Конфликтот во Сирија

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Сега е гола трка за Рака. Кој порви ќе стигне таму. Целта на цивилните востанија во Рака е да се склучи договор со подобрата опција за Американците и ИСИС со СДФ и создавање на сунтитска држава. Ако САА успее да влезе во Табака и деир ер Зор, гадно ќе им ги побркаат плановите. Сега веќе црно на бело се покажа дека америкаците ја создадоа ИСИС. Ќе направиш цивилно востание во срцето на ИСИС. Ха ...како да не. наеднаш главосечачите ќе станат цивилни ослободувачи , која смеа!
Не би рекол. Известувањата за наводно востание во Рака беа пуштени од страна на владините медиуми и извори. Во извештаите се наведува дека наводно владата сеуште успева да им испорача пензии на дел од населението во Рака. Најверојатно со приближувањето на СДФ на помалку од 30 километри до "главниот град" на ИСИС, кај Асад се зголеми стравот дека бавно напредува во правец на Еуфрат и дека "Курдите" со американска поддршка ќе ја освојат оваа долина пред него. Јас мислам дека оваа шпекулација е само искажување став во индиректна форма дека Деир ез Зор и Рака треба да бидат оставени под директна управа на Асад.
Затоа и во моментов сириската армија се обидува преку силна офанзива да ја поврати Палмира и преку Ал-Сукна да стигнат први до Деир ез Зор.

Инаку повеќе од сигурно е дека по претпоставеното елиминирање на ИСИС конфликтот ќе има втора рунда во која ќе се решава прашањето за курдска автономија и се разбира помирувањето(???) со умерената опозиција и отворен конфликт со Ал-Нусра и радикалните исламистички формации.

А во делот на мотивираноста, надвор од професионалните видео монтажи на сурови егзекуции и обезглавувања, мнозинството борци на ИСИС не се до толку фанатици како што се например Ал-Каеда. Тие во почетокот беа силно финансирани и поддржани од многу западни сојузници во регионот и затоа успејаа да ја придобијат поддршката кај најзакоравените суннитски племиња кои живеат во сириската пустина. Целта на нивната креација во почетокот најверојатно била да се ослаби и елиминира Ал-Каеда, но потоа работите излегоа од контрола. Да не и објавеа војната на целата планета, најверојатно денес ќе беа јадрото на нова сунитска држава, но премногу болни глави се собраа таму и ги расипаа плановите на 'вујкото" за што сега ќе бидат казнети.
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583

Ова и баш не ми изгледа како ФСА, или како и да се нарекуваат. Туку повеке изгледа како Јорданската армија, гланц нови модерни тенкови, опрема...... Инаку ова е новиот јужен фронт кој испадна деновиве, и ако се погледне мапата и нивното движење, нивната цела е да се отвори нов коридор кон Дамаск и да се креира нов фронт. Cc897oaXEAQPTiY.jpg
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.797
Поени од реакции
42.417

Ова и баш не ми изгледа како ФСА, или како и да се нарекуваат. Туку повеке изгледа како Јорданската армија, гланц нови модерни тенкови, опрема...... Инаку ова е новиот јужен фронт кој испадна деновиве, и ако се погледне мапата и нивното движење, нивната цела е да се отвори нов коридор кон Дамаск и да се креира нов фронт. Прегледај го приврзокот 140923
ова се Т-55 тенкови, ни се гланц ни се нови, музејски експонати боље би дошло, а и чисто се сомневам дека имаат некои големи бројки
 
K

Kiko

Гостин
Не би рекол. Известувањата за наводно востание во Рака беа пуштени од страна на владините медиуми и извори. Во извештаите се наведува дека наводно владата сеуште успева да им испорача пензии на дел од населението во Рака. Најверојатно со приближувањето на СДФ на помалку од 30 километри до "главниот град" на ИСИС, кај Асад се зголеми стравот дека бавно напредува во правец на Еуфрат и дека "Курдите" со американска поддршка ќе ја освојат оваа долина пред него. Јас мислам дека оваа шпекулација е само искажување став во индиректна форма дека Деир ез Зор и Рака треба да бидат оставени под директна управа на Асад.
Затоа и во моментов сириската армија се обидува преку силна офанзива да ја поврати Палмира и преку Ал-Сукна да стигнат први до Деир ез Зор.

Инаку повеќе од сигурно е дека по претпоставеното елиминирање на ИСИС конфликтот ќе има втора рунда во која ќе се решава прашањето за курдска автономија и се разбира помирувањето(???) со умерената опозиција и отворен конфликт со Ал-Нусра и радикалните исламистички формации.
Могуче! Сепак земи го артиклов во предвид

А во делот на мотивираноста, надвор од професионалните видео монтажи на сурови егзекуции и обезглавувања, мнозинството борци на ИСИС не се до толку фанатици како што се например Ал-Каеда. Тие во почетокот беа силно финансирани и поддржани од многу западни сојузници во регионот и затоа успејаа да ја придобијат поддршката кај најзакоравените суннитски племиња кои живеат во сириската пустина. Целта на нивната креација во почетокот најверојатно била да се ослаби и елиминира Ал-Каеда, но потоа работите излегоа од контрола. Да не и објавеа војната на целата планета, најверојатно денес ќе беа јадрото на нова сунитска држава, но премногу болни глави се собраа таму и ги расипаа плановите на 'вујкото" за што сега ќе бидат казнети.
Мнозинството борци на ИСИС се тешки крволочници. Ал нусра се цвеќиња за нив.[DOUBLEPOST=1457373487][/DOUBLEPOST]Дневна доза
 
Последно уредено од модератор:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.990
Поени од реакции
13.180
Јас се извинувам но морам да прашам.

До каде е поделбата и распадот на Сирија?

Паметам имаше пред неполни 2-3 месеци такви предвидувања и сценарија, од разузнувачите тука на форумов. :icon_lol:
 
?

..........

Гостин
Јас се извинувам но морам да прашам.

До каде е поделбата и распадот на Сирија?

Паметам имаше пред неполни 2-3 месеци такви предвидувања и сценарија, од разузнувачите тука на форумов. :icon_lol:
предвидувањата и сценаријата на разузнувачите се вистинити колку што се вистинити рекламите на порносајтовите каде од лева страна пишува дека во твоја близина има 32 годишна напалена блондинка со бујни гради која што со раширени нозе чека некој да и го натрти:LOL:
 
G

Goldie

Гостин
Курдите секој ден освојуваат по некое село и се поблиску до Рака и Деир еззур додека Асад со неговите Тигри гледам ја зголемија воената активност кон Палмира која очекувам за брзо време да ја освојат. А не ме чуди и да подготвуваат некоја голема офанзива кон Табха главна врата кон Рака - каде што ако оди се по планот може да очекуваме заеднички напад на Асад и Курдите.

Инаку вчера во Табха убиен некој од водачите на ИСИС таму познат како Абу Фајсал, ми мириса на Руско масло тука :D
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
А не ме чуди и да подготвуваат некоја голема офанзива кон Табха главна врата кон Рака - каде што ако оди се по планот може да очекуваме заеднички напад на Асад и Курдите.

Инаку вчера во Табха убиен некој од водачите на ИСИС таму познат како Абу Фајсал, ми мириса на Руско масло тука :D
Се чини дека Асад заглави на патот кон Табка, па наместо тоа во последо време се зборува дека офанзивата за пресекување на врската меѓу Рака и Турција ќе биде насочена кон воздухопловната база Џира.
Во источниот дел на Дамаск владините војски успеаја да откинат и да опкружет еден помал дел од територијата под контрола на радикалните опозициски формации.
Армијата и после една недела не успева да го заземе планинскиот масив и населбата Кабане, свероисточо од Латакија преку којшто понатаму би напредувале кон Џиср-ал Шугур.

Генерално примирјето засега функционира со тоа што успешно беа одбиени неколкуте напади од Ал Нусра. Владата го користи примирјето за да склучи колку што е возможно повеќе мировни договори со населби кои се наоѓаат под контрола на умерената опозиција. Во почетниот период владините војски беа зафатени со одблокирање на патот кон Алепо околу Ханасер. Во моментов владее релативно затишје на десниот брег на Еуфрат. Според најавите армијата се подготвува за освојување на Палмира со тоа што понатаму би се стремеле да стигнат до Дејр ез Зор, но ваквите најави често се преуранети и предимензионирани во провладините медиуми така што останува да се види што ќе се случува понатаму.
Патем "умерените бунтовници" извршија хемиски напад врз Курдите.

Во секој случај во моментов акцентот на војната во Сирија е преместен од Асад на ИСИС.

aaaa1.jpg

aaa2.jpg
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.808

]
За жал е така, Асад не е бескрајно силен или ИСИС е под негова контрола за разлика од САД и ЕУ кој се шефовите на ИСИС и може да издејствуваат да отстапат некој области на курдите, гледаме како во моментов ги преместуваат во новиот халифат во Либија.
Во моментов е игра на време, Асад е посилен но при вистинска војна ослободувањето оди бавно, за разлика од курдите којшто немаат авијација, тенкови но со политичка директива стигнаа до Рака.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Интересни случувања на териториите кои се под контрола на таканаречената опозиција, речиси во сите градови има протести против Асад со нивните опозициски знамиња. Очигледно е дека ова се координирани протести со цел да се врати војната во периодот во 2011 и да се покаже како ова е мирен бунт на народот против Асад, а воедно и да се маргинализира односно задскрие дека Ал Нусра и другите исламски формации се тие кои се главната сила на теренот против Асад. Истовремено со овие протести сакаат да ги спречат мировните преговори кои Асад ги прави на локално ниво со одредени групи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.944
Поени од реакции
34.294
http://tocka.com.mk/1/189437/spetsnaz-go-fati-ubiecot-na-ruskiot-pilot-vo-sirija-zaroben-teroristot-alparslan-celik
Челик е член на туркменската терористичка група "Сириски волци", која е лојална на Турција. Тој по убиството на рускиот пилот бил виден на еден погреб во Турција, а неофицијално, и самиот Путин пратил специјална единица во Латакија, за да го улови терористот.
По Челик во Сирија трагал руски "Spetsnaz", а во Турција го барале руските специјалци од тајната служба "GRU".
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Интересни случувања во провинцијата Идлиб, Ал Нусра започна со напади врз групи кои се нарекуваат ФСА и Дивизија 13. Ова е само уште еден доказ дека и Асад да замине, војната мегу илјадниците групации ке продолжи
 
K

Kiko

Гостин
Како што најавуваат провладини медиуми се спрема голема акција. Само не се открива локацијата. Моја претпоставка е дека ќе го затворат обрачот во Алепо. И тоа би била најстратешката работа која можат да ја направат. Ако го добијат Алепо војната горе долу ќе биде добиена за Асад.

Мислам дека напад на рака од владините сили не тешко веројатен затоа што сватијаколку е нежна логистичката линија која ги поврзува. Лесно би можеле самите да западнат во обрач.

Ако се стави алепо во обрач и се заврши акцијата во латакија ќе се ослободат значителен број на трупи кои ќе се пренасочат по0касно за акции кон Идлиб.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom