Конфликтот во Сирија

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Мириса на почетен договор во Женева.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Грешка
Работата е Тука се, гледаат и победуваат
Тоа се гледа од секоја точка и секој го гледа тоа само тие кои се платени да шират дезинформации само тие не го гледаат тоа. Русија покажа дека ова не е '90та година туку 2016 Русија покажа огромна моќ на својата авијација огромен стеав покажа системот С огромна моќ покажа стратешката авијација и морнарицата кои без потешкотии правеа пепел каде сакаа. ИСИС моментално го префрлуваат во Либија застоа што Сирија веќе неможе бидејќи Русија е најмоќниот воен играч таму, другиот дел се претворени во "немоќни" мигранти кои се шприцаат во Европа...иднината можеш да ја предвидиш и сам....Растурена Европа.
Kompletno se soglasuvam so tebe i vo taa smisla mi bese komentarot, zavrsi edna misija po nea zapocnuva druga.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
Како Џон Кери и Џон Мекејн ги преживеале 2013 и 2014 година во вакви околности, при што дури и Барак Хусеин Обама им кажал НЕ во нивните игранки против Русија и Башар ал Асад, знаат само нивните лекари кои им ги препишале лековите со кои успеале да го исконтролираат својот гнев и да се спасат од нервни сломови.

Сега станува уште појасно дека зад кандидатурата на Хилари Клинтон на редовните претседателски избори 2016 не стојат нејзините политички амбиции, туку нејзиниот страв од затворските решетки.

Не дека републикански претседател ќе ја натера да се соочи со правдата, туку бидејќи ќе мора да дава пари за да се спаси од затворските решетки и сигурно ќе живее до крајот на својот живот во страв од затвор, Клинтоница мора да победи, или ако не победи, барем мора да се осигура дека победникот ќе биде некој близок до нејзе, некој кој ќе се погрижи експресно да ги снема сите докази против Клинтоница, бидејќи во спротивно, ако победи некој кој не е близок до нејзе и некој кој не ја бендисува, ќе мора да плаќа рекет за да се спаси од затворските решетки.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.825
Поени од реакции
34.079
Уште од почетокот знаев и ви напишав дека Русија ќе се повлече од Сирија.
Хаха... Баш се прашував кога ќе излезеш од под каменот да изјавиш нешто во овој стил. :ROFLMAO: :D
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Најважно од се.
-Двете бази на Русија и авио силите ќе функционираат, дури и ќе се надоградуваат во иднина.
-С-400 ќе остане во фунционална состојба во Сирија.
-Асад повторно ќе учествува во политичкиот процес преку најавните избори, и најверојатно ќе освои нов мандат.
Ова.
А војната против Ал-Нусра и ИСИС ќе си продолжи без разлика на било каков мировен договор.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Очигледно има голем дил под маса, прво беше неочекуваното примирје кога имаше офанзива на САА и се очекуваше Алепо да падне а сега и повлекување на Русите. Мене ми е се ова чудно, нешто се има случено последниов месец за што нормално јавноста нема поим. Во секој случај руски воздушни напади и поддршка од авијација веќе нема да има.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
Очигледно има голем дил под маса, прво беше неочекуваното примирје кога имаше офанзива на САА и се очекуваше Алепо да падне а сега и повлекување на Русите. Мене ми е се ова чудно, нешто се има случено последниов месец за што нормално јавноста нема поим.
Е па, и Кенеди изгледаше како победник кога Советскиот Сојуз ги повлече нуклеарните боеви глави од Куба, за денес да знаеме дека се договорија Кенеди низ задна врата да ги повлече американските нуклеарни боеви глави од Турција.

Русите можат да си дозволат да делуваат како да се повлекуваат, но во пракса секогаш имаат некаква корист од тоа. И Хитлер мислеше дека се повлекуваат во страв и паника во 1942 година, а всушност тоа беше директна наредба на Сталин, кој ги пречека Германците во Сталинград за да ги расчисти сметките со нив и да ги испрати назад од каде што дојдоа. Откако претходно им уништи или зароби 20 дивизии и цела армија од 800.000 војници, од кои 400.000 беа Германци, и нешто над 91.000 Германци ги испрати на одмор во сибирските гулази, од кои нешто над 5.000 дочекаа да се вратат во Германија после Втората Светска Војна.
 
Последно уредено:

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Гадни се и едните и другите тука, сите знаеме дека ова е шах меѓу РФ и УСА само Господ знае што ќе се случи сега иако некако мислам дека Турција е на ред за некакви немири и поделби и секако Европа во која има иљадници џихадисти кои чекаат наредба од тајните служби од кои се креирани....како и да е светот е пред нова поделба.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Е па, и Кенеди изгледаше како победник кога Советскиот Сојуз ги повлече нуклеарните боеви глави од Куба, за денес да знаеме дека се договорија Кенеди низ задна врата да ги повлече американските нуклеарни боеви глави од Турција.

Русите можат да си дозволат да делуваат како да се повлекуваат, но во пракса секогаш имаат некаква корист од тоа. И Хитлер мислеше дека се повлекуваат во страв и паника во 1942 година, а всушност тоа беше директна наредба на Сталин, кој ги пречека Германците во Сталинград за да ги расчисти сметките со нив и да ги испрати назад од каде што дојдоа. Откако претходно им уништи или зароби 20 дивизии и цела армија од 800.000 војници, од кои 400.000 беа Германци, и нешто над 91.000 Германци ги испрати на одмор во сибирските гулази, од кои нешто над 5.000 дочекаа да се вратат во Германија после Втората Светска Војна.
Јасно е дека има договор. Единствено е прашањето дали е договорот под принуда или доброволен. Русија секако нешто добива, повисока цена на нафта, влијание во Украина (Новорусија), симнување на санкции, нешто секако ќе има.

Сирија останува на статус кво, можеби и ќе се подели де факто на три дела но секако сегашната состојба за владините сили е подобрена отколку пред 5 месеци.

Постои и опција дека се приморани да се повлечат како и дека односите со Сирија и Иран им се влошени, во секој случај ќе стане појасно следните денови.

Турција беше на праг да навлезе во Сирија (со С.Арабија) и одеднаш се примири, очигледно многу работи се поврзани.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019

У кој смисол влошени ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.984
Поени од реакции
12.428
У кој смисол влошени ?
Па можеби Иранчаните се замислиле дека се силни и без Русија откако го потпишаа договорот со САД и ЕУ, а со кој од една страна им беа отстранети санкциите кои ги трпеа со години, а од друга страна и понатаму им се дозволува збогатување на ураниум и продолжување на иранската нуклеарна програма.

И се разбира, со договорот на Иран му беа одмрзнати финансиски средства во износ од 150 милијарди долари низ светските банки, па можеби сега се мислат дека се јаки бидејќи ем повторно извезуваат нафта за ЕУ, ем им беа отстранети санкциите кои ги трпеа со години, ем им беа деблокирани огромни финансиски средства, и како капак на се, и понатаму им е дозволено да продолжат со својата нуклеарна програма и со збогатувањето ураниум, па си мислат дека повеќе не им треба помош и сојузништво со Русија.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Мои претпоставки за нецелосното руско повлекување од Сирија:

- Сирија ќе има кредибилитет како држава само ако или онолку колку што самата се ослободи. Држава целосно ослободена од странски сили нема ниту внатрешен ниту надворешен авторитет. Во тој случај интервенционистот ќе мора редовно да стои и да помага (воено-политички), што води кон авганистански (виетнамски) исход. Руските воени сили треба да помогнат само до точка кога Асад ќе може сам да продолжи до значително ниво да ја добие војната и поврати од некогашната сириска територија (целосно враќање е невозможно). Натамошното руско учество е сведено само на заштита на своите бази и интереси и можеби припомош само при голема нужда за САА.
- Остварена е воена надмоќ во релјефот кој најтешко се освојува. Иако сите шират пропаганда за силата на ИСИЛ вистината е дека многу полесно се освојува тој простор поради рамната пустина и полупустина погодна за тешкото вооружување. Изминатите недели покажаа колку полесно се продира во тој простор и колку брзо се стигна до Рака, за разлика пример споредено со Алепо.
- И воената техника и персоналот најдобро делуваат до одредено време. При многу долги воени ангажмани и луѓето и техниката почнуваат да потфрлаат. Затоа најпрактично е военото дејствување да не трае предолго. Сигурно погоре наведените заклучоци и соодветно произлезената одлука русите ги имаат извлечено најмногу од авганистанското, а нешто и од чеченското и грузиското искуство.
- При подолготрајното учество западната пропаганда ќе ја свртеше светската јавност против Русија. Западните службени лица се повеќе и повеќе за бегалско-колонизаторската политика ја обвинуваа Русија. Сега ќе немаат кого да обвинуваат.
- Во придружба со русите Иран и ирачките шиити, либански Хезболах како руски сојузници добија можност за воено присуство во Сирија, што претходно не беше можно да го превземат при американска контрола на просторот. Иран, Сирија, Ирак, Либан сега заедно дејствуваат и се гаранција бидејќи сепак се далеку поголема сила отколку Исил, Ал-Нусра.

и можеби најважното

- САД и западот ќе бидат ставени пред голем прашалник како и што да прават понатаму со ИСИЛ. Како да се однесуваат!? Ако не ги уништат ИСИЛ туку и понатаму прават театар како претходните години и ја користат за своите цели ќе излезат како слабаци пред цел свет. Затоа што додека Русија дејствувала Исил бил во големи загуби, пред пораз. Ако ја уништат ќе треба да го уништуваат чудовиштето кои самите го создаваа и го хранеа. Што да прави Владата на САД сега со Исил? Да ја остават да се шири или да ја уништат. Ако тргнат да ја унишатат американскиот буџет е тој кој ќе ја плаќа сметката. А американците велеа, конечно друг нека се троши. Излезе сепак дека ќе мора пак тие да трошат за да го решат проблемот кој го создале. Самата американска јавност тоа нема да може да го свари. Ако не ги уништат ИСИЛ доведен до ваква состојба, светот ќе ги побара русите да дејствуваат и да си ја дозавршат работата. Во Сирија, а и во други случаи повеќе во нив ќе имаат доверба. Ако било руското воено дејствување причина за порастот на бегалската криза, згора во Сирија е постигнат мировен договор, сега ќе видиме дали бегалската криза ќе исчезне.

Така што ова со повлекувањето не е одличен туку маестрален геостратешки потег, а при тоа русите сеуште се присутни во Сирија. Американското дејство за секој со секого да се тепа и троши во Сирија, што го сметав за нивно ремек дело, со оваа одлука на Путин во прав момент се претвори во руска победа. Обамовата изјава за калиштето и заглавување во него станува бесмислица која ќе се споменува со голем потсмев.

Бев голем заговарач за руска воздушна интервенција во Украина. Во современи услови нема фајде од дефанзивна политика. Никој не ме сфаќаше, велеа дека не е можно и дека Русија не е кадарна за такво нешто. Тој пропуст во Украина што се случи после злосторствата во Одеса, Путин во значителна мера го надокнади со активната политика во Сирија.

Компликации секогаш има и ќе има, но во овој момент ова е маестрално. Стриктно си ги заштитија само своите интереси и се иставаат: „Ви сметаше нашето учество во решавање на проблемот со џихадизмот. Повелете сами дорешете го.“
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Па можеби Иранчаните се замислиле дека се силни и без Русија откако го потпишаа договорот со САД и ЕУ, а со кој од една страна им беа отстранети санкциите кои ги трпеа со години, а од друга страна и понатаму им се дозволува збогатување на ураниум и продолжување на иранската нуклеарна програма.

И се разбира, со договорот на Иран му беа одмрзнати финансиски средства во износ од 150 милијарди долари низ светските банки, па можеби сега се мислат дека се јаки бидејќи ем повторно извезуваат нафта за ЕУ, ем им беа отстранети санкциите кои ги трпеа со години, ем им беа деблокирани огромни финансиски средства, и како капак на се, и понатаму им е дозволено да продолжат со својата нуклеарна програма и со збогатувањето ураниум, па си мислат дека повеќе не им треба помош и сојузништво со Русија.
Прво не гледам никакви знаци дека односите на Русија и Иран се влошени а уште помалку меќу Русија и Сирија или јас нешто пропуштам у овој филм.
Пореално изгледа дека за да нема притисок врз Русија за вакви или онакви акции , сета активност да е оставена на Асад . Е сега нормално со силна подршка на Русија и Иран ама не така јавно како досега.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom