Многу лесен сон имам и цела мината ноќ ги слушам кај што ме надлетуваат, пола литар крв ми испијаа. Изгледа ќе треба да си го купам онај производот што се става во штекер за да ги брка. А има некој пробано со такво нешто да се одбрани од нив? Ефикасно е? На кој принцип работи? Кои се болестите кои можат да ги пренесат? И како можи човек да се заштити најдобро од нив, па да си спие слатко и лесно како зима да е. Значи темата во општи муабети е општо комарци.
Раид ден и ноќ - ставаш во штекер и 7 дена нема шанси ни да ти се приближат до собата.
пази не купувај непроверени прозиводи. јас пред 3-4 години отидов во грција, ама го заборавив раидот (тогаш немаше раид ден и ноќ, ама имаше едно шишенце со течност), па затоа отидов во нивниот масутис (ака наше веро) и купив еден со грчко име и тоа 2 во 1.
воопшто не фаќаше, па бев приморан да применам стара метода - затворање врата пред спиење, тепање на сите комарци па заспивање.