- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Теориите дека Трамп е руски пион се многу малку веројатни, и според мене се многу повеќе за внатрешна политичка употреба. Инструмент на демократите, делумно за да си ги дискредитираат противниците со тоа што ќе отворат простор да го поткопуваат кредибилитетот на Трамп за секоја одлука, а делумно за да си го оправдаат својот неочекуван неуспех во изборната кампања пред своите гласачи. Некој вид на рана кампања. Намерно се предимензионира влијанието што може Русија да го има на американскиот изборен систем. Русија нема капацитет на тој начин да влијае на изборите во Америка, за да има ефект на протуркување играч кој низ својата политика ќе ги помага руските интереси, или ајде нема поголем капацитет од други земји кои се американски сојузници. Сад е ова, најмоќната суперсила во досегашната историја, не Украина или Молдавија. Ако воопшто има лик што на таков начин би ги остварувал интересите на некој геополитички конкурент, на штета на американските глобални интереси, најверојатно би бил избришан од политичката мапа уште во предизборната фаза. А ако по некое чудо би станал претседател, не би преживеал ни неколку месеци. Едноставно преголем stake е во прашање, многу работи во Америка се врзани со нивната надворешна политика.
Мислам дека нападот во Сирија е повеќе порака до некои играчи на меѓународната сцена дека полето за преговарање и преговарачките позиции, па и околностете се сменети. И дека ќе треба да се преоценат позициите и на Блиски исток и во други делови од светот. И мислам дека го примија сигналот и Русија и Иран и целата меѓународна заедница. Помина летниот распуст, заврши тој период од околу две години поврзни со претедателските избори, во кој Америка се врти кон себе, и сега ќе биде business as usual. Ја имаа својата забава и Русија и Иран и Турција, па дури и Кина со Јужното кинеско море, сега Америка се враќа да си брани позициите во меѓународниот систем што го креираше после WWII за себе и своите “сојузници“. Тие точки на триење, што Сад ги има со своите конкуренти ќе останат уште долго и никој поединец во Сад нема да ги смени, зошто не зависат од одлуките или политиките на еден човек, туку за нив се врзани интересите на цели генерации. Иако плус се и политичките поени што ќе ги добие.
Вакви неочекувани потези мислам дека ќе бидат the new normal со Трамп, иако сосема е можно во некои случаеви да имаат сериозни непредвидливи последици. Причината е што типот нема опипливо искуство во политиката или со некаква јавна функција, за што треба малку повеќе сензибилитет од бизнис опкружувањето. Доаѓа од бизнис светот каде се играат други игри и веројатно политиката ќе ја тера во тој стил, преку преговарање базирано на кост-бенефит анализа, што ќе резултира со многу реал политика, рововска дипломатија и многу игри. Секој што ќе сака да добие нешто од Сад ќе треба да плати соодветно за тоа. Затоа и е смеша еуфоријата што ги зафати љубитителите на Путин и на мајка Русија, по неговата победа, зошто целосно погрешно ја интерпретираа ситуацијата. Трамп е апсолутен популист, политичката релевантност ја влече од таму, и тоа со класично републикански политики. Тоа што со јавниот имиџ изглеа како копија на Путин, они ја протолкуваа дека добиваат сојузник во него, кога вистината беше дека добиваат многу потежок противник од претходно. Веројатно најлошата комбинација е Путин да има наспроти себе политичар кој ја има неговата љубов кон сопствениот имиџ. Со Обама знаеа точно што добиваат, сега се ќе биде многу покомплицирано.