Конфликтот во Сирија

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Мене лично ме е еден од ретките добри потези на Трамп, конечно вистинско контрење на воено-индустрискиот комплекс и воено настроените републиканци (и демократи), плус и најавеното повелкување од Авганистан.

Сирија од старт беше лоша авантура на америчката политика без јасна стратегија и без вистинско залагање, не знаеа кој од сите бунтовнички сили што ги помагаа ќе им бидат корисни, имаа лошо искуство со Ирак и Либија во тој поглед, башка што Асад, Иран и Русија се покажаа и ептен жилави противници.

Е сега Биби ќе се нервира малце ама тоа е.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Мене лично ме е еден од ретките добри потези на Трамп, конечно вистинско контрење на воено-индустрискиот комплекс и воено настроените републиканци (и демократи), плус и најавеното повелкување од Авганистан.

Сирија од старт беше лоша авантура на америчката политика без јасна стратегија и без вистинско залагање, не знаеа кој од сите бунтовнички сили што ги помагаа ќе им бидат корисни, имаа лошо искуство со Ирак и Либија во тој поглед, башка што Асад, Иран и Русија се покажаа и ептен жилави противници.

Е сега Биби ќе се нервира малце ама тоа е.
Мислам дека за инает го прави ова со Сирија и Авганистан, затоа што Сенатот му ја укина поддршката за војната во Јемен.

Таков е Трамп...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Мислам дека за инает го прави ова со Сирија и Авганистан, затоа што Сенатот му ја укина поддршката за војната во Јемен.

Таков е Трамп...
Може, непредвилив е он, овие потези ги влече заради зделките со оружје со Саудијците и Турција, утре некој друг ќе по даде подобра понуда и којзнае што ќе видиме.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мене лично ме е еден од ретките добри потези на Трамп, конечно вистинско контрење на воено-индустрискиот комплекс и воено настроените републиканци (и демократи), плус и најавеното повелкување од Авганистан.

Сирија од старт беше лоша авантура на америчката политика без јасна стратегија и без вистинско залагање, не знаеа кој од сите бунтовнички сили што ги помагаа ќе им бидат корисни, имаа лошо искуство со Ирак и Либија во тој поглед, башка што Асад, Иран и Русија се покажаа и ептен жилави противници.

Е сега Биби ќе се нервира малце ама тоа е.
Трамп не е дел од тоа воено-производствено и нафтено лоби кое е генераторот на идеи за империјалистички походи. Оставкава на министеров за одбрана јас ја разбирам како таква. Тие не сакаат да ја напуштат Сирија.
Трамп залута у целава приказна.
Во Сирија има нафта.
На Голан има нафта, која на големо ја цицаат републикански компании.
Дали може да се каже дека нешто е завршено?
Со јенкиве не си на чисто. После некој период од 6 месеци - година дена, ќе сфатиме што била играва.

За „смирувањето“ со лудакот Ким уште не е ништо завршено. Вчера истиот имаше дадено изјава дека „САД се светска нуклеарна закана и закана за нив и дека ќе почне процес на нивна де-нуклеаризација тогаш кога и САД ќе почне со таква“ - со други зборови на Св. Никад.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.646
Редно време беше, се знаеше одамна дека американциве го изгубија компасот во Сирија... нека живеат сега луѓето каков-таков живот под контрола на Асад, сигурно е 100 пати боље одколку да им фрчат бомби по цела дена над глава.
Незнам какви ќе им бидат идните планови на САД во врска со Сирија, али сега за сега вака изгледаат дека ја изгубија битката. За тоа дека ќе се појави нов ИСИС таму не верувам, и да се појави евентуално одма ќе бидат збришани. Ова повлекување на Американците, е голем + за Русите, покажаа тактична спремност и смиреност за секој понатамошен чекор што го правеа. И сега можеме слободно (ако веќе предходно имаше некакви дилеми) да кажеме дека се вратија на картата на светски сили, она што им беше изгубено со падот на СССР и Јелцин пијаницата како претседател.

Друго... мора да сфатите дека Трамп е пред се бизнисмен и јавна личност, селебрити, тој посекако во неговиот мандат нема да почнува нови војни освен ако не е приморан на тоа (пример Ким да почне да коли јавно луѓе, лупетам де). Далеку е Трамп од претседател како Обама, Буш или Клинтон... овие тројца можеа да затворат очи, да играат еци-пеци-пец со картата на светот, и да одберат на тепка кај ќе прават нова војна. Трамп стана претседател не од што сакаше да биде, туку да се искурчи пред цел свет дека му се може ако посака и тоа да биде :icon_lol:

А мејнстрим медиумите стандардно добиваат мозочни удари од овој последен потег на Трамп... СНН пред година првпат го пофали Трамп кога реши да нападне некои напуштени бараки во Сирија... тоа кажува какви крлежи се мејнстрим медиумите, ебам им мајката нивна.
:pov:
 
B

Bafra

Гостин
Во 2017 исто најавија повлекување од Сирија, најавија пвлекување и од Авганистан и од Ирак, исто и од Косово се повлечени. (y)

Па уште дека изгубиле, не ги оствариле своите цели :icon_lol: . Браво за Сирија, сега ќе биде слободна земја, во која ќе владее ред и поредок, исто како во Либија, Ирак, Авганистан итн итн :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Во 2017 исто најавија повлекување од Сирија, најавија пвлекување и од Авганистан и од Ирак, исто и од Косово се повлечени. (y)

Па уште дека изгубиле, не ги оствариле своите цели :icon_lol: . Браво за Сирија, сега ќе биде слободна земја, во која ќе владее ред и поредок, исто како во Либија, Ирак, Авганистан итн итн :D
У секоја држава може да владее ред, ако има цврста власт и без да се меша странски фактор во тој мир. Мислам дека Асад е способен да ја врати контролата, Сирија има лидер за разлика од другите што ги наброја чии лидери беа убиени.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
Косово и Северна малку ли ги има?
Босна....па и Херцеговина, Санџак...Прешево, Медвеѓа...

даеш стално ги победуваат, па од негде се враќаат, дали тоа до воздухот е, до водата? Или близината со Саудиска Арабија...
Samiot islam takvi gi pravi. Povtorno jas ke objasnam so primer od moi prijatel....albanec. ima 5 deca, vozrasni. Od site 5....najintelegentnata kerka ja prati na studii vo arabskite zemji....i koga se vrati, se vrati so šamija na glavata...doma 5 pati na den praktikuva molitvi i uslov za maženje i e " izbraniot" da e prav musliman i 5 pati na den da se klanja.
A zboruva 8 jazici....gi vodi delovnite knigi od tatko e... i živee vo Švajcarija a vaka razmisluva.

Što ostanuva da pravime muabet za nekoi nepismeni od nekoja vukojebina dali vo Kosovo....Egipet....Saud. Arabija....
Im ja polnat glavata so budalaštini i stavaat čep odozgora i toa im ostanuva za navek vo niv
 
B

Bafra

Гостин
У секоја држава може да владее ред, ако има цврста власт и без да се меша странски фактор во тој мир. Мислам дека Асад е способен да ја врати контролата, Сирија има лидер за разлика од другите што ги наброја чии лидери беа убиени.
Така е, може да има, ама дали ќе има и дали ќе ја врати контролата, ќе видиме.
Баш да видиме дали ќе спакуваат америте оружјето и ќе остават Катарскиот гас само со танкери да се носи.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Трамп го прави тоа што го бараат граѓаните од него. Мнозинството граѓани не гледаат зошто да има и таму присуство на американски трупи и реално ова одлично ќе му пројде помеѓу електоратот.

На крај краева тоа се некои две илјади војници кои се таму повеќе како логистика на курдите него ли како нешто друго. Присуството на авијацијата во Инчирлик и шестата флота секако ќе остане и со тоа можноста за дејствување во секое време.

На крај краева и стратешки одлуката е ОК. Асад нема да падне, Русите нема да си одат, Исис е разбиена целосно. Нема веќе поента што би правеле веќе таму. Нема потреба од уште еден Авганистан.

Само курдите ќе останат ебани во целава ситуација, оти изгледа ќе ги пуштат низ вода.
 
M

Macedon1um

Гостин
И курдите може да се спасат ако бидат паметни а тоа е договор со Асад односно Сиријската влада, иако тука и Русија се прашува кој знае што договор имаат со Турција
 
B

Bafra

Гостин
И ова е битен момент што треба да се земе во обзир:
The American decision to withdraw from Syria has abruptly scrambled the geopolitics of the Middle East, clearing the way for Iran to expand its influence across the region, leaving Israel virtually alone to stop it, and raising the prospect that thousands of Islamic State prisoners could be set free. :sneaky:
https://www.nytimes.com/2018/12/20/world/middleeast/syria-us-withdrawal-iran.html
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Но, се е договорено. Америка да се повлече, Америка да се тргне од светската сцена, да се тргне од позицијата на светски полицаец и тн.
договорено било Америка да се тргне од светската сцена
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Трамп го прави тоа што го бараат граѓаните од него. Мнозинството граѓани не гледаат зошто да има и таму присуство на американски трупи и реално ова одлично ќе му пројде помеѓу електоратот.

На крај краева тоа се некои две илјади војници кои се таму повеќе како логистика на курдите него ли како нешто друго. Присуството на авијацијата во Инчирлик и шестата флота секако ќе остане и со тоа можноста за дејствување во секое време.

На крај краева и стратешки одлуката е ОК. Асад нема да падне, Русите нема да си одат, Исис е разбиена целосно. Нема веќе поента што би правеле веќе таму. Нема потреба од уште еден Авганистан.

Само курдите ќе останат ебани во целава ситуација, оти изгледа ќе ги пуштат низ вода.
Асад нема контрола кај Курдите. Во северен Ирак не е состојбата како од времето на Садам, кој имаше билатерален договор со Турција да при акции врз Работничката партија на Курдистан му е дозволен влез со армијата на турска територија и обратно, кога практично се вршеше геноцид врз Курдите. Сега северен Ирак е практично автономен.
Со некои пријатели Сиријци сум разговарал на темава. На нив им е преку стојко дојдено од "сочувство" со палестинците, за кои цел арапски свет паламуди од кога знам за себе. Тие викаат, ако може за некои 5-6 милиони палестинци да се прави толкава галама, зошто 20 милиони Курди да не смеат да имаат држава. Сепак се работи за народи кои по пиздарија на француската управа и нејзинито напуштање се нашле по случајност во иста држава.
Многу луѓе си мислат дека туку-така ќе се заврши работава со Сирија. Во чворот се и Иран и СА, но и Турција и СА, кои си имаат многу работи недокажано и нормално Израел.
Америка е свесна дека нема доволен потенцијал во герилската курдска војска за да се справува со тешка артилерија и авијација на Турција, па ќе мора да смислат други решенија.
Целиов потег е плод на внатрешни несогласувања на Трамп со администрацијата. Баш прееска на некоја од нашиве телевизии имаше добар коментар за министеров, дека е всушност генерал кој го стекнал статусот со крвави акции во Ирак и Авганистан и дека е мераклија на воени дејствија, за разлика од Трамп кој има своја политичка агенда и проблеми што другите претседатели пред него ги немаа (или не во волкав обем) - бегалците од централна Америка.
Гледајте малку и во пропагандата. Во време на Буш беа актуелни таканаречени терористички напади и гласачкото "овчо" тело во САД го гледа решението на овие проблеми со рокање ракети по арапи, муџи исл. Пропагандата на Трамп е дека доселениците им ја крадат работата и дека ради нив се осиромашуе Америка. Логично е кој му е приоритетот.[DOUBLEPOST=1545419626][/DOUBLEPOST]
Samiot islam takvi gi pravi. Povtorno jas ke objasnam so primer od moi prijatel....albanec. ima 5 deca, vozrasni. Od site 5....najintelegentnata kerka ja prati na studii vo arabskite zemji....i koga se vrati, se vrati so šamija na glavata...doma 5 pati na den praktikuva molitvi i uslov za maženje i e " izbraniot" da e prav musliman i 5 pati na den da se klanja.
A zboruva 8 jazici....gi vodi delovnite knigi od tatko e... i živee vo Švajcarija a vaka razmisluva.

Što ostanuva da pravime muabet za nekoi nepismeni od nekoja vukojebina dali vo Kosovo....Egipet....Saud. Arabija....
Im ja polnat glavata so budalaštini i stavaat čep odozgora i toa im ostanuva za navek vo niv
Во исламот има една многу глупа идеја, а тоа е дека и на Марс ако се 'рчнат муслиман со било кој друг човек, па макар и не е во право, муслиманите застануваат позади муслиманот. Не знаеш колку се солидарни со Босна, до ниво на одвратност. Земаат сиромашни жени од Босна и се женат со нив. Мислам на луѓе од Катар, Емиратите, СА, Оман, Бахреин. Имаат повеќе пари и не им е проблем да и напраат куќа у некое босанско село и да ја напумпаат. Со одвратнсот зборат за Србите, а со голема почит за Југославија, без да знаат за кои луѓе точно се работи.
Моето искуство со арапските земји кажуе дека сме вода и масло. Нема никогаш со тие луѓе да живееме. Додека постои светов ќе бидеме во конфликт. Повеќе пати имам пишувано дека генерално не заземам страна кон некоја голема светска сила и дека го презирам манипулаторскиот однос на Јенките или "ѓаволот" како што ги викаат арапите, меѓутоа, да не ги праат тие валкани игри, во копродукција со Британците, кои цел залив го држат за јајца и ако постои една голема обединета муслиманска земја, ќе биде "тешко нас". Штета што немаме никакви разузнавачки служби, полиција, војска и влада воопшто, за да ги запре и овие "пипци" што ги пуштаат овде (со регрутација, градење џамии, медреси и срања).
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
Доста добра анализа...која вероватно е преведена од некој реномиран портал или блог...


Вистинската причина зошто Трамп се повлече од Сирија
СВЕТ22.12.2018 / 17:32
0




Минатиот петок американскиот претседател Доналд Трамп имаше долг телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. По разговорот, Трамп реши да ги отфрли ставовите на неговите советници и нареди повлекување на американските војници од Сирија, како и крај на бомбардирањето на оваа земја.
Ова е првиот случај Трамп да заземе решителен став против групата постојани неоконзервативни и интервенционистички советници, таканеречните Борги, кои се распоредени во Белата куќа, во армијата и во Конгресот, и оттаму ја диктираат американската надворешна политика.

Трамп донесе одлука, не попушти под притисокот, и со тоа конечно стана вистински претседател.

Неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон, секретарот за одбрана Џејмс „Лудото Куче“ Метис и државниот секретар Мајк Помпео беа против ваквата идеја. Специјалниот пратеник за Сирија, пореметениот Џејмс Џефри и специјалниот пратеник во глобалната коалиција за борба против ИСИС Брет Мекгурк се најдоа затечени. Нивната цел беше САД да имаат постојано воено присуство во курдската парадржавичка на северот на Сирија.

Овие луѓе се обидоа да го предомислат Трамп, но нивниот отпор сега престана.

Секретарот за одбрана Џејмс Метис, државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Џон Болтон се сретнаа во понеделникот, кога Трамп најави дека САД ќе се повлечат од Сирија. Повеќе други функционери се спротиставуваа на брзото повлекување на САД од регионот, но до вторникот вечер се откажаа од идејата да го предомислуваат Трамп. Истиот ден американските претставници почнаа да ги информираат сојузничките земји за одлуката на Трамп. Отпорот од Секретаријот за одбрана, од Стејт Департментот и од Советот за национална безбедност престана во вторникот, ни изјави регионален експерт за безбедност кој се консултирa со американската администрација.

Неоконзервативниот проект за формирање на курдска парадржава во североисточна Сирија беше осуден на пропаст од самиот почеток. Американската поддршка за формирање на курдска државичка во Сирија стана најсериозниот безбедносен проблем за Турција. Колку и Турција да се обидува да воспостави безбедна зона на границата, нејзините напори ќе бидат попуст дококлу САД продолжат со своето воено присуство во оваа област и со снабдувањето и вооружувањето на курдските „граничари“, кои потоа ќе можат да се уфрлаат во ранливата југоисточна Турција. Се додека САД не се откажат од овој проект, Турција ќе продолжи да врши притисок против неговото реализирање – и тоа со сила ако мора.

„Турскиот народ ја поддржува борбата против курдските сили и нивните американски сојузници, и е подготвен да плати цена и да оди до крај. Водачите на курската група ЈПК се несериозни во нивните барања и ја преценуваат нивната политичка положба. САД не може да ги има и Турција и курдската парадржава како свои сојузници. САД мора да одберат“.

Трамп никогаш не сакаше овој проект да се реализира. Од самиот почеток тој сакаше да прогласи победа против ИСИС и да го напушти регионот. Но, „Боргите“ се обидоа да го спречат во ова.

Сепак, САД имаат поголеми геополитички проблеми во регионот од оовј. Трамп знае дека „американскиот миг“, периодот по Студената војна и падот на Советскиот Сојуз во кој САД можеа еднострано да му диктираат на светот како единствената суперсила, веќе е поминат. Русија се враќа, а Кина е во подем. Трамп се обидува да се прилагоди на период во кој силата на САД се намалува поради глобализацијата која и дозволи на Кина да се крене преку ноќ. Трамп се надева дека ќе може да го подели светот на две сфери на влијание. Тие ќе бидат одделни една од друга, политички, економски, технолошки и воено.

евероистокот на Сирија е спореден фронт во оваа нова голема игра, и за него не вреди да се вложува прекумерен ангажман. Далеку поголемата Турција, која преку НАТО е сојузник на САД повеќе од 70 години, е далеку поважна од курдската Сирија. Ако Трамп не стори нешто да го спречи овој неоконзервативен проект, и не ги повлече американските сили од Сирија, ризикува да ја загуби Турција.

„Ако го погледнеме светот од гледна точка на Ердоган, за него е многу привлечна идејата да се повлече од НАТО и да се приклучи на нов сојуз со Русија, Кина и Иран. Доколку САД не ја сменат својата политика и ако не престанат да се глупираат со Курите, Турција ќе продолжи да се оддалечува од ова старо сојузништво. Турската армија досега спречуваше повлекување од НАТО, но дури и најголемтие противници на Ердоган во офицерскиот кадар сега се на негова страна“.

Доколку САД и дадат вистинска понуда на Турција и се прилагодат на својата нова положба во светот, би можеле да ја убедат Турција да се врати во таборот на НАТО. Дали Белата куќа на Трамп може да се спротистави на про-израелските и про-курдските коментатори и да се фокусира на реал-политиката?

Ако не, тогаш вистинското прашање кое ќе мора наскоро да си го поставиме ќе биде биде „како ја загубивме Турција?“

Трамп реши да ја неутрализа опасноста Турција да го напушти НАТО и подлабоко да се поврзе со Русија, Кина и Иран. Ова е поважно од глупирањето во маргинални блискоисточни прашања. Трамп ја направи вистинската одлука.

Курдската државичка исто така доведе до конфликт меѓу Европската команда на САД (ЕУКОМ) и Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Турција и Израел се под ЕУКОМ, а Блискиот Исток и Западна Азија се под контрола на ЦЕНТКОМ. Во текот на 2018 година, ЕУКОМ се погласно протестираше против плановите на ЦЕНТКОМ во Сирија.


„Генералот Куртис Скапароти, командант на ЕУКОМ и врховен командант на САД за Европа, се сретна со секретарот Метис за да изрази загриженост за тензиите во американско-турските односи, а слична загриженост изрази и на средби со генералот Џозеф Вотел, кој е командант на ЦЕНТКОМ“.

Во ЕУКОМ беа загрижени дека разочараната Турција навистина ќе реши да се приближи до Русија и, конечно, да го напушти НАТО. По најновиот развој на настаните, ова е помалку веројатно дека ќе се случи (од 1991 година ЦЕНТКОМ има голема и важна улога во американската надворешна политика, и секретарот Метис е човек на ЦЕНТКОМ).

Но, надежите дека Турција ќе ги прекрати своите односи со Русија и со Иран исто така се нереали. Турција е зависна од руски и ирански гас, како и од пристап до нивните пазари. По неуспешниот државен удар против него, Ердоган изјави дека веќе не може да им верува на Американците. Дополнително, тој има повеќе флексибилност и влијание доколку варира меѓу двата блока, и ги натера и едниот и другиот блок да се борат за неговата наклонетост. Ердоган ќе продолжи да осцилира и да бара да добие максимално добри услови од двете страни.

Како што вели Крег Мареј, неоконзервативниот и про-израелски блок во американската надворешна политика се обидува да постигне поделби меѓу арапските народи и дестабилизација на Блискиот Исток, надевајќи се дека така Израел ќе биде најбезбеден, а западните компании ќе имаат најлесен пристап до нафтата и гасот во овој регион.
Неоконзервативците и интервенционистите ја припуштија својата шанса кога се обидоа да го искористат привременото присуство на САД во Сирија за да го убедат Трамп дека е време за конфликт со Иран. Џејмс Џефри и неговиот помошник Џоел Рејбурн велеа дека САД не можат да се повлечат од Сирија се додека од таму не се повлече и последниот ирански војник. Луѓето околу Трамп, како Болтон, Рејбурн и Џефри само си ја отежнуваат положбата кога поставуваат невозможни услови за повлекување од Сирија, со што практично се залагаат за неограничено воено присуство на САД во оваа земја.

Но, иранското воено присуство во Сирија веќе е прилично мало. „Експертот за Иран Џон Ален Геј вели дека потегот на Трамп да се повлече од Сирија го потврдува тоа што веќе подолго време беше јасно и општо позанто, дека присуството во оваа земја се претвора во интервенционизам и во подготовка за напад врз Иран. Не само што мисијата непотребно се одолговлекува, туку и се злоупторебува од по-агресивните советници во адинистрацијата кои сакаат да се пресметаат со Иран. А сепак, маткање на неколку илјади американски војници распоредени меѓу турската армија од една страна, а Иранците, Русите и Сиријците од друга, не прави ништо за да се намали регионалното влијание на Иран, и само ги изложува на непотребни ризици“.

Американскиот Стејт Департмент веќе ги повлекува своите луѓе од Сириај. Меѓу 4.000 и 5.000 американски воени советници сега имаат рок од 60 до 100 дена (30 дена спроед некои извори) да се спакуваат и да си заминат.
Американците ќе се координираат со Русија за примопредавањето на регионот. Руски советници ќе ги заменат американските Зелени беретки кои сега командуваат со курдски и арапски сили во борбата против ИСИС. Русија ќе се обиде да ја разубеди Турција да не го напаѓа истокот на Сирија и ќе вети дека ќе ги разоружа курдските сили или ќе ги интегрира во сириската армија. Руското воено воздухопловство ќе го замени американското, кое моментално ги бомбардира околу позициите на ИСИС, кои имаат 2.000 исламисти по должината на реката Еуфрат.
Курдите во Сирија ќе мора да се помират со властите во Дамаск. Немаат каде да бегаат. Нивниот сон за автономија во Рохава ќе остане токму тоа – сон. Сирија ќе преживее само како централизирана држава. Таа никогаш нема да стане федерација. Локалните арапски племиња на североистокот веројатно ќе се обидат да му се одмаздат на бунтовното курдско раководство кое под американски притисок се обиде да ги мобилизира нивните синови за борба против ИСИС. Раководството на ЈПК веројатно ќе побегне во северен Иран и ќе се скрие кај нивните соoбраќа во планината Кандил.

Сириската армија планира следната пролет да ја отстрани Ал каеда од областа Идлиб, но сега ќе мора да пренасочи дел од своите сили кон североистокот. Изолирањето на ИСИС долж реката Еуфрат, на границата со Ирак, и конечно нејзино елиминирање ќе стане нов приоритет. Уште една важна задача ќе биде да ги врати назад наоѓалиштата на нафта и гас.

Многу сега зависи од тоа колку умешно Русија и Иран ќе се постават кон Турција. Со повлекувањето на САД, и со намалувањето на опасноста од создавање на курдска држава во Сирија, многумина се надеваат дека Русија и Иран ќе успеат да го убедат Ердоган да се откаже од планот за инвазија врз Сирија.

Освежувачки е да се види дека Трамп успеа да се ослободи од влијанието на „Боргите“. Со повлекувањето од Сирија тој исполни и едно од неговите предизборни ветувања.

Гласачите кои го поддржаа Трамп ќе го поздрават овој потег. Да се надеваме дека тој ќе успее дополнително да го намали и влијанието на Саудиска Арабија и Израел врз американската политика.

За време на неговата кампања, Трамп се залагаше за подобрување на односите со Русија. Но, „Боргите“ го притиснаа и ја насочија неговата надворешна политика во спротивната насока. Со повлекувањето на САД од Сирија, има едно прашање помалку каде САД и Русија се на спротивните страни. Дали Трамп ќе успее да ја искористи оваа ново-откриена храброст и конечно да почне да работи на подобри односи со Русија?

Ова звучи малку веројатно. Но, одлуката во петокот беше навистина големо изненадување. Да видиме дали ќе следуваат и други изненадувања.

https://republika.mk/vesti/svet/vistinskata-prichina-zoshto-tramp-se-povleche-od-sirija/[DOUBLEPOST=1545500163][/DOUBLEPOST]апдејт...,,едниот,,од нив денес поднесол оставка

Nova ostavka u Beloj kući zbog Sirije
Vašington -- Izaslanik predsednika SAD Donalda Trampa za borbu protiv ID Bret Mekgurk podneo je ostavku zbog neslaganja s odlukom o povlačenju iz Sirije, prenosi RT.

IZVOR: B92, TANJUG SUBOTA, 22.12.2018. | 17:42
Podeli

Foto: Gettyimages
On je Trampovu odluku o povlačenju iz Sirije nazvao "nesmotrenom".

CBS javlja Navodi se da je ostavka Mekgurka usledila kao rezultat "snažnog neslaganja" sa predsednikom SAD Donaldom Trampom u vezi sa njegovom odlukom da povuče američke trupe iz Sirije.

Ostavka Mekgurka je stigla dan nakon što je Trampov ministar odbrane Džim Matis odlučio da napusti funkciju iz istog razloga.

Rojters navodi, pozivajući se na neimenovani izvor, da ostavka Mekgurka stupa na snagu 31. decembra, što je ovoj agenciji potvrđeno i iz Stejt departmenta.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom