Конфликтот во Сирија

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Колку е само ова местена работа,од месечината се гледа.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
Според анонимни дипломатски извори при евентуален напад во Сирија први воздушни напади ќе има од страна на француски и турски воени авиони,заначи по се изгледа Сирија ќе се нападне од Франција и Турција,па потоа на акцијата ќе се приклучат главните играчи САД и Велика Британија..
викаш Русија го предава и ова стратешко место.........
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
99% Сирија ќе се бомбардира од НАТО, деновите на Асад се преброени..
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.179
Што се дешава со овие?! Не се точни...
Секој ден само се убиваат, се рануваат, се бомбардираат... чудни луѓе, ко да немаат попаметна работа :D
Неможев а да не се потсетам на сцената од еден филм и колку тоа познато ми има зазвучено.
 
M

Muranyi

Гостин
99% Сирија ќе се бомбардира од НАТО, деновите на Асад се преброени..
Не можеш со сигурност да тврдиш дека Сирија ќе биде бомбардирана,дури сите стручњаци и аналитичари од оваа област се согласни дека понеизвесна ситуација досега и немало.Но,главното прашање е,доколку се случи САД да реши воено да интервенира со своите сојузници во Сирија преку НАТО,каков ќе биде тој напад.Дали ќе се оди на ограничено ракетирање на позициите на САА или пак,што е многу тешко остварливо според многумина,САД ќе испрати и пешадија и повторно ќе заглават во нов Афганистан(Ирак).Секако дека од голема важност е дали и како ќе реагира и Русија и Кина чии интереси ќе бидат директно загрозени со вмешувањето на НАТО.Истотака,не смеат да се занемарат ниту Хезболах и Иран кои секако ќе се вмешаат во таква новонастаната ситуација.

Многу се големи влоговите,интересите,ризиците,губитоците и добивките,за сите страни кои во Сирија ги има многу(не е само обична борба на Западот против Истокот),за да може тукутака да се заклучи дека Сирија ќе биде бомбардирана.Башка,ако ги читаше интервјуто на Обама за актуелните случувања во Сирија и Египет,можеш да заклучиш дека во САД постојат две струи-една за и една против воена интервенција и дека Обама беше крајно резервиран во однос на тоа прашање.И друга,многу важна во случајов работа,е тоа што не постои скоро никаква подршка меѓу граѓаните на САД за воено вмешување на својата земја во конфликтот,дури и по цена хемискиот напад да го извршиле припадниците на САА.
 
B

Bonux

Гостин
Асад голема грешка правиш брат со пуштање на овие ОН инспектори.:cautious:
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
amerika ke napadne , so patriot raketi i eventualno so vozduhoplovstvo :sick:
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
САД се подготвени за воена опција во Сирија

Пентагон е подготвен да спроведе воена операција за Сирија, ако претседателот Барак Обама се одлучи за таква опција, изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгел, за време на посетата на Малезија.



Хејгел истакна дека претседателот Обама побарал од Пентагон да подготви опции за сите сценарија.

- Ние го направивме тоа и сме подготвени да ги спроведеме сите опции, ако тој се одлучи за некоја од нив - изјави Хејгел.

Според Хејгел администрацијата се уште врши проценка дали да употреби воена сила во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиско оружје. Се проценуваат многу фактори, како разузнавачката проценка за нападот во Сирија, правни прашања и проблемот со меѓународната поддршка за евентуален воен одговор.

Хејгел се наоѓа во Малезија, од каде почнува еднонеделна турнеја во Азија.
Најновото истражување на јавното мислење во САД покажува пад на поддршката за американска интервенција во Сирија. Воената опција за Сирија ја поддржуваат само девет проценти од Американците, са против неа се 60 отсто.

Резултатите од анкетата на агенцијата Ипсос покажуваат дека во случај да се докаже дека сирискиот режим употребил хемиско оружје, воена интервенција ќе поддржат 25 проценти од Американците, а против ќе бидат 46 отсто.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=23270
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Ќе ги истури со Патриотите... цела Сирија ќе ја растури со тие ракети...

А во едно тоа ќе биде уште еден пораз за Руската надворешна политика, Сирија е шанса за Русија,доколку се пропушти и Сирија на Американците, тогаш Русија ќе треба да се збогува засекогаш од Блискиот Исток, а САД ќе остане водечка супер сила минимум уште 200 или 300 години..
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
--- надополнето: 25 август 2013 во 22:05 ---
Што е разликата меѓу војниците на АРМ што се борат во Авганистан со *доброволците* албанци кои се борат во Сирија?
Разликата е во тоа што овие твоиве сонародници доброволци се полу луѓе со испран мозок кој се спремни да ги извршат најѕверските злосторства без око да им трепне.
Затоа немој да ја споредуваш АРМ (во која нема само војници од мк националност) со овие sub humans терористи затоа што јас никогаш немам слушнато македонската армија и општо македонскиот народ некогаш:
- да масакрирал војници и цивили
- да киднапирал цивили
- да силувал жени и мажи

- да сечел глави и тоа да го снима со мобилен и на тоа да се восхитува како трофеј
- да се изживува врз цивили потпишувајќи се со нож на нивните грбови
- да се изживува врз мртви тела од лична сатисфакција
- да уништува цркви
- да спроведува етничко чистење
- да убива во име на религија
- да им врзува на цивили динамит на појас и да ги дига у ваздух сосе мотел
- да убива невини деца на верски празник

Македонскиот народ никогаш не дигнал оружје освен во случај кога требало да го брани своето семејство и својата татковина од тиранинот. Македонецот никогаш не ја погазил својата човечност масакрирајќи невини луѓе и при тоа да се насладува, да се снима на мобилен, да се восхитува на извршените ѕверства. Тоа е тешко психичко растројство. Но такви ѕверства во многу наврати ги имаат направено припадници на народноста во која за жал и ти припаѓаш. И наместо да ги браниш, треба да се срамиш од нив. Во спротивно не си ништо поразличен од тие полу-луѓе од твојот род. И не само твоите сонародници терористи. Својата човечност ја погазија и србите во Хрватска и Босна, хрватите во Хрватска и Босна, бошњаците во Босна, грците во 2СВ и граѓанската војна, бугарите во 2СВ, балистичките хорди по селата во западна Македонија...Затоа сум и секогаш ќе останам горд на мојот народ и моите предци затоа што никогаш не ме посрамотиле погазувајќи ја својата човечност, искрвавиле своите раце, оцрнеле нивното лице како што тоа го имаат направено народите околу...секоја чест на исклучоците во кои се надевам припаѓаш и ти.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711
А во едно тоа ќе биде уште еден пораз за Руската надворешна политика, Сирија е шанса за Русија,доколку се пропушти и Сирија на Американците, тогаш Русија ќе треба да се збогува засекогаш од Блискиот Исток, а САД ќе остане водечка супер сила минимум уште 200 или 300 години..

Така е, ако САД ја уништи Сирија со патриот ракети, може ќе остане супер мега веле сила не само во наредните 300 туку и во наредните 600, 700 години...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon

Kajgana Shop

На врв Bottom