Колку ја цените...?!

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Секој од нас во животов некогаш добил услуга од некого за која би требало да биде доста благодарен. Меѓутоа малку се оние кои успеваат да го запамтат добриот гест и да бидат благодарни за она што го добиле.
Прашањето ми е: Колку ја цените туѓата помош, која понекогаш доаѓа кога ќе ја побараме а пак понекогаш доаѓа чисто онака, пријателски?
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
навистина многу ја ценам, ако некој ми заврши мала услуга ( а сепак голема за мене) се чувствувам вечен должник и секогаш сум му на располагање да му помогнам што му треба
за жал повеќето луѓе не ја ценат туѓата помош туку тоа го сметаат како- "види го глупиов го искористив"- и тоа го сметам како еден од најголемите човекови недостатоци
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Ја ценам и тоа многу, и најчесто помнам добри дела,а лоши заборавам,и до некаде мразам што е така,ама пак е ок...Најчесто треба да се повика нечија помош,макар што јас најчесто сама практикувам да ги решам проблемите,но кога некој би ми понудил помош мило би ми било,ама пак не може некој да ми ги чита секогаш мислите и да ми понуди совет или помош кога ми треба,а не му имам ништо спомнато,па затоа и не се лутам или не се чувствувам навредено ако некој не го стори тоа..За да им помогнам на други секогаш делам совети и преземам некои работи во свои раце и кога треба и кога не треба,ама се надевам на некого му имам помогнато,затоа што и тоа го заборавам,па не знам дали на некој сум му се нашла при рака...
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Помош било каква треба да се цени. Без разлика од кој, пријател непријател или пак некој непознат. Баш сум искусил и знам како е кога треба да ти помогне некој и што е најинтересно секогаш ми се погодува од некој шо не очекувам, тој да помогне.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Ја ценам ептен и али во последно време тешко е да примиш нечија помош без да очекуваш таа личност да ти дише на врат за враќање на истата или да биде префрлено за неа многу пати без разлика колку и да била банална. До сега имам помогнато на ПОЛНО луѓе, не за да очекувам да ми вратат или за да им „дишам јас во врат на нив“ туку затоа што сметам дека како луѓе должност ни е да си помагаме и на еден начин ми претставува сатисфакција.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ценам многу кога некој ќе ми направи услуга и му враќам дупло, ама ретки се луѓето денес кои ни прават услуги повеќето се од корист но не сите...
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Многу!
Било од дали ке е од пријател или непријател, да се наоѓаш во незгодна ситуација и тој/таа да ти помогне многу треба да се цени и да се врати како што кажа СрРулз ДУПЛО!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Јас мислам дека не мора да се враќа дупло...Се во свое време...Ако ја цениш услугата не значи дека мора да ја вратиш...
Ќе си дојде само по себе се’:smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ја ценам и ја памтам, а ме боли тоа што многумина ја заборавиле мојата услуга, а ги памтам сите оние кои ми помогнале кога ми било тешко...

На темава имам уште да кажам :helou:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ретко ја добивам туѓата помош. Речиси никогаш... Навистина се чувствувам непријатно кога барам помош од луѓе кои не ми се толку блиски. Нивната помош може да се каже дека и не толку ја ценам, но дефинитивно ја враќам. Мразам да бидам должна и да барам помош. Вагата на правење добрини и услуги, многу се навалува на мојата страна. Очигледно е дека денес е реткост да најдеш човек кој цени нешто... За блиските пријатели, не ни сметам дека сум направила услуга. Затоа што знам дека секогаш се тука за мене и во секој момент ќе си помогнеме.
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Ја ценам помошта од другите.. И ми значи тоа што некој сака да бидам среќна и ми ја пружа таа помош.. Ама многу боли која некој не ја цени твојата помош.. Имам помогнато на многу блиски луѓе ама од нив не сум го добила посакуваниот фидбек..
Сепак, си имам неколку личности на кои сметам дека можам да се потпрам во дадена ситуација и знам дека ќе го ценат она што сум го направила за нив..:smir:
 
L

LEPOTICKA_SWEET

Гостин
Ја ценам помшта и услугите од другите и секогаш им враќам...ама често пати моите добри дела никој не ги помни и не се заблагодарува....али невер мајнд :):toe:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Апсолутно ја ценам помошта и гледам секогаш кон луѓето што ми помогнале да се однесувам пријателски и да им бидам на располагање за да им возвратам на услугата кога треба.
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Памтам. И добри и лоши работи. И работи кои ми помогнале, и работи кои ме повредиле. Тие првите, услугите значи, ги памтам и ги ценам, кога можам и јас помагам, но се плашам и ме повредува тоа кога некој не ја цени мојата помош. Сто пати сум си рекла тие луѓе дека ќе ги гледам со резерва, ама тоа е посилно од мене, пак кога ќе им треба нешто јас ќе бидам тука.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Па знам да ценам, луѓе што ми помогнале, што ме подржале во нешто, ги ценам луѓето кои ме ценат мене :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom