Колку е битна висината?

U

UniqueGirl

Гостин
женските обично си набиваат комплекс ако се ниски, а од друга страна често ми викаат дека ниските девојки се послатки. Така да висината кај девојките не игра некоја голема улога во наоѓањето на партнер, а кај машките да...скоро сите девојки сакаат машкото да е повисоко од нив.
Скоро сите..Има и исклучоци :pipi:
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Не е битна се додека не претставува комплекс.И висината сама за себе не е гаранција за убавина,побитно е да се има правилна градба и складни пропорции,а за девојките кои сакаат да изгледаат повисоки...некој паметен измислил штикли.:)
 

Nekoj IksDe

Челзијаш
Член од
17 септември 2009
Мислења
495
Поени од реакции
9
има и зашки штикли ама тие шо ги носат се нетакви
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Не е битна се додека не претставува комплекс.И висината сама за себе не е гаранција за убавина,побитно е да се има правилна градба и складни пропорции,а за девојките кои сакаат да изгледаат повисоки...некој паметен измислил штикли.:)
Ама затоа тие се сметаат за Богохулие и ствараат секакви деформации , почнувајќи од оние на стапалото па се до слепување на пршлени . :back:
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Висината не е толку битна за убавината.Висината не го прави човекот поубав туку убавината го прави убав така да висината не игра никаква улога во врска со убавината.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Висината не е задолжително правопропорцинална со привлечноста иако не е на одмет посебно за машките да се малку повисоки. Што се однесува до женските, високите женски се посекси, ама ниските се послатки:wink::wink::wink:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Незнам али мое клише ке си направам. Сеедно ми е. Дали ниски дали висока ми е сеедно зашто тоа не прави ни разлика во изглед ни во убавина па ни во целосниот впечаток со мене на пример како пар. Висината за мене е ирелевантна во погледот во убавината. Дури и пониското е поубаво. Цела убавина стуткана во помал дел. Кај повисоките е развлечена. :)
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Сеедно ми е.
So you..:pipi:
Инаку, безвеза, висината не е фактор за ништо.Има некој стереотип дека во врска машкото треба да биде повисоко од женското што ми е една од најглупите ствари што постојат ама јбг...
Инаку мама мене ме тешеше со :
Најубавите парфеми идат у мали пакувања
и
Од најјаките отрови е потребна мала количина
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
So you..:pipi:
Инаку, безвеза, висината не е фактор за ништо.Има некој стереотип дека во врска машкото треба да биде повисоко од женското што ми е една од најглупите ствари што постојат ама јбг...
Инаку мама мене ме тешеше со :
Најубавите парфеми идат у мали пакувања
и
Од најјаките отрови е потребна мала количина
Висината е битна само ако некој пати од ишијас, проблеми со кичма и слично, инаку не е уопште проблем :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бладате. Висината не е битна за да бидеме успешни во некои професии кои не бараат физички предиспозиции како на пример пцуење од трибини на фудбалски натпревар. Всушност, дури и тогаш е пожелно да се има поголема маса, за да биде и гласот појак и да стигне до судијата. А ако бараме причина зошто сме “трибински пцујач“ најверојатно така е зашто не сме успеале како фудбалер, бидејќи ривалскиот напаѓач бил повисок и поробусен па успеал за разлика од нас.

Сите маркантни ликови се високи, и имаат безброј предности пред ниските луѓе. Нивните предности се од прилика во сличен сооднос со девојките со големи гради и мали гради. И едните и другите имаат шанса, ама погодете кој има поголема?

Дури и во народниот јазик симбол за нешто добро е големината. “Тој е голем и во поразите“, “Стигна до високото трето место“, “Колку ниско од негова страна“, “Мал, речиси незначителен процент...“.
Дури и во бајките кои се одраз на сфаќањето на масата за нештата, и генералното сфаќање на работите се вели дека принцот мора да биде висок и убав. Во “Шрек“ дури имаше и иссмевање на кралот кој е понизок од Фиона едно две глави и покрај неговиот општествен статус како врв на моќта.

Според мене, и моето искуство... ниските мажи (за девојките не можам да оценам искрено) се прилично по злобни од просечните и високите. Претпоставувам тоа се должи на некој комплекс набиен во детството каде биле редовно отфрлани од околината и дискриминирани на илјада и еден начин. Па, иако тоа и мене ме става во непријатна положба, ги разбирам девојките кои не се занимаваат со ниски момци иако тие тоа го прават од поинакви причини, погоре веќе спомнати.

Висината и тоа како е битна, ама ако одиме со шафл коментар од ризницата на форумски мисли, тогаш би рекол и јас:
“Воопшто не е важна, јас надоместувам со тоа што сум одличен во кревет“ :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom