- Член од
- 16 декември 2021
- Мислења
- 478
- Поени од реакции
- 1.012
Приуштувањето (многу грд збор, не су сигурен дали е литературен) не вреди многу. Вреди кога немаш да јадеш, па не можеш да си приуштиш оброк, а тоа дали можеш или не можеш да си приуштиш зимски одмор, или шетанција на пролет, тоа нема многу врска со квалитетот на животот.Не се крева со самото шетање и годишните одмори, туку се крева доколку можеш да си ги приуштиш доколку сакаш. Тоест да имаш можност за избор. А ти можеби ќе сакаш да си ги чуваш парите и да правиш бизнис со нив или штоидае.
По мене, најсреќни луѓе се оние кои одат со ќеф на работа, кои веруваат дека нивната работа вреди, и кои се чуствуваат корисни во заедницата. Тоа е најголемиот проблем со огромното количество на несреќа во Македонија. Никој не си ја сака работата, сите ги мразат понеделниците, се чуствуваат бескорисни и несреќни, и врските со заедницата им се сведуваат на конфликти.
Таквата состојба ниту еден одмор плус не може да ја промени.
Затоа ми делува детски наивно лицитирањето со суми доволни за нормален живот.