Конфликтот во Сирија

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.660
Поени од реакции
88.505
Асад ќе се симне нема друга алтернатива.[DOUBLEPOST=1469989710][/DOUBLEPOST]
И што се случи со уривањето на рускиот авион ? Нели тогаш Путин рече дека ќе докажеше јавно пред светот дека Ердоган е поврзан со Исис ? Нели Русија ќе се одмаздеше од Турција. Нели немаше исто така да се прашува НАТО туку Путин ќе пиеше кафе во Истанбул ?
А утре што ќе се деси ? Ќе има БОООМ? :')
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Се најавува голема контраофанзива на сите исламистички, џихадистички и опозициони групи од Идлиб со цел деблокирање на источниот дел од Алепо. Вооружените терористи наводно се трупаат по целиот западен фронт на Алепо и во секој момент се очекува голем судир со примена на сето расположливо оружје кое тие го имаат. Во офанзивата ќе учествуваат и милитантите кои се наоѓаат во делот под опсада. Вахабитите тврдат дека под опсада се наоѓаат 300-400 илјади цивили кои мора да бидат ослободени. После неуспешните обиди за издејствување примирје во моментот кога губеа сега немаат многу избор.

Според оптимистичките планови на терористите тие ќе се обидат да ја свртат ситуацијата во своја корист со тоа што би се обиделе да се поврзат со опсадениот дел, или северно каде што последно го јадеа, или преку југозапад. Превентивно руската и сириската армија веќе вршат силни бомбардирања низ Идлиб и западно од Алепо.

Прегледај го приврзокот 153312

Опсадата на Алепо го урна имиџот на исламистите поддржани од Саудиска Арабија, Катар и Турција, а се заканува да го намали и моралот кај дел од борците и поддршката меѓу населението, па затоа муџите мораат да се обидат да се спасат. Сириската армија ќе биде под огромен притисок во наредните денови, но доколку успее да ги одбие нападите ќе извојува голема победа и ослободувањето на Алепо и делови од Идлиб ќе биде прашање на време.
Конечно шанса за Асад да ги скрши и подели сите тие групи. Ако Сириската армија успее да се одбрани од офанзивата што ги очекува, ќе следи сериозен пад на моралот кај опозицијата (повеќе исламистите, пошто скоро и не постои опозиција), поделување што се надевам ќе резултира со меѓусебни борби. Башка, тука е и шансата да им се нанесат големи загуби.

Вeќе во делот што е под опсада се вршат припреми за офанзивата, се спречува Асад да извршува воздушни напади, палејќи гуми, тактика што ја користеа Сомалијците, Ирачаните против Американците.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720

Се чини дека терористите го загубија моментумот при нападот. Според последните информации специјални единици на сириската армија со помош на артилеријата влегле во претходно заземениот од страна на терористите комплекс 1070 и се обидуваат да повратат контрола. Може да се каже дека почетниот удар е амортизиран и сега САА ќе проба да развие контраофанзива. Но сеуште ништо не се знае..

Имајќи во предвид дека сепак на ниту една друга позиција освен во регионот каде што го изведуваат нападот исламистите не успеаја да напредуваат (ИСИС нешто се обиде кај Ханасер) се чини дека сепак и нивните сили се ограничени иако инкорпорираат терористи од целиот свет..

Патем терористите утрово соборија руски хеликоптер кој превезувал членови на Комитетот за помирување. Загинати 3 членови на екипажот и двајца членови на Комитетот. Досега во Сирија се загинати околу 10-15 руски воени лица.

p.s: Патем до толку се очајни овие сектантите што влечат и скокаат врз мртовци

Cowx2y8W8AAi07J.jpg

ggg.jpg

sss.jpg
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
p.s: Патем до толку се очајни овие сектантите што влечат и скокаат врз мртовци
И тоа е нешто позитивно за нив ...од козоебачи можиш да очекуваш и да силуваат леш
 
G

Goldie

Гостин
Не сум јас некој експерт за воени работи ама премногу аматерски ми изгледаат и двете страни, пример погледнете го видеово

Позиции поставени на отворено а 200м зад нив има објекти во кои може да постават многу подобри утврдени позиции кои ќе бидат сигурно потешки за освојување ?
Ги напаѓаат со 1 тенк и 3-4 бмп-а и овие бегаат трчајки ? :rolleyes: па немаат ли tow анти тенковски системи, немаат ли рпг, немаат ли подршка од дронови за навреме да се спремат и сл

Единствено Тигрите од САА прават разлика сите други помалце или повеќе изгледаат како аматери, да сакаат Русиве да ја решат војнава и испратат копнени трупи мислам муџите ќе бидат средени за брзо време
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Се чини дека терористите го загубија моментумот при нападот. Според последните информации специјални единици на сириската армија со помош на артилеријата влегле во претходно заземениот од страна на терористите комплекс 1070 и се обидуваат да повратат контрола. Може да се каже дека почетниот удар е амортизиран и сега САА ќе проба да развие контраофанзива. Но сеуште ништо не се знае..

Имајќи во предвид дека сепак на ниту една друга позиција освен во регионот каде што го изведуваат нападот исламистите не успеаја да напредуваат (ИСИС нешто се обиде кај Ханасер) се чини дека сепак и нивните сили се ограничени иако инкорпорираат терористи од целиот свет..

Патем терористите утрово соборија руски хеликоптер кој превезувал членови на Комитетот за помирување. Загинати 3 членови на екипажот и двајца членови на Комитетот. Досега во Сирија се загинати околу 10-15 руски воени лица.

p.s: Патем до толку се очајни овие сектантите што влечат и скокаат врз мртовци

Прегледај го приврзокот 153365

Прегледај го приврзокот 153366

Прегледај го приврзокот 153367
Армијата го вратила под своја контрола комплексот 1070 и почнале контраофанзива. Најверојатно се изгубени некои мали делови појужно, но не е сеуште јасно. Конечно голема шанса за дебакл на исламистите. Но дури и да не успеат сега, најверојатно ќе следува втора офанзива откако ќе се прегрупираат.

Доколку Асад успее да ги одбие офанзивите на исламистите што ќе следат и понатаму да го завземе целосно Алепо (што најверојатно ќе потрае со месеци), ќе ја растовари војската од големиот товар и ќе може слободно да ги насочи ресурсите кон запад од Алепо. Или исток, сеедно.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Во оваа важна битка Господ нека е со сириската војска и нивните сојузници да извојуваат победа над џихадистичките монструми.[DOUBLEPOST=1470082394][/DOUBLEPOST]
Се чини дека терористите го загубија моментумот при нападот. Според последните информации специјални единици на сириската армија со помош на артилеријата влегле во претходно заземениот од страна на терористите комплекс 1070 и се обидуваат да повратат контрола. Може да се каже дека почетниот удар е амортизиран и сега САА ќе проба да развие контраофанзива. Но сеуште ништо не се знае..

Имајќи во предвид дека сепак на ниту една друга позиција освен во регионот каде што го изведуваат нападот исламистите не успеаја да напредуваат (ИСИС нешто се обиде кај Ханасер) се чини дека сепак и нивните сили се ограничени иако инкорпорираат терористи од целиот свет..

Патем терористите утрово соборија руски хеликоптер кој превезувал членови на Комитетот за помирување. Загинати 3 членови на екипажот и двајца членови на Комитетот. Досега во Сирија се загинати околу 10-15 руски воени лица.

p.s: Патем до толку се очајни овие сектантите што влечат и скокаат врз мртовци

Прегледај го приврзокот 153365

Прегледај го приврзокот 153366

Прегледај го приврзокот 153367
ужасна смрт... како ли се чувствувале и како им е на нивните семејства.
нема соодветни погрдни зборови за вакви злосторства.
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.853
Соборен е руски хеликоптер крај Алепо, пилотите загинале. ИСИС пробува да ја деблокира опсадата во Алепо, пробува да направи пробив на друго место различно од последното каде што беа пресечени - населба Бени Зејд, горе доле местото е тесно околу 2 километра, концентрирало огромни сили над 5000 муџахедини, засега земале 600 метра но со огромни загуби над 800 ликвидирани, 14 тенка, 10 БТР и 60 коли со монтирани орудија.
Мислам дека нема да успеат, има доста бришан простор и нема цивилни, така да со артилерија и руска авијација ги згазиле. Мислам дека од неколку месеца ИСИС само губат позиции на сите фронтови, така ќе биде и во иднина, дури и да ја пробијат блокадата повеќе е за да избегаат живи и да не бидат заробени.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Не сум јас некој експерт за воени работи ама премногу аматерски ми изгледаат и двете страни, пример погледнете го видеово

Позиции поставени на отворено а 200м зад нив има објекти во кои може да постават многу подобри утврдени позиции кои ќе бидат сигурно потешки за освојување ?
Ги напаѓаат со 1 тенк и 3-4 бмп-а и овие бегаат трчајки ? :rolleyes: па немаат ли tow анти тенковски системи, немаат ли рпг, немаат ли подршка од дронови за навреме да се спремат и сл

Единствено Тигрите од САА прават разлика сите други помалце или повеќе изгледаат како аматери, да сакаат Русиве да ја решат војнава и испратат копнени трупи мислам муџите ќе бидат средени за брзо време
Се работи за релативно мали дистанци (3-4 км е просторот помеѓу двата корпуса на терористички сили), а дека има утврдувања и повеќе подготвени линии на одбрана во и надвор од објектите воопшто не се сомневај.
Патем во последно време сириските армиски сили доста често ја применуваат тактиката на повлекување од првите позиции и потоа развивање на контраофанзива на таквите добро познати објекти со учество на специјалните единици и воздушна поддршка .

После првичниот удар со половичен успех, и заглавувањето на милитантите кај комплекс 1070 (од којшто исто армиските сили се повлекоа при првиот налет на терористите), во моментов е во тек "втората фаза" како што најавија од Ахрар ал Шам. Изгледа се состои во обидот да се пробијат директно преку артилериската академија, или појужно, што и не е многу генијално имајќи во предвид дека има многу отворен простор кадешто авијацијата ќе може лесно да ги изолира и да ги направи сирење, а и не можат да подготват некој посериозен контингент на борци.

Во делот за Русите, нивната поддршка и на официјално но и на неофицијално ниво е ограничена. Во игра се чини се вклучени многу регионални интереси и натегања со Иран.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
тепих бомбардирање
Ова е уништување на жива сила и лесно оклопни возила, какви што најмногу имаат исламистите. Ги начекале на отворено.

Наводно Русите елиминирале најмалку 800 исламисти околу Алепо последниве 2 дена. Со вакво бомбардирање, ништо чудно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
“Награда“ за влечењето на пилотот низ пустина:

Отровен гас пуштен над сирискиот град каде беше срушен рускиот хеликоптер

Сириската спасувачка служба соопшти дека хеликоптер исфрлил контејнери со отровен гас врз градот Саракиб, кој е во близина на местото каде беше соборен рускиот воен хеликоптер.

Портпаролот на Сириската цивилна одбрана (СЦО) изјави дека 33 лица, претежно жени и деца, настрадале од гасот во градот Саракиб.

СЦО, која се претставува како неутрална група на доброволци за спроведување спасувачки операции, објави снимка на Јутјуб, на која се гледа маж како тешко дише и кој добива противгас од лица во униформи на цивилната заштита.

Преставници на СЦО на местото на нападот со сомневаат дека станува збор за хлор, но не можат да го потврдат тоа.

– Паднаа буриња со средна големина со токсичен гас. СЦО не може да утврди за каков гас станува збор, изјави портпаролот на организацијата.

Сепак, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков ги оцени како клевета медиумските тврдења дека во сирискиот реон, каде што вчера беше соборен руски воен хеликоптер, бил исфрлен отровен гас.

– Немаме информација за текот на операцијата. На вакви клевети секогаш е многу тешко да се реагира. Никогаш не е јасно врз какви докази и извори се засноваат ваквите тврдења, истакна Песков.
http://pozitiv.mk/отровен-гас-пуштен-над-сирискиот-град/?r1=http://grid.mk/read/news/512997097/11779785/otroven-gas-pushten-nad-siriskiot-grad-kade-beshe-srushen-ruskiot-helikopter
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Вака со дампер(полн со експлозив) се уништува цел кварт

Kajgana Shop

На врв Bottom