Ај вака: облечи се во гардероба од баба ти или дедо ти и излези во град......после облечи се во најмарката што ја имаш у плакар и така излези...... Гледаш разлика во погледите што ти ги упатиле во случај 1 од оние погледи во случај 2?
И ај после некој нека ми рече дека не е важна парата или гардеробата на човекот....
Ако тоа парче облека на баба ми ми стои и јас добро го искомбинирам,може да ме загледуваат во град само затоа што ќе им се свиѓа како изгледа тоа.Колку пати знам да прочепкам во плакарот на мајка ми и да најдам многу добри работи.И обратно-што ако облечам нешто што е марка ако е тотална утка и сум направила лоша комбинација.Се наоѓаат добри парчиња и по збутаните продавнички,зборам од мое лично искуство :wink:
Знам многу луѓе што не фрлаат многу пари по облека,а секогаш изгледаат феноменално,а знам и луѓе што се им е марка па пак на ништо не личат.Ако немаш вкус и осет за комбинирање,џабе е се.
Додека па за козметика требаат повеќе пари од колку за облека.Тука се сложувам.Не можеш да ставиш секаков креон или римел.Прво затоа што може да ти го наруши здравјето,второ затоа што поинаков ефект се добива.А и многу млади луѓе се шлапаат повеќе од што треба со разни козметички и декоративни препарати.Верувајте дека природниот изглед знае да биде многу попривлечен и не треба во секоја прилика да бидете нашминкани.Можеби старее кожата кога не се негува,ама старее и кога се загушува од секакви креми и пудри.
Скапите работи секогаш не гарантираат квалитет и обратно.