Колку време е потребно човек да се опорави после врска?

Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Многу зависи и од тоа каков човек си, колку си емоционално стабилен односно нестабилен. Јас на пр. кога ја раскинав првата врска ( дечкото со кој што бев го сакав повеќе од себе) ми требаше повеќе од година, по крајот на втората врска ми требаше една недела...искрено ни мене не ми беше јасно што ми се случи тогаш... но еве сега пред некоја недела раскинав две годишна врска и пред да раскинам јас едноставно знаев дека нема да патам како претходно што сум патела, не дека не ми беше тешко и дека не ми фали но е исто како претходно. Многу зависи од тоа каков човек си :)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Значи глеав еден филм во кој се праеше еден муабет помеѓу ликовите за тоа колку време е потребно за човек да се опорави (да преболи и да не мисли на бившата/бившиот) откако врската завршила неуспешно?
Се збореше за нешто како третина или половина од траењето на самата врска.
Општо земено, секако, во просек.... од искуства и кажувања.

GO!
КОЈ ЛИНКА ФИЛМ ОД ВИКИПЕДИЈА?! :D

Онтопик: Не треба да бидеш во врска за да мора да се опоравуваш, како прво. Ко на пример, ја.
Не треба многу бе, додека да ги изговориш зборовиве „Он на мене...копиле“. Изговарајки ги, ти се јавува желба да убиеш човечко суштество. Толку :)
 
С

Сатори

Гостин
Затоа што можам да говорам само од лично искуство, нема да давам општи, генерализирани примери. Кога емоционално се врзувам, ми се потребни буквално години за да престанам да мислам на некој, ако тоа воопшто го дефинираме како преболување.
Додека самата фаза на кататонија до нормално функционирање ми трае одвај неколку дена. Немам време за да седам затворена во соба и да плачам, додека другарките ми ги бришат солзите. Тешко ми е, ама ќе помине, што не поминало.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
Мое мислење се додека не најдеш партнер подобар(не физички онака да ти ја исполнува психата) од претходниот ќе се опоравуваш, во моментот кога ќе го најдеш забораваш на се.
Така функционира се околу нас не е природно да бараш полошо од тоа што го имаш или си го имал без разлика за што се работи.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
505
Поени од реакции
288
И јас мислам исто ко Килиан. Само има една друга работа, мора другата личност да се погоди во право време т.е. во период кога чуствата спрема предходниот партнер не се толку јаки. Зошто ако се појави одма после прекинот или ти нема да си спремен или со твоето понашање ке ја оплескаш и ке ја избркаш од тебе.
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Зависи по кој пат раскинуваш(со истата). Првиот ми требаше 2 месеца , вториот 2 недели , третиот 2 дена...
Плус во рецепт обавезно се вклучува скара и ладно пиво со ортаците!!
На гладен стомак не зараснуваат љубовни рани :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Зависи колку добра била предиграта и сексот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom