Комплекси, фрустрации...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака темата е за комплексите.
Често слушам изрази од типот : Ај лечи си комплекси на друго место или Типот/Типката е искомплексиран/а до крај.

Што се всушност комплексите?
Како настануваат?
Дали навистина може луѓето да ги лечат со тоа што ќе напаѓаат други или тоа е само израз?
Како може човек да ги победи комплексите?
Дали настануваат како производ на ниска самодоверба?
Дали ако човек го навредуваат,почнува да се искомплексирува? Или тоа е производ на околината и општеството?

И уште нешто дали искомплексираност и исфрустрираност е едното исто?Ако не е,што е разликата?
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Kompleks spored mene (ne se vodam po strucni literaturi) e mislenje koe drugite ti go nametnuvaat za samata sebe. Primer: ti vikaat da receme lele kolkavi golemi noze mozebi potsvesno samata znaes deka nozete ti se golemi no nikoga go nemas slusnato toa od nekoj drug i podocna probuvas nekako da go prikries toj "nedostatok". Znaci treba da bides nesigurna vo sebe za nekoj da ti nametne kompleks.

Frustracijata nastanuva sama po sebe od nemoznosta da ja promenis situacijata ili nekoj del koj tebe ne ti se dopagja.
Znaci spored mene frustracijata i iskompleksiranosta se mnogu bliski no sepak razlicni cuvstva.
Ova e samo moj pogled na rabotite:smir:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Комплески...ниска вредност...што ќе кажат другите...сето тоа мава на психа,затоа според мене ако сами не се почитувате и сакате никој нема тоа да го прави за вас,што викаат другите ако самите не решите никој нема да ви реши,слушајте совети но не ги прифаќајте по секоја цена...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Комплексите всушност според мене се израз на ниска самодоверба претежно создадена од околината т.е од луѓето.
Многу девојки се комплексираат затоа што не се слабик о девојките во магазините на пример или затоа што некој им рекол дека се дебели. Проблемот е што често некоја злобна забелешка може многу негативно да влијае врз самодовербата на човекот и да си ги создаде тие комплекси.
Што знам, обично оние што ги нарекуваат дека лечат комплекси никогаш не изгледаат така, па за тоа и не давам одговор на ова, затоа што не ми е јасно дали такво нешто постои.
Обично заради комплекси, човек може многу да се повлече и затвори во себе, што секако многу штетно влијае на психата на човекот и постојано е намуртен.
Ми имаат набиено комплекси ко помала и се уште се борам со нив. Само ретко покажувам дека ги имам. Нема зашто сите да знаат дека патам од ниска самодоверба. Насмевка една и глумење самодоверба ако треба, но не покажувам дека имам сомневања во врска со себе си.
Не знам како да се победат. Веројатно човек треба да е силно и психички подготвен и спремен и позитивно да размислува. Иако тоа е лесно да се каже, ама тешко е да се контролира сопствената психа.
Комплексите според мене се јавуваат во пораниот период, кога луѓето се покревки и тогаш се запознаваат со околината и општеството околу нив. Значи некаде тинејџерскиот период.
Мислам дека не е исто исфрустрираност и комплексираност. Мислам дека комплексите водат до тоа човек да биде фрустриран, но не мора да значи дека имаш по некој комплекс или ниска самодоверба и дека си исфрустриран, тоа веќе зависи колку човекот ќе го дозволи тоа.
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Комплексот според мене претставува искривена (намалена) слика за вредностите на одредена личност.

Јавувањето на ниска самодоверба (која подоцна води кон создавање на комплекси) кај личноста најпрвин започнува со односот на родителите спрема детето. Значи, ако тие уште кога детето е мало, наместо да ги пофалуваат неговите успеси, тие постојано го прекоруваат со цел да стане уште подобро, тоа резултира со разочараност и доведува до комплекс на ниска вредност.
Доколку ваквата појава продолжи и понатаму во развојот на личноста доведува до изолирање на личноста, фрустрации, секоја критика која се однесува на неа ја прифаќа тешко и е голем перфекционист.

Комплексите пак, кои се јавуваат подолго време поради одреден физички недостаток, можат да резултираат со т.н BDD или Body dysmorphic disorder што всушност е психичко нарушување на сликата за физичкиот изглед на личноста. Ваквите комплекси се манифестираат преку екстремно критички однос према својот изглед иако може и воопшто да не постои никаков видлив (за другите) недостаток.

Фрустрација е чувство кое пак се јавува во состојба кога личноста има доста важни (за неа) зацртани цели но не е во можност да ги оствари. Постои внатрешна и надворешна фрустрација.

Внатрешната фрустрација најчесто се јавува како резултат на ниска самодоверба.

Искомплексираните личности, често се обидуваат да им посочат, укажат разни недостатоци на другите бидејќи со тоа чувствуваат на некој начин моментална супериорност.
Сметам дека ако личноста уште од детството имала поддршка (гореспоменатото) од родителите, има стабилна основа и реална слика за себеси, околината не е таа која ќе доведе до стварање на комплекси.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Комплексите произлегуваат од предрасудите, потиснатите фрустрации, чувството на нижа вредност, срамот, неиживеаноста и од желбата да се биде нешто што не можеш да си...
Сето тоа ти создава еден погрешен филм во кој делуваш несоодветно во средината, искомплексирано:)
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Побитно,откако еден човек ги свати своите комплекси,свати дека поседува нешто од кое се срами и му дава чувство на помала вредност од другите,како тој човек би можел да се избори против тоа?
Како би можел да го излечи својот комплекс,кој очигледно му го отежнува животот?
Мислам дека најдобриот начин да го направи тоа,е да се прифати дека никој не е совршен,и да научи да се сака самиот себеси таков каков што е,а со тоа мислам и дека ке биде полесно прифатен од околината,ако тоа прифакање му значи....
Ofcourse,easier said than done....:toe:
Ваши мислења за лечењето комплекси?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Околу самите термини...Според некои дефиниции, постои разлика.
Фрустрација би било нешто како емоција која се раѓа во ситуации кога сме спречени(од било какви разлози) да ја постигнеме целта. Што е поголема желбата да се оствари одредена цел, тоа е поголема и фрустрацијата кога не успеваме во остварувањето. Како емоција, фрустрацијата може да се спореди со гнев.
Нешто слично е и конфликтот на мотиви. На пример, сакаме да бидеме препознаени во друштво и да комуницираме, а сме срамежливи и едвај разменуваме два збора со другите. Тогаш мотивот да се биде екстровертен е во конфликт со мотивот за само-презервација, манифестиран преку нашата интровертност, односно срамежливост. Тоа раѓа чувство на гнев кај нас самите, и не фруструира(во случајов збориме за внатрешна фрустрација).
Надворешна фрустрација е кога гневот го проектираме на други луѓе, ситуации и слично. Банален пример...Касниме некаде, а ни е важно да бидеме на време, и почнуваме во се околу да гледаме отежителна околност. Смета и лифтот, и семафорот...Во тој случај фрустрацијата ја трaнсферираме на надворешни субјекти и објекти, итд.

Комплексите пак, неминовно произлегуваат од незадоволството со самиот себе и недостатокот на верба во самиот себе, и се резултат на нашата интеракција/споредување со околината. Нешто како персонификација на надворешно незадоволство.
Обично влечат корен од најраното детство, и се создаваат така што конфликтите кои се околу нас ги персонифицираме и нашата совест ги преведува како порака дека нешто не е во ред со нас, а не со околината. Пример, еден од родителите не напушта како деца. Потсвеста тоа го тумачи како доказ дека нешто не е во ред со нас, дека не сме доволно вредни да бидеме сакани, итд. Тоа се врежува длабоко и потоа само се трансформира во разно разни комплекси. Па како адолесцент тоа ќе биде комплексот дека сме грди и не заслужуваме внимание, за подоцна да се преточи во комплексот дека не сме доволно добри во професијата, и така во недоглед.

Сепак, комплекс и фрустрација се испреплетени поими. Иако не сосема исти, зависат еден од друг. Комплексот раѓа фрустрација и обратно. Внатрешната фрустрација е често одраз на комплекс. Таа е чувствтото кое се раѓа како резултат. А, и после долг период на надворешна фрустрација, може да се створи комплекс.

Ух, се изнапишав. Ќе допишам околу она како може да се надминат и слично деновиве:)
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Фино сублимирано особено со поделбите на внатрешна и надворешна фрустрација. Би потенцирал дека долго репресирана фрустрација знае да избие и како надворешна и да се трансформира во нејзе. Се намалува автодеструктивноста од една страна, но од друга страна и се зголемува поради перверзно мачење на други луѓе, со што луѓето бегаат од “фрустрираниот“.
Ќе допишам околу она како може да се надминат и слично деновиве:)
Живо ме интересира што ќе напишеш, онака, од лично искуство.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Живо ме интересира што ќе напишеш, онака, од лично искуство.
Нема да биде од лично искуство, туку само нешто што го знам како факт од психологијата и го имам восприемено како рационално сознанение, но не и преточено во пракса.
Да беше поинаку, и јас ќе бев поинаква, а не ова.
Сепак, нека се заврши дискусијава околу тоа тука, за да не се оптеретува темата со непотребни муабети.
Благодарам.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Комплекси, фрустрации... недостаток на љубов кратко речено. Но и тие се еден вид тест, постои разлика од личност до личност, кој колку ќе ги покаже, некои се поприсебни и свесни за нив, други не, како - на мака се познаваат јунаците.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
И уште нешто дали искомплексираност и исфрустрираност е едното исто?Ако не е,што е разликата?
Фрустрацијата поттикнува појава на комплекс ако не е канализирана или излечена на некој начин. Целиот проблем околу тие исфрустрирани личности е во тоа што не поднесуваат да ја забележат истата `маана` и кај некој друг. Која е таа потреба, зошто исфрустрираниот ја лечи фрустрацијата преку други луѓе ?!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Немам што да додадам на тоа што веќе е кажано за комплексите само едно нешто ќе коментирам.Многу пати слушам а еве и тука на форум читам „...си лечи комплекси...“ или „ оди лечи си комплекси “ -значи кажано како тоа да е нешто лошо, нешто од што треба да се срамиме (добро, не е нешто со што треба да се гордееме ама...) и како поради тоа ние треба на некој начин да се оддалечиме од околината, демек прво да си излечиме комплексите па после ќе имаме право на мислење, коментирање за нешто...
Не верувам дека некој сака да има комплекси и од истите да страда и со истите да се измачува секојдневно па уште му фали и некој да му кажува фрази од таков тип...Всушност, ако веќе знаеме дека некој има комплекси човечки би било да се обидеме да му помогнеме да ги надмине наместо уште толку да му набиваме зашто со таквите фрази јас мислам дека човек може уште повеќе да се повлече во себе...
Дали комплексите не ослепуваат и не ни даваат да ја гледаме реалноста таква каква што е и поради тоа ако истите ги имаме и ако другите околу нас знаат дека ги имаме-во право се што не дискриминираат понекогаш?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.399
Поени од реакции
37
Од психичка гледна точка фрустрацијата претставува незадоволување на мотивите, а психолошката состојба во која се наога поединецот е наречена фрустрациона ситуација.Сите луге различно реагираат на фрустрациите...А додека комплексот всушност е опседнатост на личноста со некои работи како на пример со изгледот на своето тело.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Се согласувам со се одприлика што сте пишале,точно се доловени и комплексите и фрустрациите,ама ве гледам сите сте против.
Не велам дека се нешто добро,меѓутоа мое мислење е дека некогаш и потребни се комплекси,ама во сосем мала доза,од причина што:гледам едно девојче низ град,ептен е дебела,и се носи со тесни алишта со кои стомакот и се прави на три спрата што би се рекло.Разбирам дека не треба да се грижи за мислењето на другите,ама па сега кога не оди нешто не оди,навистина изгледа грдо,со спојлерите и со стомакот,и се преливаат.
Затоа велам за некои работи треба да се има умерено комплекси,ама само умерено,(сепак не личи да излезеш со мини сукња и со нозе како Х криви)да не прејдат во нешто повеќе.

Да не ме сфатите погрешно,не сум за комплексите,меѓутоа и не сум и за целосно немање гајле за мислењето на другите,сепак,некогаш,тоа мислење ни помага да не испаднеме будали пред другите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom