Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Јас во суштина сум многу комуникативна, кога ќе ја надминам првата бариера на срамежливост. Сериозно, срамежлива сум, ама тоа некако знам и да го поттиснам и да не влијае врз мојата комуникативност. Не знам, зависи, во некои случаи уста не отворам, премногу се стегам и цела се блокирам, па единствено нешто што ќе ми излезе од уста е глупост некоја, а некогаш треба да ми стаиш фластер на уста за да заќутам. Некогаш од прва сум стварно опуштена со луѓето, некогаш навистина ми треба време да се опуштам. Зависи од денот, месецот, периодот. Значи срамежлива сум, ама и комуникативна. Можеби во некои случаи нема јас да преземам иницијатива за започнување муабет, ама ако мене ми почнат муабет си правам муабет најнормално.