Конечно сфатив дека...

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Машко си е машко :) Колку и да збори и да убедува, џабе... Штом проработи долната глава, се' што кажал не важи :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.361
Поени од реакции
25.056
Сега ми јавија од централа дека овој пост што го пишувам овде е мојот 4.000 пост. Сфаќам... И се чудам тоа како е можно еден форум да промени некого и да му стане многу значаен.
Сретнав многу пријатели, сум зборувал за тоа како го конзумирам медот се' до најновиве случувања - ги бистриме теориите на деданое.

Сите сме различни, ете некој верува во судбина, некој е посебен, некој е фејкер, некој е паметен, некој фасцинира, некој лаже, некој е глуп, некој е учител...

Она што сакам да го кажам е дека сепак на форумов некој чита. Не тролува секој. Мило ми е што сум седнал да прочитам толку многу работи, искуства од толку различни луѓе.
Им се восхитувам на луѓе кои не сум ги запознал, како што за некои фудбалскиот тим е религија.
Но, не е воопшто наивно да речам дека некои однесувања и размислувања на луѓето во живо се воопшто поразлични од тие што ги прикажуваат овде. Изгледа од желбата за создавање нов идентитет... Како талентираниот господин Рипли.

Овие 4.000 мислења си ги посветувам прво себеси. Потоа им ги посветувам на сите ликови кои влијаеле на нивното оформување, на сите теми отворени на културен начин, на сите постови кои во себе содржат искреност и адекватност.
Ако нешто може да се научи, се учи и од форум.

Да не беше медот немаше да ја имам оваа убавина, да не беше форумов исто немаше да ја имам оваа убавина. Некогаш животот носи патишта за кои и самите не сме свесни.

Ти пиј си кафе, пиј си тутун, азното само ќе си дојт.

И дојде... Најубавите нешта ми се случиле, верувам дека тек ќе се случат уште повеќе, ама попретпазливо. Многу олоши се накотија и овде. Пазете кому верувате, некого сеуште не го имате сретнато. Како вика онаа - мирна вода брег рони.
Ама ете, верувајте ако сакате и вас да ви веруваат.

На крајот на краиштата, форумот треба да не' научи пред се' да читаме. Подобро да читаш и да научиш, отколку само да тролаш беспотребно. Ама и за ти да си кажиш нешто.
Жал ми е што во последно многу омраза се шири меѓу форумџии, а и многу се оптеретуваат во секојдневниот живот. Си мислат форумов е само за оговарање, па ајде ќе седниме и ќе фаќаме сеири кој за што се пожалил.

Затоа ич да не ви е гајле, синкир некој ќе се нажалит ако напишите и сте искрени. Еее.... Се злоупотребува тоа. За мети на оговарање има многу, ама тоа го прават форумџии кои немаат некојси реален живот. Поздрав дечки, ама овој пост не е за вас. Бркајте работа.

Да не должам многу, конечно сфатив дека... Чекајте, момент, ќе болдирам.
Kajgana connecting people...
Стварно е така... Има златни деца на форумов, но некои се зближуваат ради она "непријателот на мојот непријател е мој пријател" или она "непријателот на мојата пријателка е мој непријател".... Или слично.

Ама Кајгана Форум е пред се форум за учење. И ќе продолжам да читам, се' додека постојат членови кои ме фасцинираат и секој нивни пост е како одличен како утринска лажица мед, ќе продолжам да читам...

А оние членови за кои зборував дека ги донесе форумов... Тие секако ќе си се пронајдат во овој пост.
Како беше онаа песнана од Петре М. Андреевски - кажав се, ама знам дека нешто не кажав, а незнам што не кажав.
Тоа е тоа од мене.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Дека 90% од луѓето шо ги знам носат маски секој ден,не само денес.Али некад мора да ги тргнат за да земат воздух така да се погоди повеќето у исто време да ги симнат.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Конечно сфатив дека веќе немам муабет со тебе...се ти иам кажано...за некое чудо и ти....
Но малце не чини тоа...ама незнам што да направам...само сакам да те видам...тој поглед ке ти каже се...

ми фалиш...
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Сигурно некој ме пререкнал, ова не е нормално, од 7 месеци 5 пати да сум ептен болна??? Еве пак лежам и више аман од се вакво. Да да дефинитивно сфатив дека, некој ме пререкнал зашто ова не е нормално. Мамата негова:nerv:
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Дека во Битола најубај фраери имат:icon_cool
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Повлечи се. Никој не те прашува како си за да ти помогне, вистински не ги интересира многу твојата состојба, туку само така ќе имат повеќе за муабет...

Многу си отворен, иако мислиш е тоа најдоброто и така си најискрен, сепак, излажи, кажи дека се е во ред, со отвореноста и искреноста само ги повредуваш тие кои најмалку сакаш да ги повредиш...

Соочи се со реалноста, три месеци во облаци, но реалноста удира силно. Посебно кога си правиш некоја друга во главата, не сакаш да си ги отвориш очите, да се разбудиш од прекрасниот сон...

Сега, земи воздух, длабоко, најдлабоко колку што си способен, издери се, најсилно. Нека те слушнат, и така само ќе се насмеат, но тоа да не те засега многу...

Што и да биде... Три месеци, три прекрасни месеци. Заблагодари и се на девојката, дозволи и таа да одлучи што понатаму, доста беше од тебе. Дај и малку слобода, ако мисли дека не треба да продолжите, нека е така...

Се обиде најдобро што можеше, и сеуште се обидуваш, чувствуваш дека стануваш премногу упорен, а и досаден. Добиваш несигурност, не заради тоа што ти го чувствуваш спрема неа, туку бидејќи не знаеш дали е вистинско тоа што таа го чувствува спрема тебе. Премногу и веруваш, но таков си, од тоа нема бегање. Но и таа е таква, мирна, добра девојка, со прекрасен карактер. Тоа ти буди надеж дека нема да те повреди, но сепак, искуството од претходниот пат, и тој 0,01% несигурност, те јадат, многу...

Не заради неа, туку заради тебе. Самиот си си крив што вака се чувствуваш, а и ја повреди неа што и кажа дека вака се чувствуваш. Затоа престани. Што и да биде, ќе биде. Нема да ти е сеедно, ама животот продолжува...

Ти пак ќе паднеш во твојата позната декемвриска состојба, но ќе се извлечеш. Ќе успееш да поминеш низ неа, како што веќе тоа го направи еднаш, ќе го направиш и повторно (доколку дојде до тоа)...

Само едно ме плаши, каков ќе излезеш од тоа...

(си говорам во трето лице...)
 

Hermanita..

фармацевт
Член од
13 јули 2008
Мислења
10
Поени од реакции
1
konecno sfatif deka:
sara it's the best
nate e opasna ko bezopasna
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Конечно сфатив дека колку и да сакаш некој и нешто дека неможеш секогаш да го добиеш...Дека колку и да тагуваш по некој и колку и да сакаш некој дека нема секогаш таа љубов да ти биде возвратена...Конечно сфатив колку ми фалиш и дека никогаш не требаше да ти го кажам тоа што ти го кажав :( и сега се каам али касно е...Исто сфатив дека не треба секогаш по секоја цена да бидеме искрени и дека во моментите на нервоза треба да имаме самоконтрола затоа што незнаеме дали тоа што ќе го кажеме [без разлика дали го мислиме или не] ќе повреди некој или пак ќе го смени нашиот живот во сосема друг правец...И тоа е тоа...
 
L

LEPOTICKA_SWEET

Гостин
сватив дека не треба секогас до крај са им се препустас на емоциите
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
...дека уствари не ги познавам ни приближно блиските ко шо мислев:nesum:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Сфатив дека за нигде е животов, све е за нигде
 

Kajgana Shop

На врв Bottom