Комунизам, злото на 20-от век?

Член од
12 март 2009
Мислења
20.157
Поени од реакции
16.297
сакале или не, во иднина не и гинат на Европа и УСА КОМУНИ, како во израел Кибуците.... па и сега има Комуни во УСА...
Под Комуни подразмирам заедници каде нема брак, не се знаат татковците, СИТЕ деца се Заеднички, НЕМА наследување...
Императив за ова ќе биде Епидемијата на Аутизмот и деца со посебни потреби..
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2020
Мислења
87
Поени од реакции
163
Оснвна цел е СЛОБОДА!
Се однесува на тнр корпус на национални, политички и економски слободи (во нашиот случај баш по овој редослед),
Каква слобода, кога државата контролира буквално сè? Какви се тие политички слободи кога е дозволена само една партија? Какви се тие економски слободи кога државата ја контролира економијата и немаш право на сопствен бизнис?
Слобода и комунизам во иста реченица.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.435
Поени од реакции
5.149

а убаво напишав ама не тешко е да се чита со разбирање, изгледа тоа претставува исклучителен напор.
Постави прашања, ти одговорив тоа што не ти се допаѓаат одговорите или не сакаш да се потрудиш да разбереш што е напишано е заморно.
Ајде ти си во право немам живци да се убедувам и елаборирам.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.456
Па ова е основна одлика на комунизам. Мешање не само во економијата, туку и во твојот приватен живот: ќе јадеш бубачки наместо месо, нема да возиш кола заради "глобално затоплување", за доброто на планетата. Што ако името на системот е капитализам кога делата се комунистички. Работата е слушај ме што ти велам, не гледај што правам.
Денес имаме некаков хибрид на глобално ниво каде има примеси на капитализам, планирана економија, слобода за движење на капиталот но рестрикции за движење на трудот, понекаде фашизоидни тенденции понекаде марксистички идеи и сето тоа под светињата на масовниот консумеризам поради кој т.н. "НР Кина" (узурпаторска творевина, правата Кина е Република Кина на Куо Мин Танг) прерасна во светски економски фактор и го промени животот на сите нас. Нешто на подобро, нешто на полошо, останува да се види понатаму.
Ние сме малку во заблуда како некогашни Југословени бидејќи титовата идеја за социјализам т.е. пазарен социјализам бил во спротивност со 100% планирање и микроменаџирање на економија од конгломерати за ураниум па со до бербери и пиљари.
Во Југа тоа го немаше а подоцна веќе се развија солидни приватни фирми.
Може да се каже дека од сето зло на бољшевизмот ние имавме среќа да го доживеевме во најблага форма. Па види само уметноста и популарната култура на кое ниво биле. Имам стари ВХС касети со Хит Мјесеца песни кои дебитирале тогаш а се слушаат и ден денес. Култни филмови, солидни писатели и сликари, дизајнери и што све не. Затоа луѓето од екс-ју имаат малку исчашена слика за бољшевизмот пошто во Југа слободно се слушаа Стонси и Пистолси.
 
Вие демократите сте многу чудни створови, човек не може да ви се начуди.

Значи во таа ЕхЈУ слободно се слушало и читало... и каде стигнавме денес сос вас демократите, се забаранува изведба на Чајковски во ...., Толстој Достоевски не било здраво да се читат, се демократски, многу сте го напреднуеле

сепак еве малку, мислам дека форумов не ги следи баш сите демократски процедури,

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.078
Најголемиот проблем со комунизмот, и затоа што никогаш нема да "успее" е затоа што треба сите да се подеднакво идеолози. Не може комунизам со непотизам, не може комунизам со забушанти, не може комунизам со корупција.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
12.331
Најголемиот проблем со комунизмот, и затоа што никогаш нема да "успее" е затоа што треба сите да се подеднакво идеолози. Не може комунизам со непотизам, не може комунизам со забушанти, не може комунизам со корупција.
Комунизмот е некомпатибилен со човечката природа, бидејќи дури и кога сите луѓе би имале исти плати, би поседувале исти работи, би живееле во исти услови, секогаш човечките потреби ќе бидат различни и секој човек ќе си има различни приоритети и пред се` различни начини на размислување.

Ваквите разлики помеѓу човечките индивидуи секогаш ќе резултираат со тоа што едни ќе се навикнат на тоа што веќе го имаат и кое што веќе го постигнале, а други ќе сакаат да имаат повеќе и да постигнат повеќе, и ќе работат на тоа да имаат и да постигнат повеќе - некои по легален пат, а некои по нелегален пат.

Тоа е основна карактеристика на човечката индивидуа: личните скромности и амбиции.

Едни ќе се задоволат со јавен превоз, други ќе сакаат да поседуваат сопствен велосипед или мотоцикл, трети ќе сакаат да поседуваат сопствен автомобил.

Едни ќе се задоволат со одмор во Охрид, други ќе се задоволат со одмор во гејлада, трети ќе се задоволат со одмор во некоја трета држава со излез на Средоземно Море или подалеку.

И кога ќе почнат да стануваат се` поочигледни таквите разлики помеѓу тие кои си легнале на брашното и тие кои сакаат повеќе, овие првите или ќе квичат поради завист и незадоволство, или ќе одлучат да го следат примерот на тие вторите со цел да ги достигнат или ако е изводливо и да ги надминат, додека вторите или ќе откријат нова горна граница која ќе ги задоволи нивните потреби, или ќе продолжат да ги прошируваат границите на сопствените амбиции до бескрај или додека не се задоволат со тоа што го имаат и со тоа кое што го постигнале.

Во било кое сценарио, идејата за социо-економска еднаквост ќе остане само идеја бидејќи огромен дел од човечкиот род - можеби не мнозинството, но сепак огромен дел - секогаш ќе тежнеат кон повеќе и кон подобро, а тоа не е компатибилно со комунизмот како идеја според која сите ќе бидат исти и еднакви.

Сите сме исти и еднакви под кожата, сме дошле на овој свет без ништо и ќе си заминеме од овој свет без ништо, единствено ќе вреди тоа што сме го постигнале додека сме гостувале на овој свет, а ќе вреди само за нас додека сме живи и за живите кои се блиски до нас.
 
Затоа и реков сите треба да се подеднакво идеолози. Кој ќе даде се од себе и иновира кога зема плата исто колку на тој што не му се работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom