Се најавува голема контраофанзива на сите исламистички, џихадистички и опозициони групи од Идлиб со цел деблокирање на источниот дел од Алепо. Вооружените терористи наводно се трупаат по целиот западен фронт на Алепо и во секој момент се очекува голем судир со примена на сето расположливо оружје кое тие го имаат. Во офанзивата ќе учествуваат и милитантите кои се наоѓаат во делот под опсада. Вахабитите тврдат дека под опсада се наоѓаат 300-400 илјади цивили кои мора да бидат ослободени. После неуспешните обиди за издејствување примирје во моментот кога губеа сега немаат многу избор.
Според оптимистичките планови на терористите тие ќе се обидат да ја свртат ситуацијата во своја корист со тоа што би се обиделе да се поврзат со опсадениот дел, или северно каде што последно го јадеа, или преку југозапад. Превентивно руската и сириската армија веќе вршат силни бомбардирања низ Идлиб и западно од Алепо.
Прегледај го приврзокот 153312
Опсадата на Алепо го урна имиџот на исламистите поддржани од Саудиска Арабија, Катар и Турција, а се заканува да го намали и моралот кај дел од борците и поддршката меѓу населението, па затоа муџите мораат да се обидат да се спасат. Сириската армија ќе биде под огромен притисок во наредните денови, но доколку успее да ги одбие нападите ќе извојува голема победа и ослободувањето на Алепо и делови од Идлиб ќе биде прашање на време.