Сирија наводно
поседува оружје кое успешно може да уништи Томахавк проектил во лет. Договорот за испорака на вакви оружја е склучен пред неколку години со Русија, но колку од опремата е испорачана никој не знае. Исто така, Асад тврдеше дека Сирија од неодамна поседува модернизирана С-300 ПВО, нешто што Русија го негираше. Кој ја кажува вистината, ќе покаже само странска воена интервенција врз Сирија. Ако паѓаат авиони ко круши, тогаш Русите лажат.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Сепак, сигурно е дека Сирија поседува ПВО далеку понапредна од оние земји кои изминативе години беа жртви на Американците. За самите Американци тоа можеби и не е проблем, но и тоа како е проблем за сојузниците. Особено за Турција, како земја што се граничи со Сирија. Всушност Турците тоа и го почувствуваа. Но доколку дојде до жесток конфликт, тогаш многу ќе страдаат соседите на Сирија, имајќи предвид дека Сирија поседува хемиско оружје, кое е класифицирано како оружје за масовно уништување.