Комплекси, фрустрации...

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Јас сум жив доказ за искомплексираност и исфрустрираност. Како мал што и да сум правел тоа не ги задоволувало никои околу мене. Колку и да се трудам да направам нешто убаво сите тоа го гледаат како некое ѓубре што го нашле на улица. Дома не сум поддржан од никој, кога ке им кажам што сакам да правам ке ми речатт само едно "аха ке биде некогаш" и со тоа губам мотивација да правам што и да било. Дека сум мирен т.е. не се закачам со никој сите другари во школо ме удираат и се што може да се замисли. Повеке од 2,5 години немам излезено со другари. Дестинација ми е дома-школо, ништо повеќе. Кога ке ме викнеше некој заедно да излеземе од што сум среќен почнува глава да ме боли и не излагам. Од родителите не сум многу поддржуван ако ми требаат пари за да купам нешто треба да работам со нив за да ми дадат пари, а кога немаат пари ми ги земаат моите што ги имам собрано. И кога ке собереш се испаѓа дека сум за бардовци . Тоа што ми дава мотивација да работам е тоа што кога ке ми текне дека можам да постигнам нешто повеке од она што сум сега, односно да отидам во странство.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Фрустрации...

Денес, доста често се сретнуваме со луѓе кои се исфрустрирани, искомплексирани и што уште не.

Дали е сето тоа само погрешен став према животот, или е тоа незадоволство од она што сме, е токму она на кое би сакал да чујам ваш одговор.

Зашто има луѓе кои за сите работи што се прават, сметаат дека се од корист и дека во ниту едно човечно дело не постои само желба за нешто подобро?

Дали се тоа лични фрустрации, или пак е комплексот од кој патат голем дел од луѓето? Комплекс на помала вредност. А пак задоволството го наоѓаат во побунувањето и плукањето по постигнатиот успех на другите.

Што мислите вие, која е причината за фрустрирањето, комплексирањето и останатите слични појави?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Фрустрациите си се носат од роџење. Мене на пример ме фрустрираат неправди. Многу.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Уште како многу мали се судруваме со НЕМОЈ , НЕ ТАКА . ПАЗИ и од највнимателни родители ги добиваме тие наредби, ама ние тогаш не можеме да сватиме дека тоа е за да не ни се случи нешто лошо и дури да сватиме ,оде воз, што велат се раѓаат првите комплекси, помислата дека нешто не е во ред со нас .За понатамошниот наш развој многу големо влијание има околината ,тука мислам на се што не опкружува не само луѓето .Гените исто така имаат своја улога ,но веќе е на пат да се докаже, дека гените се менуваат под влиание на околината . Да заклучам СЕ Е ВО ОКОЛИНАТА ПРИЈАТЕЛЧИЊА . Е ако е така значи дека ние можеме да го смениме тоа ,а како ?? Најпрво треба да станеме свесни за себе кој сме ,кои се нашите доблести и маани . Да се засакаме такви какви сме да се почитуваме себе и кога тоа ќе успееме да го направиме ќе почувствуваме дека ќе почнеме и поинаку да се однесуваме со околината а набргу и таа кон нас . Најважно е да сватиме дека се е во нас, не не лути тоа што некој го рекол за нас , туку нашата реакција на неговото кажување. Е кога ќе почнеме да стануваме свесни за тоа , тоа ќе се промени и се помалку ќе има луѓе од кои ќе се навредуваме .Кога ќе успееме да се прифатиме и засакаме такви какви сме зошто и покрај се ние сме единствени нема друг како нас ќе почнеме подобро да ја прифаќаме околината а со тоа и др. луѓе онакви какви се .Секој за себе е единствен примерок со огромна добрина во себе само тоа треба да излезе на површина и да блесне, тогаш и др. тоа ќе го видат.Оставете го минатото како стара плоча или подобро касета избришете ја и од утре почнете да снимате нова подобра за вас и тие околу вас вие сте ОКОЛИНАТА за себе и за други.Ве почитувам.:toe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
sekako deka ima iskompleksirani luge...no so tek na vreme treba da svatat deka jabe se nervirale
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не би рекла дека искомплексираноста и исфрустираноста се едно те исто. Сличности секако постојат, но постојат и разлики. И едните и другите се некакви си производи. Фрустрациите се производ на гневот, комплексите се производ на нашите "јами" во психата. Со други зборови тоа се слабостите на нашата личност. Би рекла негативни особини пред се, кои потикнуваат од нарушена самодоверба, немање самодоверба и потценување на сопствените способности и квалитети преку метод на самоуништување, уназадување и задавање на себе ниски вредности за сметка на воздигнувањето на другите. Во секој случај непотребни работи во нашите и онака кратки турбулентни животи, но од друга страна пак неминовни и својствени работи на секој поединец одделно. Моменти кој секој од нас МОРА и ТРЕБА да ги преживее, но аналогно и да ги премине и остави зад себе. А како и на кој начин, зависи од нас и нашето размислување.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Вака темата е за комплексите.
Често слушам изрази од типот : Ај лечи си комплекси на друго место или Типот/Типката е искомплексиран/а до крај.

Што се всушност комплексите?
Комплексите претставуваат незадоволство од самите себеси во некој поглед, за кое што незадоволство постои реална причина, или пак, е производ на нашата психа, односно на отсуство на самодоверба и преувеличување на работите.

Како настануваат?
Најчесто мислам дека се производ на незадоволството од она што го гледаме во огледалото или воопшто, значи мислење кое си го наметнуваме самите на себе, постојат и случаи кога е наметнато од туѓо мислење за на, но може и да се јави поради незадоволство од себеси, кога себеси ќе се споредат со другите.

Дали навистина може луѓето да ги лечат со тоа што ќе напаѓаат други или тоа е само израз?
Да, можеби потсвесно ако некој е искомплексиран, и е опседнат со себеси, па на таков начин ги гледа и другите, дури и ако реално не постои причина за тоа, во најчести случаи.:)

Како може човек да ги победи комплексите?
Само со зголемување на личната самодоверба. Впрочем, самодовербата е состојба спротивна на комплексите и најголемо оружје против нив.

Дали настануваат како производ на ниска самодоверба?
Дефинитивно како што веќе напоменав.

Дали ако човек го навредуваат,почнува да се искомплексирува? Или тоа е производ на околината и општеството?
Не мора да значи, зависи од самата личност, и од нивото на самодоверба. Обично луѓето кои малку веруваат во себе живеат и зависат од туѓото мислење, па само кај таквите злонамерните навреди би можеле да предизвикаат искомплексираност, без оглед дали постоела реална причина за тоа.

И уште нешто дали искомплексираност и исфрустрираност е едното исто?Ако не е,што е разликата?
Дефинитивно не. Коплексираност веќе кажав што е според мене, а фрустрацијата претставува чувство на незадоволство поради неможност за остварување на некои желби.:smir:
 
М

Мрак

Гостин
добро,фрустрација е нормална работа.Имаме одредени размислувања и одредени работи кои ги сакаме и е итн и затоа кога некој ни ги нарушува се појавува исфрустрираност.А за комплексите...секој ги има,само има онакви кои имаат храброст да ги кажат и онакви кои ги премолчуваат.Жал ми е за оние личности кои се да не речам супер и за изглед и однесување и се искомплексирани.А па уште повеќе ми е жал за оние со вистина оправдани комплекси.И јас бев искомплексирана до пред некое време,тоа на секого може да му се случи но сватив и мислам дека и за секој би поогнало друштвото и среќата во живтот за да се надмине овој проблем.Не да се обидуваме на пр да го поправиме тоа што не ни се допаѓа или да паѓаме во длаабоки душевни депресии туку да заборавиме гледајќи ги нашите позитивни страни бидејќи секој човек е посебен(на одреден начин)и заслужува да се чувствува среќен таков каков што го создала мајка природа.:helou:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Лоша работа се тие комплексите.. И да мислам дека се производ на ниската самодоверба, а и она како што кажа авторката на темава - Навредувања и префрлање погрдни зборови. Тоест и на тој начин всушност се расклатува самодовербата и се појавуваат комплексите.
И неретко искомплексираните луѓе ги искажуваат во вид на љубомора кон оние што мислат дека се подобри во нешто од нив па и некако не ги сакаат тие особи или можеби и се трудат да им се одмаздат за ништо буквално. И нормално наоѓајќи им што повеќе маани на другите тие луѓе ги лечат својте компекси. Тоест мораат да наоѓаат маани за да си го заситат егото и да си ја покачат самодовербата и на тој начин да си ги излечат плус и комплексите.
Човек може да ги победи комплексите единствено ако се потруди да си ја покачи самодовербата. Да се бори за она јас и да си ги истакне својте добри страни па на тој начин некако да ги прикрие од себе недостатоците за да не претставуваат комплекс.
Инаку не сум искомплексирана воопшто и искрено понекогаш и ме нервираат луѓе што од премногу комплекси те напаѓаат без причина. Сепак не им е друг крив за нивната слаба самодоверба.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Гледам дека сум немал пишано на темава па да го дадам своето мислење :).
Комплексите не постојат туку тие се проблем кај тој што мисли дека постојат кај другиот, затоа што оценува по однапред утврдено мислење и по стереотип без да ја провери вистинитоста во тоа. Додека пак за зборот фрустрација сеуште немам проверено во речник, колку неодговорно од мене.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Мислам дека нема човек што не поседува некаков комплекс.
Тие се всушност од ниската самодоверба или сакањето да се биде на врвот.
Тоа што луѓето и нивните изрази од типот "Лечи комплекси на друго место".. па тоа што некој ќе каже лошо за некого значи или дека не му се допаѓа или дека е љубоморен, а не искомплексиран.
И да, мислам дека комплексите настануваат најчесто под дејство на светот околу нас. На пример да живееш во средина каде што сите би те прифатиле без оглед каков си и сите би те ценеле, тогаш нема место за комплекси.
Но се додека постојат хејтери,постојат и комплекси.

А и списанијана не се нешо подобри. Гледајќи ги сите тие манекенки и желбата да се биде како нив, се создаваат премногу големи комплекси.
Кога би имале верба во себе ниту една манекенка од списание не би допрела до нас..
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Вака темата е за комплексите.
Често слушам изрази од типот : Ај лечи си комплекси на друго место или Типот/Типката е искомплексиран/а до крај.

Што се всушност комплексите?
Како настануваат?
Дали навистина може луѓето да ги лечат со тоа што ќе напаѓаат други или тоа е само израз?
Како може човек да ги победи комплексите?
Дали настануваат како производ на ниска самодоверба?
Дали ако човек го навредуваат,почнува да се искомплексирува? Или тоа е производ на околината и општеството?

И уште нешто дали искомплексираност и исфрустрираност е едното исто?Ако не е,што е разликата?
Комплекси и фрустрации се различни поими. Комплекси се повеќе, концепти за генерален став на личноста кон другите, има комплекс на супериорност и комплекс на инфериорност. Поради одредени околности кои имале долготрајно влијание врз личноста, се случува да се јави еден од овие два. Следново што ќе го напишам не е најстручно, повеќе е мое мислење. Значи, на пример дете што е добро во нешто, ако родителите постојано го поттикнуваат да продолжи, дека е одлично, го бодрат и го убедуваат дека е подобро отколку што навистина е, мислам дека е можно да се јави комплекс на супериорност, поради тоа што ќе има чувство дека е повредно, попаметно од другите. Додека на пример, за комплекс на инфериорност, може на пример, не знам, да влијае факторот висина. Ако некој е низок и цел живот има фрустрација поради тоа, може да се чувствува инфериорно во однос на другите. Но затоа, може и да направи компензација, да ги искористи своите интелектуални способности за да се истакне и да дојде до израз. Комплексите како концепт до некаде и ми се допаѓаат, како осмислена идеја за тоа како функционираме, зашто даваат простор за компензација што е многу добра работа.
Додека, фрустрации се јавуваат поради неможност за задоволување на некој мотив. Значи, кога некој мотив нема да биде задоволен се јавува фрустрација, и во зависност од личноста постојат различни начини за толеранција на фрустрација. Колку личноста има поголема толеранција на фрустрација, толку полесно се справува со неуспесите во животот, и обратно. Во зависност од степенот на толеранција на фрустрација, се јавуваат различни начини на реагирање, зашто кога ќе се јави фрустрација се јавува стрес, а за реакција на стрес има различни одбрамбени механизми. Значи колку личноста има поголема толеранција на фрустрација, толку пореалистични одбрамбени механизми користи и толку полесно наоѓа решение на проблемот. Односно, колку личноста има помала толеранција на фрустрација, толку понерационално се справува со проблемот, односно вината ја префрла на други, агресивно се однесува, ги потиснува лошите чувства...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Јас сум жив доказ за искомплексираност и исфрустрираност. Како мал што и да сум правел тоа не ги задоволувало никои околу мене. Колку и да се трудам да направам нешто убаво сите тоа го гледаат како некое ѓубре што го нашле на улица. Дома не сум поддржан од никој, кога ке им кажам што сакам да правам ке ми речатт само едно "аха ке биде некогаш" и со тоа губам мотивација да правам што и да било. Дека сум мирен т.е. не се закачам со никој сите другари во школо ме удираат и се што може да се замисли. Повеке од 2,5 години немам излезено со другари. Дестинација ми е дома-школо, ништо повеќе. Кога ке ме викнеше некој заедно да излеземе од што сум среќен почнува глава да ме боли и не излагам. Од родителите не сум многу поддржуван ако ми требаат пари за да купам нешто треба да работам со нив за да ми дадат пари, а кога немаат пари ми ги земаат моите што ги имам собрано. И кога ке собереш се испаѓа дека сум за бардовци . Тоа што ми дава мотивација да работам е тоа што кога ке ми текне дека можам да постигнам нешто повеке од она што сум сега, односно да отидам во странство.
Аман бе дете ,до толку ли е работата? лошо лошо многу...
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Од комплексите и фрустрациите потекнуваат по мое Сите Зла На Овој Свет...Се е тоа лично незадоволство и неисполнетост во некоја област, поле од животот..Комплекси многу лесно се добиваат тешко се отсрануваат.Некои ги носат цел живот за жал..Би си помагнале ако се малку повеќе себе-анализираат и ја погледнат вистината во очи...но тоа најчесто преминува во други облици како во омраза револт..страдање...себезатварање и др..
Поради исфрустрирани и искомплексирани луѓе пати цело општество....Тешки се за комуникација...тврдоглави...завидливи на туѓиот успех..итн....Најчесто се занимаваат со туѓиот живот и се ситат на тугата несреќа поради нивно некое лично незадоволство...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сите ги имаме, ретко ги гледаме а уште поретко признаваме дека се тука - особено кога се посочени од некој друг.
Најдоброто нешто што можете во врска со ова е првин да прифатите дека се тука, а потоа да се соочите со нив. Не може да се искоренат, но дефинитивно може да се ублажи нивното влијание.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom