Мои претпоставки за нецелосното руско повлекување од Сирија:
- Сирија ќе има кредибилитет како држава само ако или онолку колку што самата се ослободи. Држава целосно ослободена од странски сили нема ниту внатрешен ниту надворешен авторитет. Во тој случај интервенционистот ќе мора редовно да стои и да помага (воено-политички), што води кон авганистански (виетнамски) исход. Руските воени сили треба да помогнат само до точка кога Асад ќе може сам да продолжи до значително ниво да ја добие војната и поврати од некогашната сириска територија (целосно враќање е невозможно). Натамошното руско учество е сведено само на заштита на своите бази и интереси и можеби припомош само при голема нужда за САА.
- Остварена е воена надмоќ во релјефот кој најтешко се освојува. Иако сите шират пропаганда за силата на ИСИЛ вистината е дека многу полесно се освојува тој простор поради рамната пустина и полупустина погодна за тешкото вооружување. Изминатите недели покажаа колку полесно се продира во тој простор и колку брзо се стигна до Рака, за разлика пример споредено со Алепо.
- И воената техника и персоналот најдобро делуваат до одредено време. При многу долги воени ангажмани и луѓето и техниката почнуваат да потфрлаат. Затоа најпрактично е военото дејствување да не трае предолго. Сигурно погоре наведените заклучоци и соодветно произлезената одлука русите ги имаат извлечено најмногу од авганистанското, а нешто и од чеченското и грузиското искуство.
- При подолготрајното учество западната пропаганда ќе ја свртеше светската јавност против Русија. Западните службени лица се повеќе и повеќе за бегалско-колонизаторската политика ја обвинуваа Русија. Сега ќе немаат кого да обвинуваат.
- Во придружба со русите Иран и ирачките шиити, либански Хезболах како руски сојузници добија можност за воено присуство во Сирија, што претходно не беше можно да го превземат при американска контрола на просторот. Иран, Сирија, Ирак, Либан сега заедно дејствуваат и се гаранција бидејќи сепак се далеку поголема сила отколку Исил, Ал-Нусра.
и можеби најважното
- САД и западот ќе бидат ставени пред голем прашалник како и што да прават понатаму со ИСИЛ. Како да се однесуваат!? Ако не ги уништат ИСИЛ туку и понатаму прават театар како претходните години и ја користат за своите цели ќе излезат како слабаци пред цел свет. Затоа што додека Русија дејствувала Исил бил во големи загуби, пред пораз. Ако ја уништат ќе треба да го уништуваат чудовиштето кои самите го создаваа и го хранеа. Што да прави Владата на САД сега со Исил? Да ја остават да се шири или да ја уништат. Ако тргнат да ја унишатат американскиот буџет е тој кој ќе ја плаќа сметката. А американците велеа, конечно друг нека се троши. Излезе сепак дека ќе мора пак тие да трошат за да го решат проблемот кој го создале. Самата американска јавност тоа нема да може да го свари. Ако не ги уништат ИСИЛ доведен до ваква состојба, светот ќе ги побара русите да дејствуваат и да си ја дозавршат работата. Во Сирија, а и во други случаи повеќе во нив ќе имаат доверба. Ако било руското воено дејствување причина за порастот на бегалската криза, згора во Сирија е постигнат мировен договор, сега ќе видиме дали бегалската криза ќе исчезне.
Така што ова со повлекувањето не е одличен туку маестрален геостратешки потег, а при тоа русите сеуште се присутни во Сирија. Американското дејство за секој со секого да се тепа и троши во Сирија, што го сметав за нивно ремек дело, со оваа одлука на Путин во прав момент се претвори во руска победа. Обамовата изјава за калиштето и заглавување во него станува бесмислица која ќе се споменува со голем потсмев.
Бев голем заговарач за руска воздушна интервенција во Украина. Во современи услови нема фајде од дефанзивна политика. Никој не ме сфаќаше, велеа дека не е можно и дека Русија не е кадарна за такво нешто. Тој пропуст во Украина што се случи после злосторствата во Одеса, Путин во значителна мера го надокнади со активната политика во Сирија.
Компликации секогаш има и ќе има, но во овој момент ова е маестрално. Стриктно си ги заштитија само своите интереси и се иставаат: „Ви сметаше нашето учество во решавање на проблемот со џихадизмот. Повелете сами дорешете го.“