Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
Професоров зема помалку од 40000 денари месечно??? :vozbud:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јасно ми е сето тоа. Нормално дека има граница на пристојност на разговор. Еве одговори ми само на ова прашање чисто да видам дали барем малку од малку сме на иста линија. Сметаш ли дека е сооветен начинот на кој Венко се изразил за ситуацијата? Нели е она израз на надменост? Со оглед на фактот дека е добар писател, можел многу посоодветено да го изрази своето незадоволство наместо да напише исфрустрирана колумна на многу ниско ниво.
Mислам дека изразот соодветствува на настанот. Меѓутоа, не гледам зошто е важен изразот на Венко во ситуацијата. Го изнервирал некој тетовиран месар, па изреагирал. Нормална човечка реакција. Јас би бил многу полош во ситуацијата, во лице би му рекол на месарот да не ме труе со неговите проблеми...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
што се запнавте за месарот. крива е таа пуфлата пред венко што бара преку леб погача.
каде пиши и од кога е правило дека саламата која се сече треба да биде наредена под конец. ај да пиши па да се буни, ама дека и прднало неа неебана од сабајле и сите и се криви.
месарот и со тоа ниво на култура кое го имал правилно постапил, му ја препуштил препотентната муштеривка на колешката оти во спротивно тие саламите во газот ке му ги напикаше. и то со смеење пошто така шефот барал. секогаш насмеан со муштериите. тие нека се ѕверат ти смејму се. ке испадниш ненормален.
:cuc:
хаххах! Леле, ме изнасмеа! хахха! :ROFLMAO:

Го читам Венко одамна, уште кога почна да пишува за „Утрински весник“ и квалететот на тогашните колумни му беше неспоредливо подобар од овие во „Нова Македонија“.
Тоа е разбирливо - секој се потрошува кога мора секоја недела да пишува.

Знам дека е добар човек и колумнава со „тетовираниот лигуш“ непријатно ме изненади. И баш заради тоа што пишува во весник треба да биде уште повнимателен што пишува. Овојпат не е.

И молам да се престане со лепењето етикети на глупи и паметни на образовани повеќе и помалку. Никој нема право да биде прост и да омаловажува без разлика дали учел 2, 12, или 22 години.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
И молам да се престане со лепењето етикети на глупи и паметни на образовани повеќе и помалку. Никој нема право да биде прост и да омаловажува без разлика дали учел 2, 12, или 22 години.
Зошто?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
1. Теоретско идолизирање. Лажно. Нашминкано. Во истиот момент со критиката како таква, за да критиката добие на тежина. Пример: Овој Џоле, адвокат бил, учен чоек...ти да видиш како го испцу келнерот кога овој му рече дека немале готови ќебапчиња.
2. Решението, какво и да е, е ставено на "тапет" и се плука обилно не само по колумната, туку и по човекот. Му се зема академската наобразба како позадина, па оттаму потекнува критиката. Лажеш кога пишуваш дека го земаш како изолиран случај. И ти и јас знаеме кој е Венко. Јас само посочив дека Венко не е ништо повеќе или помалку човек од мене. Ти, иако не признаваш, како предуслов за критиката го земаш тоа дека тој треба да биде...едно од двете. Па отвараш нуклеарен реактор кој некој мора да го деактивира. Не е ова холивудски филм, па јас Лаконскиот јунак со два збора да би можел да објаснам зошто ова се претвори во сатанизирање на личноста Венко Андоновски. :)

Не очекував тебе да морам да ти цртам. Изгледа муабетов со изолирани случаи и нивниот eфект врз читателот стварно имале смисла.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
За некој што ќе окапе на работа до 20/21/22.00 за нова година (вметни рандом празници и неработни денови), сето тоа неплатено и потплатено, кој со гордост ќе си замине дома со платата со која.......
Со која може да брои овци навечер и да тренира “пронајди го најефтиното од најефтиното“ не знам како би очекувала нешто поразлично. Ако добиеш ок услуга можеш да си задоволна, ако не добиеш немаш право да осудуваш.

Бидете среќни што во овие 21 година изразот “going postal„ немало потреба да биде преведуван и објаснуван во РМ.
Тоа не е никакво опрвадување. Работата си носи одговорност, и услови кои мора да ги прифатиш. Јас сосема го разбирам типов, ама тоа што е негов проблем, е само негов проблем. Немој да ми зборуваш ко ја да не сум работела на празници и слични говнарии. Ајде да се самоцитирам
И јас имам работено како келнерка, газдата ми бил градски сељак (кој имал искуство знае за оваа категорија), па сум менувала кафиња иако тоа било на моја сметка и сум се правдала во име на сељакот и сум се однесувала културно со луѓе со кои не сакам да седам во иста просторија. И сум си ја мразела работата, уз пат.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Не се чувствувам пријатно кога читам омаловажувања. Ајкјуто е како убавината- со него се раѓаш и кога некој на некого му с епотсмева дека е глуп, за мене е исто како да му се потсмева
оти има клемпави уши или криви нозе.
И затоа што не сакам луѓе кои им доаѓа на челото да си напишат кои школи ги имаат завршено, и кои најчесто не се многу попаметни од тие на кои им се потсмеваат.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
:pos: Е да си ми жива и здрава ме изнасмеа. Работава кој е понекултурен. Пристоен е човек кој користи термин истетовираш лигуш, некултурна раја е човек што озборува. Нерешено.:icon_lol:
Јас вакви примери не користам. Ама слобода на изразување, пеки, може кој сака да си ги користи.
--- надополнето: 5 април 2012 во 23:12 ---
Мило ми е што те насмеав.
И секако дека не користиш, не ни очекувам да користиш. Фин лажен морал кој ја шминка реалноста е секогаш претпочитан. Но за среќа, секој има слобода на изразување
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Венко има потполно право да го осуди месарот за непрофесионалност, ама ја заебува работата кога го осудува младичот дека барал плата од 40.000 ден., односно колку што зема тој како универзитетски професор. Ако професорот е задоволен со 40 месечно, месарот не е со 20, и има полно право да протестира и да бара не само 40 туку и поголема плата.
Би сакал утре на истиов професор кога ќе врви со автомобилот да му се развика Наумче Мојсовски на семафор кој заработува преку 100 к годишно и да му рече да ја помрдне крнтијата, па после нека си прави сметка во наредната колумна колку години чколија има Наумче и колку заработува.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Страшна работа ова со колумнава. Прво сакав да не дадам свое мислење на темава (ионака вчера си искоментирав што ми лежеше на душа), после некако ме испровоцира вашиот муабет па се решив сепак да оставам коментар и некаде на половина пост ми снема струја и заминаа во неповрат моите зборови, ама за инат на неправдата ќе почнам од почеток :icon_lol:.

Прво за Венко... Венко е писател кој многу го ценам, а како на колумнист редовно му ги читам неговите колумни. Многу нормално не секогаш делиме исто мислење со дотичниот, но сепак две различни индивидуи и не е можно секогаш да се поклопуваат во своите ставови и размислувања. Така е и сега.

Грубо би било да завземам страна од проста причина што како корисник (купувач) многу лесно можам да се ставам во позицијата на Венко, но како личност која сеуште нема магистрирано, а е далеку од докторат, патем и познавајќи ја ситуацијата во нашата мила татковина, многу лесно можам да се ставам и во позицијата на месар (месар/продавач/таксист... којзнае што се животот ќе не натера да работиме). Од тие причини и таква перспектива велам дека и двајцата се во право, а и двајцата грешат.

Ајде прво за месарот. За волја на вистината месарот навистина е вработен да продава месо и сече салама со дебелината која јас (купувач) ќе му ја наложам и исечената салама да ми ја подреди како што јас ќе побарам, а тој треба да ќути и да работи, затоа е платен. Е сега, несакајќи начнуваме и една друга тема која според зборовите на Венко и самиот месар ја искоментирал: Колку всушност месарот е платен да го прави тоа и дали воопшто е платен?
Хипотетички, да, јас сум месар и јас сум платен да работам се што ми е во опис на работното место, но јас дома имам семејство со маж/жена и две деца и сеуште немам земено плата за последните два месеца, а ринтам по цел ден ко магаре. Не можам да дадам отказ зашто не сум осигуран и при едно такво сценарио парите никогаш нема да ми бидат исплатени, а веќе сум во долгови до гуша и не сум во состојба да изгубам уште повеќе време барајќи работа. Да, јас ќе му работам на мојот газда по цел ден за без пари (се надевам дека ќе ме исплати месецов), но исто така не сум должен да ги толерирам и неговите муштерии, јас како работник не сум задоволен и не можам да глумам лажна среќа и да ги пречекувам со насмевка, нема зашто и они да се изживљаваат на мене кога веќе некој друг го прави тоа?!

Се надевам дека малку ви ја доловив сликата од мозаикот, ако да тогаш би сакала да се навратам на Венко.

И повторно истата приказна, ни Венко не би можела да го осудам, меѓутоа му замерувам и не можам да преќутам.

Од истиот аспект на платата и Венко е во право, го поминува цел живот школувајќи се и на крај пак не може да живее добро ситуирано (во спротивно немаше да реагира како што реагираше сега, немаше да се нервира за баналности и ќе се шеткаше безгрижно како "нашиот" Карлос), но мала замерка професоре, тоа што вие сте се школувале 22 години и што сте се избориле за работна плата од 40 000ден. не значи дека за истата таа плата нема право да се бори и месарот само затоа што е месар и што не потрошил исто толку години во образованието колку и вие (што можеби и не е точно, а како мала дигресија многуценетиот и драг професор Панчо Врангалов не научи на ова уште на првите часови по електротехника и сум му благодарна за тоа зашто уште прва година на факултет ме научи како стојат работите во реалниот свет). Тоа што вие драг професоре Венко сте одлучиле да го потрошите своето време образувајќи се и надградувајќи се не ве прави повеќе привилегиран во однос на месарот на платежен план, затоа што додека вие сте учеле, г-динот месар ринтал како коњ така што и двајцата имате право да се борите за истата плата, исто како што пекарот не знае да напише толку убава колумна како вас така и вие не знаете да направите толку вкусен леб како неговиот и токму тоа им дава подеднакво иста вредност и на двете професии :).

И втора работа која му ја замерувам на професорот е токму оваа дискриминација за која повторно ќе се обратам во прво лице... Драг и ценет професоре, вие како образовна личност, ценета и почитувана во нашата Македонија, токму вие сте тие кои треба да работите на надминување на ваквата дискриминација затоа што вашата висока позиција го дозволува тоа и токму вие сте тој кој треба да се залага за рамноправност, а не да го продлабочувате и онака веќе постоечкиот јаз... но, повторно кажувам, не ви замерувам, сепак и вие живеете со нас и сте дел од сеуште нефункционалните нешта во нашата татковина.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тоа не е никакво опрвадување. Работата си носи одговорност, и услови кои мора да ги прифатиш. Јас сосема го разбирам типов, ама тоа што е негов проблем, е само негов проблем. Немој да ми зборуваш ко ја да не сум работела на празници и слични говнарии. Ајде да се самоцитирам
Не е поентата дали е за оправдување. Ако одиме по таа логика, работата треба да носи и соодветен надомест, почитување на слободните денови, годишен одмор и многу друго...
Тоа е реакција која не може да биде поинаква и не знам како може да се очекува да биде поинаква.
Има и други ситуации кои иритираат или се комични, на пример газдите обично ги “дрилаат“ нововработените по маркети да се однесуваат како heat seeking missile, цело време на lock on на потенцијалниот муштерија, со што продавач/ката виси постојано зад тебе или те следи во чекор...да не ти притреба нешто (толкување на цената можеби, иако јасно ставена на увид).
И што сега, треба шокирање и нервирање околу тоа?

Не зборувам како да не си работела, туку дека не верувам дека во 100% од случаите си била фина,културна,насмеана,бидејќи нели...тоа спаѓало во очекувањата на работодавателот.
Проблемот на Венко е истиот, дали тоа значи дека нема да го читаш повеќе, бидејќи во многу колумни кука за ниските примања, лошите услови и организација и што уште не...бидејќи е тоа негова работа...или е до формата, името и начинот.

И Венко и продавачот удираат по самарот, стара традиција е тоа која ги надминува образовните или возрасните разлики на овие територии.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Не е поентата дали е за оправдување. Ако одиме по таа логика, работата треба да носи и соодветен надомест, почитување на слободните денови, годишен одмор и многу друго...
Тоа е реакција која не може да биде поинаква и не знам како може да се очекува да биде поинаква.
Има и други ситуации кои иритираат или се комични, на пример газдите обично ги “дрилаат“ нововработените по маркети да се однесуваат како heat seeking missile, цело време на lock on на потенцијалниот муштерија, со што продавач/ката виси постојано зад тебе или те следи во чекор...да не ти притреба нешто (толкување на цената можеби, иако јасно ставена на увид).
И што сега, треба шокирање и нервирање околу тоа?

Не зборувам како да не си работела, туку дека не верувам дека во 100% од случаите си била фина,културна,насмеана,бидејќи нели...тоа спаѓало во очекувањата на работодавателот.
Проблемот на Венко е истиот, дали тоа значи дека нема да го читаш повеќе, бидејќи во многу колумни кука за ниските примања, лошите услови и организација и што уште не...бидејќи е тоа негова работа...или е до формата, името и начинот.

И Венко и продавачот удираат по самарот, стара традиција е тоа која ги надминува образовните или возрасните разлики на овие територии.
Јас сосема се согласувам со ова што го пишуваш и знам каква слобода им е дадена на газдите.
Се случувало да бидам ко мртва на работа, да се приметува дека сум нервозна, но никогаш не се случило да одам од една маса на друга и да кажам ,,Овие малолетнициве ме викаат на секои 5 минути за глупости, а ај што нема ни бакшиш да ми остават, туку и во 5 денарки ќе ми платат“.
Како и да е, не ми е проблемот реакцијата на месарот. Проблемот ми е во тоа што не се дава за некултурните да се каже дека се некултурни. Сите ги разбираме глупавите (ова не се однесува конкретно на месарот), ама не може да не смееш да кажеш за глупавиот дека е глупав, така и плукаш на вистината во лице.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас сосема се согласувам со ова што го пишуваш и знам каква слобода им е дадена на газдите.
Се случувало да бидам ко мртва на работа, да се приметува дека сум нервозна, но никогаш не се случило да одам од една маса на друга и да кажам ,,Овие малолетнициве ме викаат на секои 5 минути за глупости, а ај што нема ни бакшиш да ми остават, туку и во 5 денарки ќе ми платат“.
Како и да е, не ми е проблемот реакцијата на месарот. Проблемот ми е во тоа што не се дава за некултурните да се каже дека се некултурни. Сите ги разбираме глупавите (ова не се однесува конкретно на месарот), ама не може да не смееш да кажеш за глупавиот дека е глупав, така и плукаш на вистината во лице.
Критиките кон Венко се што е стереотипен во колумнава и потсетува на некултурен малограѓанин кога го критикува некултурниот месар за малограѓанштина.
Што ако тетовираниот месар ја истетовирал ќерката која што ја загубил за да се потсетува на неа? Што ако госпоѓата му доаѓа секој втор ден и го малтретира да и сече салама како жетони.
Петар мислам дека кажа најдобро, Венко имал лош ден кога пишувал и е за осуда овој негов став, можеби исто како и месарот во маркетот кој имал исто лош ден.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Проблемот ми е во тоа што не се дава за некултурните да се каже дека се некултурни. Сите ги разбираме глупавите (ова не се однесува конкретно на месарот), ама не може да не смееш да кажеш за глупавиот дека е глупав, така и плукаш на вистината во лице.
Всушност можеш... и не само што можеш туку и требаш да заќутиш и на глупавиот да не му кажеш ништо.
А знаеш ли зошто? - Затоа што самата го декларираш како глупав и некултурен и токму тоа што тој е некултурен, токму неговата НЕКУЛТУРА него му дава право да вреѓа и омаловажува, а твојата КУЛТУРА ти го одзема тебе истото тоа право. Во тоа се состои разликата меѓу култура и некултура.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
А и Венко изгледа до сега не сфатил дека плата не се зема според прочитаните книги и поминатите саати на факултет.... Има други начини на вреднување на трудот, за негова жал...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom