ера,плус поморска база имаат таму и пак ги остави на милост и немилост на западот како и сите други само лаење а на дело нигде ги нема.А тоа дека има Сирија Ц-300 тоа нема шанси,прво Израел сам ќе им влезеше и ќе ги направеше парам парче затоа што поарно спречи него лечи.Патем хемиското оружје не е класифицирано туку тоа и е,се употребува да се уништи поголема жива сила/население на непријателот со оставање на трајни или долго последици.По примерот баш на Асад што рече СЕТЕТЕ СЕ НА ВИЕТНАМ,да може Америка не ја доби таа војна но Виетнам денеска од баш тоа хемиско и биолошко оружје што го фрлаше Америка таму и ден денеска се раѓаат деца со лушпи од риба и други грозни деформитети.Ако Асад игра на таа карта дека Сирија ќе биде Виетнам тогаш лошо се заебал.Прво Сирија е пустинска земја не е џунгла второ нема поддршка од никого како што имаше Виетнам од СССР и Кина.Искрено ми е жал што од сите муслимански држави во светот Сирија е најтолератна кон Хриситјаните,немало меѓуверски проблеми,барем јас не сум слушнал.Но како и да е Америка ќе ги срамни со земја,прашањето е само со колкава сила и заколку време :)

Јас како македонец не се радувам што ќе се срамни Сирија затоа што и од нив бевме признати со уставното име,знам тогаш Грција како контра им испрати една дипломатска протесна нота во Сирија,сега грците кузнајт колку ќе се радуваат што ќе се бомбардира Сирија..(n)

Да ве потсетам само : http://forum.kajgana.com/threads/Сирија-ја-призна-Македонија-под-уставното-име.44271/ (y)
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Но како и да е Америка ќе ги срамни со земја,прашањето е само со колкава сила и заколку време :)
:facepalm:
Абе како што кажав погоре.. имаш видено круши како паѓет? Ко тој авионот турски (од нато)?
Е така и авиони, и ракети, и све живо и диво. А дроној ако имет, нив не им ги рушвет. Поштено ќе ги слетет кај нив.
Сирија не е сама.. ако немат Руски носачи на авиони во средоземјето.. то не значит дека под вода е празно ;)
Да не прам муабет за планојте на Иран...
Овде е црвената линија, уште не разбирате?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
мене лично гајле ми е за Асад и Сирија - ако не е тој некој друг ќе биде ко него,ама овие Саудијците добро да си го добијат е многу добра работа и тежок удар за САД и Ал Каеда............ова ми личи на ценкање слично како кога Кенеди спречи нуклеарна војна и се погодија со Русија да не местат нуклеарки на Куба........дали со овој потег се остава на власт Асад и одолговлекува страданието на народот на Сирија уште долго време заради немилоста на неколкуте завојувани страни - останува да видиме

И мене не ми е гајле за Асад и за Сирија, ама проблемот и фактот што иритира при секоја ебена војна во светот е тоа што САД и Западот стално имаат замешано прсти и секогаш се обидуваат да се игра како што тие свират и да го добијат тоа што тие сакаат. Она што на многу луѓе им пречи вклучувајќи ги и народите на тие Западни сили е токму овој факт, што нивните држави секогаш се некаде воено замешани и ги трошат нивните пари од даноци за да водат војни и да убиваат невини луѓе во земји кои се оддалечени илјадници километри од нив и не се никаква закана по нивната држава. Со војната во Сирија работите одат во малку поразличен правец за разлика од пред воениот период во Ирак и Афганистан. Сега луѓето имаат поголем и послободен пристап до информации и интернет на секој чекор, не се лажат веќе на истите финти како што им ги режираа кога требаше да се нападнат Ирак и Афганистан во 2001 и 2003 година. Меѓутоа треба уште многу напори за владите на тие држави да почнат сериозно да ги сфаќаат своите граѓани и да се свртат кон нивно добро и да престанат да се обидуваат да изиграваат миротворци низ светот кога уствари не се. Западот изминативе 12 години е постојано во војни, се втурнува од една во друга војна а тоа не е добро. Ќе дојде ден кога веќе ќе немаат пари за да водат војни ниту пак нивните граѓани и војски нема да сакаат да војуваат низ светот и да гинат за интересите на некои други.
--- надополнето: 28 август 2013 во 03:13 ---
Саудиска Арабија е најголем сојузник на Америка од сите Арапски држави таму се наоѓа и најголемиот резервен космодром на НАСА.Зошто Русија би влегла во судир со Америка заради нив ? хмм... глупа новинарска шпекулација ;)

Заборави да кажеш дека Саудиска Арабија е исто така една од најголемите ( ако не и најголем ) извозници и финансиери на терористи и терористички организации и секако, нафта. Затоа се најдобар партнер на САД, исто лајно се и двете држави само што со различни методи го постигнуваат тоа што наумиле да го имаат.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Поголеми терористи од американците и евреите немало и нема ни да има. Користат некои гревови кои се колат меѓу себе за да стигнат до нивните замислени цели. Либија, Сирија а може наскоро и Египет. А најтрагично е тоа што може да им успее насекаде во светот па дури и кај нас. Добро што не сме им во интерес ние засега и се надевам дека така и ќе остане и во иднина.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
mislam ,deka intervencijata vo sirija, dokolku se sluci ,a najverojatno ke se sluci ,nema da pomine kako onaa vo libija,avganistan ,irak, sirija vo slucajot ne e sama, direktno ke ja pomaga - iran,hezbolah, a indirektno- rusija , najverojatno i kina
intervencijata ke pokaze dali usa ostanuva svetski policaec ili i zavrsil rokot na traenje, bidejki vo sekoj slucaj e imperija vo opaganje , ostanuva da vidime dali i dosol kraj kako imperija sega ili za 10-15 godini
--- надополнето: 28 август 2013 во 03:24 ---

kaj nas im bese najuspesno,seti se samo sto se sluci so jugoslavija
 
зборувам за македонија и за 2001 конфликтот што се случи.

Иначе америка е америка, судбината на светот е во нивни раце и можат да прават што ќе посакаат, си играат како со пиуни едноставно. Како со некои членки на нато така и со другите земји кои се на нивната листа за отстрел.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Значи викаш дека треба да се нападне Сирија воздушно, од истите тие (вахабистичките пиончиња на САД) кои предходно ја нападнаа копнено?
Знаеш како живеат луѓето во Либија денес?
Знам како живеат луѓето, ама подобро живеат сигурно од Сиријците.Сирија и Либија се две различни сценарија.Сирија ја надмина и Либија со бројот на паднати жртви и со уништена патничка, електрична, и водоводна инфраструктура, трите најосновни работи кои се потребни за да функционира една држава како држава.Либија и ден денес не е успеано да се разоружаат милициите кои функционираат благодарение на воениот арсенал на Гадафи кој се уште го има во огромни мери и не е запленет целосно од тамошната влада, впрочем затоа и Либија претставува сега најголемиот црн пазар за оружје на Блискиот Исток, но е намалена загубата на цивилни жртви, и не може да се споредува сигурно со онаа во Сирија.
Така да, ако гледаме загуба на цивилни жртви, инфраструктура и ред други работи можеме слободно да кажеме дека на Сирија досега никој не и е рамен и сето тоа зошто Русија и Кина не сакаат да попуштат од една страна, а од друга страна САД и НАТО сојузот во Советот за безбедност на ОН.А тоа е за мене чист садизам, си гледаат едноставно од страна крвопролевање и едната и другата страна и без гајле си ја тераат партијата карти на масата на Советот за безбедност при ОН. Мислам дај, ме боли мене уво за Америка и за тоа Русија колку била најмоќна на светот, имала на достапност најдобри авиони, противвоздушна одбрана и слично.И само да знаете, Русија му доставува на тамошниот режим оружје, уште долго пред да биде планирана било каква интервенција на Западот, и што доведе тоа? Ништо, пак си продолжи крвопролевањето.Да го задушеа бунтот барем ќе беше добро за цивилите, ама џабе е.Сега треба да и се пружа шанса на другата страна.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

Тролаш, нели?
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.978
Поени од реакции
11.150
Ако има воен напад. Највеќе ќе загуби народот на Сирија без разлика кој ќе излезе како победник, ако има победници во вакви тешки срања.
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Пред малку слушнав на euronews дека најрано до петок ќе има воена интервенција во Сирија, авионите на НАТО се стационирани во Кипар и Грција, и секој момент се чека наредба од Американците за да ce извршуваат воздушни напади...
Јас само би корегирал.

Во Кипар има Британска база и гарнизон кој служи повеќе како тампон зона помеѓу грчиот и турскиот кипар.

Таму британците располагаат САМО со Беспилотни летала, но ако се напаѓа ќе мора да биде од Инџирлик Турција а наредбата да помине преку Измир главен команден центар за регионот секако првен мамка ќе бидат дроновите за да се откријат поважните системи како примарна цел, и секундарна да погодат томахавките со помош на Ф-18 верзијата опремена за електронско војување, исто така близу Сирија(која нема подморници, но поседува противбродски П-15 кои се ефикасни(индија од 13 лансирани погоди 11 Бродови на пакистан и нормално ги уништу, исто и хезболах уништи Израелска корвета, познатата Елиат и тоа преполовувајќи ја, како друго противбродско оружје е Јакхонт(оникс) но не верувам да стигнат да ги употребат бидејќи има посебни подморници близу Сирија со посебни можности.

И секако околу 500 специјалци во Јордан кои чекаат наредби за заземање на 3 ракетни бази наводно со тивки хеликоптери, а принципот на тивок и наскоро бесшумен мотор е брановата природа на звукот, кога се синхронизирани два брана се појачуваат но кога имаат иста фрекфенција и амплитуда но се out of sync тогаш бранот се анихилира и тој е принципот.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
И секако околу 500 специјалци во Јордан кои чекаат наредби за заземање на 3 ракетни бази наводно со тивки хеликоптери, а принципот на тивок и наскоро бесшумен мотор е брановата природа на звукот, кога се синхронизирани два брана се појачуваат но кога имаат иста фрекфенција и амплитуда но се out of sync тогаш бранот се анихилира и тој е принципот.

Ќе почекаат малце повеќе
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
:facepalm:
Абе како што кажав погоре.. имаш видено круши како паѓет? Ко тој авионот турски (од нато)?
Е така и авиони, и ракети, и све живо и диво. А дроној ако имет, нив не им ги рушвет. Поштено ќе ги слетет кај нив.
Сирија не е сама.. ако немат Руски носачи на авиони во средоземјето.. то не значит дека под вода е празно ;)
Да не прам муабет за планојте на Иран...
Овде е црвената линија, уште не разбирате?
Сигурно исто како што паѓаја во Афганистан,Ирак,Либија.Не се глупирај со тој турски авион,и Србија обори Стелт па сега Србија има најјака против воздушна одбрана и затоа им направија штета од 100 милијарди долари што и ден денеска плаќаат ? Иран викаш.. нели Иран се дигаше едно време нешто го снема,не бе за Рамазан сега по џамии се немаат време да се бафтаат со политика и кој кого јава..
--- надополнето: 28 август 2013 во 12:01 ---
Јас како македонец не се радувам што ќе се срамни Сирија затоа што и од нив бевме признати со уставното име,знам тогаш Грција како контра им испрати една дипломатска протесна нота во Сирија,сега грците кузнајт колку ќе се радуваат што ќе се бомбардира Сирија..(n)

Да ве потсетам само : http://forum.kajgana.com/threads/Сирија-ја-призна-Македонија-под-уставното-име.44271/ (y)
па не се радувам ни јас,прочитај убаво на крајот од постот за кој ме имаш цитирано ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom