Темава т.е. мислењата на неа ме разочаруваат. Човекот навистина е станат како робот, кој влегува и излегува кога и како сака во и од врска. Немогуче...
Јас не сум прележала лесно ниту една врска. И да сум била повредена и да сум оставала јас, никогаш не ми било лесно и не сум успеала брзо да се опоравам. Не ми се гледа на чело, но многу долго време ми треба да заборавам еден човек со кого сум го делела моето време. Иначе, на лошите работи не можам да мислам, затоа што во суштина не сум злопамтило. Тоа дефинитивно не е лек за мене. После секој крај патам по убавите работи и моменти, а на лошото и да се сетам, ми изгледа ептен неважно.
Што правам јас во овој свет, а?