Комуникативни или повлечени?

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Не мора да значи дека ако некој е молчалив е подмукол или такво нешто. Може едноставно таков си е човекот по табиет, може па нема што да каже во моментот или па не му е погоден муабетот.

Јас по природа не зборувам многу. Посебно не кога сум во друштво на не толку познати луѓе. Обично прво ја испитувам атмосферата. Дали можам да се вклучам во муабетот и дали е ок да се прави опуштен муабет или треба да се биде малку посериозен.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Некогаш и да има што да кажеш едноставно не вреди. Прво испитуваш дали ти одговара за муабет, ако не си ќутиш. Зависи си и од расположение.

Не е работа да отвараш уста со секого и демек комуникативен и на крај ништо корисно да не кажеш. Молчењето е злато.



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.080
Во друштво секој може да испита ситуација, да реши дали да ломоти повеќе или не. Имаш простор за тоа секако.
Еден на еден, ужасно ме нервираат молчаливи луѓе и со такви ама воопшто неам нерви да влечам муабет.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Во друштво секој може да испита ситуација, да реши дали да ломоти повеќе или не. Имаш простор за тоа секако.
Еден на еден, ужасно ме нервираат молчаливи луѓе и со такви ама воопшто неам нерви да влечам муабет.
Па сега и ова „еден на еден“ зависи од ситуација. На состанок или кафе средба нормално дека е глупо да нема муабет. И јас во таква ситуација нејќам луѓе на кои треба зборовите со клешта да им ги вадиш од уста.

Од друга страна, ако некој комплетен странец седне до мене во автобус, најчесто ме нервира било каков муабет. Секако муабет со некој што најверојатно веќе никогаш нема да го видиш е млатење празна слама.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.080
Па сега и ова „еден на еден“ зависи од ситуација. На состанок или кафе средба нормално дека е глупо да нема муабет. И јас во таква ситуација нејќам луѓе на кои треба зборовите со клешта да им ги вадиш од уста.

Од друга страна, ако некој комплетен странец седне до мене во автобус, најчесто ме нервира било каков муабет. Секако муабет со некој што најверојатно веќе никогаш нема да го видиш е млатење празна слама.
Нормално дека вторава ситуација не ја земам во предвид, тоа е веќе друга тематика.
Затоа си бираме за друштво и за дружење луѓе што ни одговараат, јас во поблизок круг немам намќори и луѓе што не знаат муабет да сврзат. Али исто и некои рандом познаници, ако се фатиш во тесно некогаш да ете мора да поседиш и да сврзиш најрандом муабет, мене бар не ми е тешко да одглумам пола саат заинтересираност.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.698
Поени од реакции
42.284
Мајче не трпи глупаци, досадни ликови фак оф, она нема да ве забавува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom