karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.719
Не би рекол. Известувањата за наводно востание во Рака беа пуштени од страна на владините медиуми и извори. Во извештаите се наведува дека наводно владата сеуште успева да им испорача пензии на дел од населението во Рака. Најверојатно со приближувањето на СДФ на помалку од 30 километри до "главниот град" на ИСИС, кај Асад се зголеми стравот дека бавно напредува во правец на Еуфрат и дека "Курдите" со американска поддршка ќе ја освојат оваа долина пред него. Јас мислам дека оваа шпекулација е само искажување став во индиректна форма дека Деир ез Зор и Рака треба да бидат оставени под директна управа на Асад.Сега е гола трка за Рака. Кој порви ќе стигне таму. Целта на цивилните востанија во Рака е да се склучи договор со подобрата опција за Американците и ИСИС со СДФ и создавање на сунтитска држава. Ако САА успее да влезе во Табака и деир ер Зор, гадно ќе им ги побркаат плановите. Сега веќе црно на бело се покажа дека америкаците ја создадоа ИСИС. Ќе направиш цивилно востание во срцето на ИСИС. Ха ...како да не. наеднаш главосечачите ќе станат цивилни ослободувачи , која смеа!
Затоа и во моментов сириската армија се обидува преку силна офанзива да ја поврати Палмира и преку Ал-Сукна да стигнат први до Деир ез Зор.
Инаку повеќе од сигурно е дека по претпоставеното елиминирање на ИСИС конфликтот ќе има втора рунда во која ќе се решава прашањето за курдска автономија и се разбира помирувањето(???) со умерената опозиција и отворен конфликт со Ал-Нусра и радикалните исламистички формации.
А во делот на мотивираноста, надвор од професионалните видео монтажи на сурови егзекуции и обезглавувања, мнозинството борци на ИСИС не се до толку фанатици како што се например Ал-Каеда. Тие во почетокот беа силно финансирани и поддржани од многу западни сојузници во регионот и затоа успејаа да ја придобијат поддршката кај најзакоравените суннитски племиња кои живеат во сириската пустина. Целта на нивната креација во почетокот најверојатно била да се ослаби и елиминира Ал-Каеда, но потоа работите излегоа од контрола. Да не и објавеа војната на целата планета, најверојатно денес ќе беа јадрото на нова сунитска држава, но премногу болни глави се собраа таму и ги расипаа плановите на 'вујкото" за што сега ќе бидат казнети.
Последно уредено: