Конфликтот во Сирија

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
И јас мислам дека Русите требало да договорат некој поголем радиус каде што Израелците не би смееле да интервенираат
Американците гаѓаа база во Сирија каде на едниот крај беа Сиријците (метата), а на другиот Русите.
За секој напад (САД, Израел) однапред ги известуваат Русите, но овојпат известувањето било многу кратко пред нападот, плус работата со соборениот авион што е искористен како штит.

Израел со петни жили ја молеше Русија да не им испорачува С-300 на Сиријците неколку години (дури имаа и договор за испорака), но за да ги спречат овојпат ќе им требаат сериозни отстапки.
Со С-300 во рацете на Сиријците, стратегијата на Израелските напади драстично ќе се смени.
 
B

Bafra

Гостин
Американците гаѓаа база во Сирија каде на едниот крај беа Сиријците (метата), а на другиот Русите.
За секој напад (САД, Израел) однапред ги известуваат Русите, но овојпат известувањето било многу кратко пред нападот, плус работата со соборениот авион што е искористен како штит.

Израел со петни жили ја молеше Русија да не им испорачува С-300 на Сиријците неколку години (дури имаа и договор за испорака), но за да ги спречат овојпат ќе им требаат сериозни отстапки.
Со С-300 во рацете на Сиријците, стратегијата на Израелските напади драстично ќе се смени.
Да не знаеш на С.А и на Катар кога ќе им испорача. Или и тие треба да молат од петни жили :D
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Случајот "Иљушин" е повод,за менување на настаните во Сирија а причините се на сосема друго место.
Русија мораше да излезе од договорот со Израел за неиспорака на С-300 на Сирија. Кога Русија влегуваше во војн во Сирија во 2015 година најмалку и беше потребно сонфорнтација со Израел па зато и потпиша согодба со која им дозволи се тоа што го правеа Евреите досега.
Сега се создадоа услови на многукратно зајакнати позиции во Сирија,па така и оваа спогодба беше товар за Русија.
Мораше да се случи нешто за да се излезе од обврските на спогодбата.
Тоа нешто беше случајот Иљушин.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.940
Случајот "Иљушин" е повод,за менување на настаните во Сирија а причините се на сосема друго место.
Русија мораше да излезе од договорот со Израел за неиспорака на С-300 на Сирија. Кога Русија влегуваше во војн во Сирија во 2015 година најмалку и беше потребно сонфорнтација со Израел па зато и потпиша согодба со која им дозволи се тоа што го правеа Евреите досега.
Сега се создадоа услови на многукратно зајакнати позиции во Сирија,па така и оваа спогодба беше товар за Русија.
Мораше да се случи нешто за да се излезе од обврските на спогодбата.
Тоа нешто беше случајот Иљушин.
Демек Русите ги наместија Израелците да го наместат рускиот авион за да го уништат Сиријците, за они да можат да им достават с300?
really?
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Интересен настан фактите се следните:
Русија и Иран се сојузници, со општи интереси и разлики, но не се пријатели.
Си помагаат со Иран но Русија е против војната експанзија на Иран, зашто точно Иран е друга работа само ќе подскажам, САД е против Иран а еврогејовите кој досега беа заедно со САД по секоја војна тема, од некакви причини или директиви го поддржуваат Иран и Кина.
Русија дозволи на Израел да бомбардира иранска армија во Сирија, взаемен интерес, чесно кажано Иран и Хизбула помогнаа многу во почетокот против ИСИС, но е нормално кога ќе победат да се повлечат од Сирија, иначе ќе стане како САД во Европа и Јапонија, 70 години после победата над Хитлер заборават да си тргнат, и од помошник, пријател, ослободител, стануваш окупатор.
Израел до сега 100% процента го исполнуваше договорот со Русија, и дава список со цели, маршрути на полет, Русија не се мешаше, сириското ПВО нормално се бранеше од нападите, бутаа ракети колку можат, Русија гледаше.
Зашто изиграа така подло незнам, дали задно со Хиларистите и deap state сакаа да провоцираат Трета Светска Војна или нешто друго што се збори по форумите, ликвидација на Асад додека патувал некаде накај Латакија, не е важно.
Путин не сака по секоја цена ТСВ, ако може економски да се разрушат ЕУ и САД, колку може одложува, но и не треба да е на колена, затоа беше принуден да даде С300 на Сирија, иако немаше таква намера и интерес, целта му беше Иран да не пушта корени во Сирија и Израел со воспитна цел да ги бомбардира. Симбиоза меѓу двајца непријатели Русија и Израел.
Сега баш ми е интересно, во вистински војни услови да видиме како работи С300, дали Израел ќе смее да напаѓа, ако напаѓа С300 колку % ќе собори.
По мое мислење Израел ќе напаѓа со авиони од далеку, дури и само од своја територија или само со ракети земја-земја, евентуално со овие ниско калибарни и нисколетачки што С300 не ги фаќа, да проба да ја уништи сириската С300, нормално Асад има и панцир за такви цели, но тоа не е толку ефикасно колку С300 што соборува секакви авиони и балистички ракети.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Интересен настан фактите се следните:
Русија и Иран се сојузници, со општи интереси и разлики, но не се пријатели.

...
Сојузот помеѓу Русија и Иран не е од заеднички карактер, туку од анти-заеднички карактер, исто како и сојузот помеѓу Руската Империја и Франција пред и за време на Првата Светска Војна - Французите се декларираат себеси како републиканци кои се залагаат за слобода, братство и еднаквост, додека Русите им остануваат лојални на Бог, царот и татковината, но бидејќи имаат заеднички непријател - Германската Империја, формираат невообичаено сојузништво. А тоа што и Француската Република имала свои колонии пред, за време и после Првата Светска Војна, и имала империјалистички карактеристики, не се важи, битно биле републиканци.

Истото важи и денес за денешната Руска Федерација и за денешната Исламска Република Иран, немаат заеднички интереси, но имаат заеднички непријател - американското и израелското влијание на блискиот исток - па затоа се` во невообичаено сојузништво.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.322
Поени од реакции
22.611
Демек Русите ги наместија Израелците да го наместат рускиот авион за да го уништат Сиријците, за они да можат да им достават с300?
really?

cekaj stvano ova go zakluci ili glup si? slickata se iskoristi za so cist obraz da se izleze od dogovor so israel i da se snabdi sojuznik so oruzje. daleku od toa deka bilo planirano ili bi bilo prfatlivo nesto takvo ali iskoristena e losa slucka za da se smeni nesto na pozitivno od nivna gledna tocka.

ke bide interesno da vidime bas do kade se rusite so nivnata pvo protiv realno najdobro treniranite piloti (evreite zaedno so amerite) vo svetot.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.940
cekaj stvano ova go zakluci ili glup si? slickata se iskoristi za so cist obraz da se izleze od dogovor so israel i da se snabdi sojuznik so oruzje. daleku od toa deka bilo planirano ili bi bilo prfatlivo nesto takvo ali iskoristena e losa slucka za da se smeni nesto na pozitivno od nivna gledna tocka.

ke bide interesno da vidime bas do kade se rusite so nivnata pvo protiv realno najdobro treniranite piloti (evreite zaedno so amerite) vo svetot.
Во ова отприлика и јас верувам, што не имплицираше соговорникот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.940
ДО РУСИЈА СО ЉУБОВ
https://off.net.mk/vesti/mislenja/do-rusija-so-ljubov

Се појави зрак надеж: некој го ограничи Израел. За прав пат по долги години друга држава јасно му порача на Израел дека има ограничување на неговата моќ, дека не е во ред да прави што сака, дека не е сам во играта, дека Америка не може секогаш да го покрива и дека има граница на штетата што може да ја направи.

На Израел му требаше некој да му ги постави овие ограничувања како што му треба кислород. Ситуацијата во изминатите години дозволи тој да прави што сака. Да патролира над небото на Либан како да е негово; да бомбардира од воздушниот простор на Сирија како е воздушен простор на Газа; повремено да ја уништува Газа, да ја стави под бескрајна опсада и да продолжи, секако, со окупација на Западниот брег. Одеднаш некој стана и кажа: Престани. Барем во Сирија, повеќе нема да може. Фала ти мајка Русија што на дете кое долго време не било искарано му покажа до каде може да оди.

Израелската зашеметеност од рускиот одговор и парализата што ги зафати само покажа колку многу на Израел му требал одговорен возрасен за да го заузда. Зарем некој се обидува да ја спречи слободата на движење на Израел во друга држава? Дали некој го спречува да лета на небо кое не е негово? Дали некој го спречува да бомбардира колку што ќе му се посака? Со децении Израел се нема соочено со таков чуден феномен. Весникот Израел Хајом објави, секако, дека анти-семитизмот расте во Русија. Израел се подготвува да игра на карта на жртва, но неговата ароганција одеднаш ја снема.

Во април Блумберг пренесе изјава на пензионираниот шеф на израелското воено разузнавање, Амос Јадлин, и други офицери, дека ако Русија и даде С-300 противвоздушни ракети на Сирија, израелската авијација ќе ги бомбардира истите. Сега заканите замолкнаа, барем во моментов.

На секоја држава и е дозволено да има оружје за одбрана од воени бомбардери, вклучувајќи ја и Сирија, и на ниту една држава не и е дозволено тоа да го спречи со сила. Оваа базична вистина веќе им звучи бизарно на израелските уши. Замислата дека суверенитетот на останатите држави е безначаен, дека тој секогаш може да биде нарушен со сила, и дека само израелскиот суверенитет е свет и супериорен; дека Израел може да се меша во работите на регионот по сопствена потреба - вклучувајќи и воена интервенција чиј обем во војната во Сирија допрва треба да биде разјаснет - без да ја плати цената за тоа, во име на реална или измислена безбедност, која оправдува сè и сешто - сето ова одеднаш наиде на руско „њет“. Ох, колку ни беше потребен тој њет, за Израел да се врати на својата реална големина.

Дојде со исклучителен тајминг. Токму кога претседателот во Белата куќа кој својата политика за Блискиот Исток ја води по инструкции на неговите спонзори од Лас Вегас и менторот од Балфур стрит; кога самиот Израел се чувствува како да е на седмо небо, и со американска амбасада во Ерусалим и без УНРВА, наскоро и без Палестинци - дојде црвено светло од Москва. Можеби ќе ја избалансира, барем малку, опиеноста со моќ која го преплави Израел во изминативе години, можеби тој ќе почне да се опаметува и да се поправи.

Русија, без да сака, може да излезе дека е подобра за Израел отколку целата излудена, корумпирана поддршка што ја добива од сегашната американска администрација, исто како и од нејзините претходници.

Русија му покажа на светот начин на кој Израел треба да се третира, користејќи го единствениот јазик што Израел го разбира. Сите оние кои навистина се загрижени за доброто на Израел, и за правда, нека научат како треба: само со сила. Само кога Израел ќе биде казнет или присилен да ја плати цената, тој го прави она што е правилно. Авијацијата сега ќе размисли два пати или повеќе пати пред следното бомбардирање во Сирија, чија важност, ако стварно ја има, не е позната.

Доколку рускиот „њет“ го опфатеше и небото над Газа, ќе се избегнеше многу непотребна смрт и уништување. Доколку меѓународните сили се спротивставеа на израелската окупација, таа ќе завршеше пред многу години. Наместо тоа го имаме Доналд Трамп во Вашингтон и патетичните осуди од Европската унија за празнењето на палестинското село Кан ал Ахмар.

Гидеон Леви
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Путин не сака по секоја цена ТСВ, ако може економски да се разрушат ЕУ и САД, колку може одложува, но и не треба да е на колена, затоа беше принуден да даде С300 на Сирија, иако немаше таква намера и интерес, целта му беше Иран да не пушта корени во Сирија и Израел со воспитна цел да ги бомбардира.
После мал милион провокации/поводи, очигледно е дека несака 3 СВ, а постепено разширување на влијанието.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom