Ова важи за двата пола. Ме интересира колку ви е важна висината на партнерот. Има мажи кои се срамат девојката да биде повисока од нив и има такви на кои не им смета тоа. Исто е со жените, некои бараат строго повисок партнер а некои не им смета да е понизок. Зошто е тоа така, не сфаќам што има срамно ако мажот е понизок од жената? Дали ова повеќе им смета на машките или на женските. Мажите немаат проблем девојката да им биде пониска, исто и жените ако се пониски од партнерот. Но што кога партнерот е понизок од вас, ќе ви смета ли тоа? Или вам машките, ќе ви смета ли ако девојката е повисока? И зошто е тоа така. Пред некој ден додека седевме во кафич во друштвото помина еден пар каде машкото беше скоро глава пониско од женската, па слушнав разноразни коментари од типот мажуле, се осеќа ко п... И така натака. Не разбирам зошто е толку срамно да се биде понизок од девојката. Што мислите вие?