jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.505
- Поени од реакции
- 27.322
Па тоа сакам и да кажам, вистинската сила на опозицијата се исламистичките групи. Тие не се опфатени во примирјето, набргу ќе испровоцираат некој напад од територија на ФСА и прекинот на огнот, нема да важи ни таму кај што важи (ако воопшто почне да важи).ФСА е Мит, најголем дел од територијата што не е под контрола на Асад е под окупација од групации како Ахрар ал Шам, Џаиш ал Ислам, во Идлиб таканаречената Џаиш ал Фаташ или во англиски превод Army of Conguest, Исламски Фронт, Ал Нусра и други групации составени од милитанти од Египет, Мароко, Ирак, Јордан и другите арапски земји. Друга работа ФСА е во сојуз и соработка со Ал Нусра, што според договоротја прави легитина мета. Инаку Ахрар ал Шам изгуби највеке територија на северот на Алепо ( џебот на Турската граница) па го одби примирјето. Единствено кај Дараа, да има нешто што е ФСА ама и таму е матно бидејки има големо присуство на Ал Нусра и ИСИЛ
Во моментов не гледам друго решение на Сириската криза освен воена победа, па и тогаш тешко, имајќи ја во предвид запалената и издиференцирана околина. Бруталната кампања што ја наметна ИСИС не е без причина. Една од причините е да створи јаз и јасна диференцијација меѓу народот. Од оваа точка, во овој момент, а и генерално оваа генерација, нема да се врати по мирен пат. Или ќе глеаме поединечни брутални војни до бескрај(попут оваа во Сирија), или една регионална, ако не и поширока војна.
Јас повеќе мислам дека војната ќе се рашири вон границите на Сирија и Ирак. Моментално ИСИС има потврдени територии во неколку држави. Сирија, Ирак, Јемен, Авганистан, Египет, Либија и Нигерија. Станува збор за сериозна организација со многу цврсти корени, со свои следбеници и прикриени војници насекаде во светот. Крајната цел им е јасно исцртана, начинот на делување познат, и прашање е на време кога ќе започнат поголем хаос.
Последно уредено: