Секој со свој вкус и преференци
Тоа што го обележав со црвените букви, за мене тоа е неинтелигентно куче, сам си го даде одговорот зашто го сметам за неинтелигентен Англискиот Булдог.
И тоа се причините зошто никогаш во животот не би чувала Англиски Булдог, па макар и на подарок да ми го даваат ... моето правило е, се' што лета не се јаде.
За мене се знае што е куче, само Доберман и Ротвајлер признавам, германски машини се буквално.
Исклучително високоинтелигентни раси се, пребрзо учат и разбираат, лесни се за дресура, имаат совршен карактер, изглед, темперамент ... буквално поседуваат се' што треба да поседува едно совршено куче.
Баш овој муабет што подолу ќе го кажам, им го кажував на
@Papillon.Papi,
@SnowDOG,
@Grmys,
@Demonized ... пред 2 дена кога бевме на прошетка во парк.
Мене другар ми, ми дава на подарок Дого Аргентино.
Ги знам и таткото и мајката на леглото.
Јас сум и како втор сопственик на мајката на леглото, буквално секој ден се шетаме заедно во парк, јас со Доберманката и другар ми, и другарка ми со Догото Аргентино, женката (мајката на леглово).
Заедно на изложби сме ги носеле кучињата, станаа шампиони на Македонија и мојата Доберманка и женката Дого Аргентино, и плус имаат шампионско потекло, дедовци баби, се се тоа шампиони.
Исто и таткото на леглото е совршен мажјак, шампион е исто, и исто со шампионско потекло.
Јас до Куманово одев со другарка ми за да ја однесеме женкава на парење кај мажјакот, од Куманово се сопствениците на мажјакот, а го имаат купено од Лесковац, од светски познатата одгледувашница „
De La Paco Cassa“
Сакам да го опишам квалитетот на леглово, од какви родители потекнуваат кученцава на другар ми
Знаеш што значи да имаш таква шанса да земеш Дого Аргентино со таков врвен квалитет на подарок?
И да, замисли го одбив
Едноставно и од злато нека е напраено кучето, не го зимам ако не ги исполнува моите критериуми.
Ако би чувала второ куче, тоа најверојатно би бил уште еден Доберман, сега имам женка, а сакам да чувам и мажјак, или Ротвајлер ... изборот би бил првенствено помеѓу тие 2 раси.