На прв поглед овие два "Среќни" оброка од МекДоналдс изгледаат идентично, но зачудувачки е фактот дека се работи...
... за истиот оброк, фотографиран еднаш, уште еднаш по 12 месеци.
Додека било која друга храна за една година би се претворила во мувла, распаѓајќи се после една година, оброкот од МекДоналдс не покажува никакви сериозни знаци на расипаност, а единствена видлива промена е формата на лепчето и големината на плескавицата.
Ова е доказ дека брзата храна содржи конзерванси и хемикалии кои се премногу лоши за човечкиот организам, и пред се за децата за кои се најмногу наменети.
Фотографиите ги сликала американската нутриционистка Џоан Брусо (62) која го оставила оброкот откриен на полица во нејзиниот дом за да види што ќе се случи со него.
Таа вели дека и покрај тоа што ги оставала прозорците отворени често, мувите и другите инсекти кои би требале да го разградат, едноставно го игнорирале.
Тоа значи дека и човечкиот метаболизам неможе да го преработи здраво. Овие сознанија таа ги објавила на својот блог, кадешто ги советува родителите како правилно да ги хранат своите деца.
http://www.zazabava.com/content/view/9546/69/