Комунизам, злото на 20-от век?

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.991
Поени од реакции
9.304
Интересно но на Голи Оток и Св.Гргур вкупно 1948-56 биле заточени 16101 лица од кои 413 биле убиени. Далеку од тоа да оправдувам таква абоминација пошто имав пример на заточеник во ближа фамилија, но цифрата е многу помала од оние наводни 35К мртви со кои баратаа некои четничко настроени медиуми.
Па само во цурењето на отровен гас од ултракапиталистичката корпорација Јунион Карбајд во Бопал, Индија имало околу 9600 мртви и десетици илјади со трајни последици.
Комунизмот како злочиначки систем е прилично добро покриен, но што е со капитализмот? Колку жртви се паднати во најбаналната трка по екстрапрофити?
Дали е можен капитализам кој нема да коси животи, кој нема да држи полуробови, кој нема да корупмира политичари за свои цели? Дали капитализмот ќе биде злото на 21.век?
Полека ќе дојдеш до заклучок дека секој систем е зло, хиерархијата е зло и тука доаѓаме до почетокот.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.891
Поени од реакции
6.368

Мора да постои некој систем кој не е зло. Хиерархијата сама по себе не е зло доколку е органска и се базира на merit а не на сила и декрет.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605
Дали капитализмот ќе биде злото на 21.век?
А каде тоа имаш капитализам...
Автоматски споено мислење:

Полека ќе дојдеш до заклучок дека секој систем е зло, хиерархијата е зло и тука доаѓаме до почетокот.
Како може хиерархија да е зло, кога нашата планета, а и нашиот сончев систем подлежат на тој принцип?
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.972
Поени од реакции
24.309
Мора да постои некој систем кој не е зло.
Во оваа реченица се состои уствари заблудата што не ја гледаат разноразни комунисти, анархисти и останати идеалисти. Они во системот гледаат како некоја "мистична сила" која таму негде лебди во воздухот и го кочи човештвото и хуманизмот. Ако ги прашаш оние анархо-манархо шутраци ќе ти кажат капитализмот е крив и ние се бориме против него, не сфаќајќи дека луѓето се уствари капитализмот.
Тоа е исто како сега човек од 160 кола да вика дебел сум ради фармеркиве, мора да постојат фармерки со кои ќе бидам слаб.
 
Не е баш толку едноставно, дијаектика е у прашање....на стаорецот му растат заби затоа што му се трошат додека грицка а од друга страна мора нон стоп да грицка затоа што ќе му пораснат многу и ќе умре како последица на истото. Станува збор за повратна спрега со тоа што у случајов со системот од страна нон стоп некој интервенира...некој што е надвор од системот и над системот.
 
И порано и сега на сите оние кои "капитализмот им е крив за сите лоши работи во светот денес" им препорачувам да ја гледаат епизодата на Саут Парк со Вол Март. Ја има бесплатно на нивната страна, буквално објаснето како на мало дете што е капитализам, како функционира и зошто работите се такви какви што се. Ако и после тоа не сфатат џабе е се.

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.891
Поени од реакции
6.368
Во оваа реченица се состои уствари заблудата што не ја гледаат разноразни комунисти, анархисти и останати идеалисти. Они во системот гледаат како некоја "мистична сила" која таму негде лебди во воздухот и го кочи човештвото и хуманизмот. Ако ги прашаш оние анархо-манархо шутраци ќе ти кажат капитализмот е крив и ние се бориме против него, не сфаќајќи дека луѓето се уствари капитализмот.
Тоа е исто како сега човек од 160 кола да вика дебел сум ради фармеркиве, мора да постојат фармерки со кои ќе бидам слаб.
Општествата и економските системи еволуираат и се менуваат, капитализмот не е вечен. Еден ден ќе застари и секако ќе се појават алтернативи. Гледано историски секогаш системите подложат на промена. Јас додуша добро се снаоѓам на слободен и нерегулиран (барем засега) пазар, ако тргнам од моја гледна точка тогаш капитаизмот би бил ок. Но постоењето на робови во ова доба кои умираат од рмбачење пошто работаат по цел ден со цевка на калаш на глава за да морбидно дебел амер може да си дозволи да изеде кило чоколадо во еден ден...не чини, греота е, и самиот Исус би заплакал над судбината на милијарди луѓе. Каде се тука Христијанските вредности, зарем Бог го создал човекот за да се мачи цел живот, живот кој е вистинско чудо на чудата во универзумот?
Автоматски споено мислење:

А каде тоа имаш капитализам...
Автоматски споено мислење:

Како може хиерархија да е зло, кога нашата планета, а и нашиот сончев систем подлежат на тој принцип?
Па го има насекаде во форма на државен капитализам, многу малку има слободен пазар бидејќи државата се меша и каде треба и каде не треба. Интересно што за капиталот нема граници но за трудот има милион услови и прописи. Многу е важно да направиме разлика меѓу добивка (профит) кој е легитимна ствар и основен мотиватор и од друга страна екстрапрофитот кој се базира на монополи, државни интервенции, организирана оружена сила во заштита на монополи, закинување на трудот, најбезочна алчност, анимална лакомост.
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.972
Поени од реакции
24.309
Јас додуша добро се снаоѓам на слободен и нерегулиран (барем засега) пазар
Многу јасно и очекувано, сепак си Влав.

Општествата и економските системи еволуираат и се менуваат, капитализмот не е вечен. Еден ден ќе застари и секако ќе се појават алтернативи. Гледано историски секогаш системите подложат на промена. Јас додуша добро се снаоѓам на слободен и нерегулиран (барем засега) пазар, ако тргнам од моја гледна точка тогаш капитаизмот би бил ок. Но постоењето на робови во ова доба кои умираат од рмбачење пошто работаат по цел ден со цевка на калаш на глава за да морбидно дебел амер може да си дозволи да изеде кило чоколадо во еден ден...не чини, греота е, и самиот Исус би заплакал над судбината на милијарди луѓе. Каде се тука Христијанските вредности, зарем Бог го создал човекот за да се мачи цел живот, живот кој е вистинско чудо на чудата во универзумот?
Нека не купуваат бе. Еве да ја земеме за пример текстилната индустрија иако примерот важи секаде. Еден дуксер во нескапите бутици на Ист Гејт мол кошта 600 денари. Маде ин Бангладеш. Значи некој садел памук, го преработувал, тоа после се процесирало, некој го шиел за 2 долари на ден, го качил на брод, платил транспорт, царина, данок, закупнина на простор, струја, фирмарини, 300 глупости за ти да го купиш за 600 денари. Па нека бојкотираат луѓето. Нека купуваат само алишта од проверени хумани фирми. Ама на никој не му ебитно тоа. Он си купил дуксер за 600, нов лаптоп за 200 евра, лустер за 20 евра. Не го интересира на кој начин долшло до таа евтина цена. Повеќето дури и знаат, да одиме на улица и да прашаме луѓе дали знаат дека патиките им се правени од индонезиски светшопови сигурно добар број нема да бидат изненадени ама тоа воопшто нема да ги спречи да купуваат и понатаму. Јас дури можам да се кладам дека дури и ти поседуваш минимум 1 предмет дома изработен во нехумани услови, тоа кобалтот што ти е во мобилниот што мислиш како стигнал до таму?
Спремно ли е мнозинството од човештвото да поседува помалку и да плати поскапо за сметка на подобар третман на некој си таму од другата страна на светот. Би платил ти за обична јакна 500 евра, за мобилен телефон 1000 евра што сега е 200 евра итн, итн... И ако да уште колку се како тебе?

Ако на главните на Најк(и) им го предочиш ова комотно ќе ти го кажат следново: Ако ние почнеме да правиме патики по пропис и во хумани услови ќе треба цената да ја дигнеме пример пута 3. Луѓето пошто кур не ги боли во какви услови се изработени патиките едноставно ќе одат во Адидас или Рибок и ќе го купат еквивалентниот модел на нашиот што во превод на крајот на денот значи да ставиме клуч на врата да ги отуштиме сите и да останеме без работа. Од тој аспект секоја хумана заложба на една фирма е самоубиствена за самата фирма и да сакаат да бидат тоа води во нивна пропаст. Зошто? Затоа што на обичниот народ кур не му чуе за некаков третман на некакви работници се додека по прифатлива цена ги добива продуктите што ги сака.

Системот е одраз на НЗС-то на луѓето што живеат во него. И тука прекинува секоја дебата за општествените системи колку се зли, како треба да се бориме против нив и слично. И зошто анархистите, комунистите и слично се тешки дебили.
 
Влав кој не знае да штеди, не бидува икономист од мене :)
Според пишуваното, дали си фан на Франсис Фукујама?

Кобалт и особено Колтан 90% доаѓаат од Конго-Киншаса,земја со неизмеливи ресурси и поволна клима која тавори а дното по сите параметри. Деца ос осум години во рудник. Ако пак скраја било, се организира штрајк веднаш доаѓаат приватни паравојски или локална полиција кој пука кон штрајкачите.
Не знам колку би се наголемиле цените на производите доколку корпорациите плаќаат доволно за да работник физички преживее. Не верувам да телефон од 200 ќе скокне на 1000, можеби накај 300.
Денес е актуелна АИ со можност да затвори барем 6/10 од работните места, веќе има по маркети на запад сам си куцаш сметка и нема контакт со живо битие.
Алиенацијата и атомизацијата се голем проблем денес а во иднина ќе биде помор. Во трката за идеален работник кој ќе работи без да мисли, да лови дивиденди и остварува профит, државниот капитализам се определи за АИ. Може да е кобно за цела планета.

Капитализмот во спрега со државата е ужас. Дали ти текнува Т-Мобиле и тој маџарот?
Бољшевизмот се покажа како ужас над ужасите, анархизмот не знам дали имал прилика да биде воспоставен па така тешко е да се каже.
Кој би можел да знае, се говори за оној гарантиран приход не ми текнува точно името, има и други елементи така што во иднина државниот капитализам ќе мора да се соочи со конкурентни економски модели а према тоа и општествени. Точно, сите треба да работиме на свеста и совеста. Ние Христијаните не смееме да бидеме слепи и глуви на плачот и лелекот на милиони заточени робови, секој треба да тргне од себе и најблиската околина. Тоа ќе потрае можеби еден век ама досега сите економски системи пропаѓале па државниот капитализам нема да биде исклучок.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.244
Поени од реакции
7.605
Па го има насекаде во форма на државен капитализам, многу малку има слободен пазар бидејќи државата се меша и каде треба и каде не треба. Интересно што за капиталот нема граници но за трудот има милион услови и прописи. Многу е важно да направиме разлика меѓу добивка (профит) кој е легитимна ствар и основен мотиватор и од друга страна екстрапрофитот кој се базира на монополи, државни интервенции, организирана оружена сила во заштита на монополи, закинување на трудот, најбезочна алчност, анимална лакомост.
Значи немаш капитализам. Ваквиот државен систем кој го имаме е главен виновник за сите проблеми за нормален природен развој.
Монопол зависи како е настанат, бидејќи секоја нова идеа на почеток ти е монопол. После конкуренцијата си го прави својот дел.
Лакомост е природна човечка особина, ама кога би имале капитализам, пазарот тоа ќе врати во нормални граници

".....општото добро или јавен интерес е недефениран концепт, не постои таков ентитет како заедница или јавност. Заедница или јавност е само бројка на индивидуи, така што не може да биде добро за заедницата или јавен интерес, бидејќи, (добро) и (вредност) се однесува само на жив организам.
Кога општото добро се смета за нешто одделно и супериорно во однос на индивидуалното добро, тоа значи дека доброто за одреден дел од заедницата станува приоритет, на сметка на други, тогаш, тие другите добиваат статус на жртвени јагниња."

1727944261557.png
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.405
Поени од реакции
5.117
Интересно но на Голи Оток и Св.Гргур вкупно 1948-56 биле заточени 16101 лица од кои 413 биле убиени. Далеку од тоа да оправдувам таква абоминација пошто имав пример на заточеник во ближа фамилија, но цифрата е многу помала од оние наводни 35К мртви со кои баратаа некои четничко настроени медиуми.
Има некој извор за овие тврдења?
Овие 413 убиени, е премногу слободно како да си некој новинар, од кого се убиени има некоја документација за тоа или објавија медиумите ?

Тоа е исто како сега човек од 160 кола да вика дебел сум ради фармеркиве, мора да постојат фармерки со кои ќе бидам слаб.
Човекот е во право не е дебел туку фармерките му се тесни! :)
Примерот е несодветен.
 
Член од
4 март 2020
Мислења
87
Поени од реакции
163
многу малку има слободен пазар бидејќи државата се меша и каде треба и каде не треба.
Па ова е основна одлика на комунизам. Мешање не само во економијата, туку и во твојот приватен живот: ќе јадеш бубачки наместо месо, нема да возиш кола заради "глобално затоплување", за доброто на планетата. Што ако името на системот е капитализам кога делата се комунистички. Работата е слушај ме што ти велам, не гледај што правам.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.405
Поени од реакции
5.117
Па ова е основна одлика на комунизам. Мешање не само во економијата, туку и во твојот приватен живот: ќе јадеш бубачки наместо месо, нема да возиш кола заради "глобално затоплување", за доброто на планетата. Што ако името на системот е капитализам кога делата се комунистички. Работата е слушај ме што ти велам, не гледај што правам.
Во кое школо учеше што е комунизам?
Или како и повеќето на форумов од демократските медиуми и интернет ти се сознанијата :)
 
Член од
4 март 2020
Мислења
87
Поени од реакции
163
Во кое школо учеше што е комунизам?
Или како и повеќето на форумов од демократските медиуми и интернет ти се сознанијата :)
Епа ајде кажи дали овие не се основни начела на комунизмот? Демократските влади против кои говориш со толку комунистички дела се поголеми комунисти од СССР. Или за тебе само чекан и срп на знамето значи комунизам? И што толку добро виде од овој систем кога секогаш остава руина после него?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.405
Поени од реакции
5.117
Епа ајде кажи дали овие не се основни начела на комунизмот?
НЕ! не се тоа основни начела на комунизмот.
Оснвна цел е СЛОБОДА!
Се однесува на тнр корпус на национални, политички и економски слободи (во нашиот случај баш по овој редослед), значи воспоставување на нов поправеден вредносен систем.
Не мешај политички систем со идеологија (не се работи за иста работа), секој систем забегува и на крајот завршува во тиранија...
Најмногу комунизмот изгуби затоа што нудеше РАЈ на земјата (повторно говорам за идеологија не за политички системи), за такво нешто потребно е ....

Демократските влади против кои говориш со толку комунистички дела се поголеми комунисти од СССР.
Она што го пишувам против демонкратските валади нема врска со твоево тресење... и како што реков правиш замена на тези забегуењето на тие влади не е во водите на комунизмот туку во водите на фашизмот ама тоа да се разбере потребни се предзнаења за идеологии и политички системи.

Или за тебе само чекан и срп на знамето значи комунизам?
Тоа се симболи и сведување на работите на симболика е бегање од суштината.

И што толку добро виде од овој систем кога секогаш остава руина после него?
Ако сакаш одговор на ова прашање мора да знам на која возраст си, колку години имаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom