Еве воООООООООООООООООООолку!
Шегата на страна.
Една другарка го обожаваше Ѓорѓе Балашевиќ, друга Претседателот. Денес и не помислуваат на „бившите“ предмети на обожавање.
Децата не треба да се обожаваат.
Што е тоа? Да паднеш на колена кога ќе ги видиш?
Не.
Децата треба да се сакаат, да се негуваат, да се помагаат, да се почитуваат, да се воспитуваат, да се подучуваат, да се храбрат, да се поттикнуваат, да им се простува но и да им се каже што се очекува од нив. Треба да им се пружи љубов, искреност, сигурност и постојаност.