Повлечи се. Никој не те прашува како си за да ти помогне, вистински не ги интересира многу твојата состојба, туку само така ќе имат повеќе за муабет...
Многу си отворен, иако мислиш е тоа најдоброто и така си најискрен, сепак, излажи, кажи дека се е во ред, со отвореноста и искреноста само ги повредуваш тие кои најмалку сакаш да ги повредиш...
Соочи се со реалноста, три месеци во облаци, но реалноста удира силно. Посебно кога си правиш некоја друга во главата, не сакаш да си ги отвориш очите, да се разбудиш од прекрасниот сон...
Сега, земи воздух, длабоко, најдлабоко колку што си способен, издери се, најсилно. Нека те слушнат, и така само ќе се насмеат, но тоа да не те засега многу...
Што и да биде... Три месеци, три прекрасни месеци. Заблагодари и се на девојката, дозволи и таа да одлучи што понатаму, доста беше од тебе. Дај и малку слобода, ако мисли дека не треба да продолжите, нека е така...
Се обиде најдобро што можеше, и сеуште се обидуваш, чувствуваш дека стануваш премногу упорен, а и досаден. Добиваш несигурност, не заради тоа што ти го чувствуваш спрема неа, туку бидејќи не знаеш дали е вистинско тоа што таа го чувствува спрема тебе. Премногу и веруваш, но таков си, од тоа нема бегање. Но и таа е таква, мирна, добра девојка, со прекрасен карактер. Тоа ти буди надеж дека нема да те повреди, но сепак, искуството од претходниот пат, и тој 0,01% несигурност, те јадат, многу...
Не заради неа, туку заради тебе. Самиот си си крив што вака се чувствуваш, а и ја повреди неа што и кажа дека вака се чувствуваш. Затоа престани. Што и да биде, ќе биде. Нема да ти е сеедно, ама животот продолжува...
Ти пак ќе паднеш во твојата позната декемвриска состојба, но ќе се извлечеш. Ќе успееш да поминеш низ неа, како што веќе тоа го направи еднаш, ќе го направиш и повторно (доколку дојде до тоа)...
Само едно ме плаши, каков ќе излезеш од тоа...
(си говорам во трето лице...)