Колку внимавате на исхраната?

Kolku vnimavate na ishranata?

  • Ospednat/a sum so isgranata

    Гласови: 12 5,5%
  • Mnogu

    Гласови: 44 20,3%
  • Ponekogas

    Гласови: 67 30,9%
  • Malku

    Гласови: 28 12,9%
  • Ne se zamaram

    Гласови: 66 30,4%

  • Вкупно гласачи
    217

swallow

UrBaNeBoY
Член од
27 септември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
0
Не внимавам на исхрана ама форсирам со спорт :nenene:
 

IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Внимавам, ама не многу.. Спортувам... Најчесто внимавам на брзата храна ама во последно време ич...
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Внимавам ептен, читам и рокови и етикети, и се надевам дека не сум опседната :). Следниве работи ги јадам/пијам понекогаш по гости, ама никогаш не би купила:

- сувомеснати (сите сувомеснати кај нас содржат Е251 - sodium nitrate, отровен)
- било што со конзерванси
- јадења со прехрамбени бои, особено помаранџеста и црвена
- газирани благи пијалоци
- "овошни сокови" у тетрапак или пластично шише, не ме мрзи да си цедам сок од лимон ако нема друг начин да се дое до природен сок
- џанк фуд (чипсои например, и различни глупости кои се купуваат у продавница)
- фаст фуд (ако морам да јадам некогаш, без компири и со тродупло салата)
- растителен кашкавал (а и све на шо пише хидрогенизирано или двојно хидрогенизирано), тоа е чист маргарин. За жал, скоро во сите сендвичари/млечни ресторани користат растителен, дупло е поевтин. Ноу тенкс, пре ке јадам урда него растителен кашкавал.
- бел леб

После ова, не остануе баш многу што да се јаде нели? Тешко сендвич се праи без сувомеснато :(

Инаку се трудам да јадам печена морска риба бар еднаш неделно (омега-3 масти, есенцијални за мозоко). Храната гледам да не ја обработувам термички многу долго. Многу ретко пржам или запржувам, све варам и печам. Јагленхидрати се обидувам да внесувам само наутро, со јогурт. Месо јадам со зеленчук, без компири и леб. Се обидувам да не мешам јадења, сакам да внесувам што е поедноставна храна можно. Во зеленчук се давам, и не седнувам да јадам без салата. Овошје поретко и само сезонско.

Ама си сакам благо одвреме на време, иначе се притресуем :cheeky1: Во последно време многу конзумирам темно чоколадо, горко чоколадо и немлечно чоколадо со голем процент на какао.. ммм ..ај чао идам да си купам.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Јадам тостови во 1 по полнок....Јадам калорично, сончоглед, чоколади, се:)
Не се замарам де:)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
46
Поени од реакции
0
Здравата храна по продавниците и што тоа значи ...

Функционални продукти - дали ни се навистина потребни ?

„Има одреден простор во стомакот и сите се „натпреваруваат“ за тој простор,“ – „Еден начин да се добие дел од тој простор е да се понуди производ со некаква дополнителна корист.“

Изразот „фукционален продукт“ нема секогаш јасна дефиниција. Иако досега се однесуваше на вистински полезните продукти за човековото здравје, како на пр. брокулите, се чини дека се повеќе се користи за дизајнираните продукти или за оние кои се модификувани за да содржат хранливи материи кои природно не би ги содржеле и тоа со специфична здравствена цел. Кесичка со тестенини кои содржат омега-3 масни киселини (кои природно ги има во рибата) е само еден од примерите.

И потрошувачите, преплавени со секакви информации за врската помеѓу храната и ризиците за заболувања, лесно ги голтаат.

Според истражувањето на Фондацијата на Интернационалниот Совет за Информации за Храна (IFICF), три четвртини од потрошувачите се трудат во исхраната да внесуваат повеќе растителни влакна и цели семенки, а дури половина се трудат да внесуваат што повеќе омега-3 масни киселини. Околу 83% од испитаниците изјавиле дека се заинтересирани да дознаат повеќе за продуктите кои нудат поголема корист покрај основната хранливост.
„Жените кои имаат деца и генерацијата на „бејби бумери“ (денес на возраст помеѓу 30 и 50 години) се најзаинтересираните за овие продукти, поради нивниот фокусот кон целокупната благосостојба и превенцијата од заболувања“ – вели Венди Рејнхард Капсак, директор на Фондацијата.
Луѓето разочарани од здравствениот систем исто така ги користат овие продукти со цел да најдат нов начин за контрола врз судбината.

Продолжува..
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Искрено... Не внимавам единствено кога е благо во прашање. Живот давам за чоколада. :icon_lol: Рокови си провереувам редовно, а што се однесува на етикетите, ги читам. Откако ќе изедам тоа, што и да било. :pipi:
Овошје на кило јадам. А ми е досадно, овошје. Шо било.
Друго, си пазам. Има едно чудо работи што не ги јадам, меѓу другото и фаст/џанк фуд (многу, многу, мнооогу ретко знае да се случи).
Башка после празнициве ко стока се осеќам. :icon_conf
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јадам тостови во 1 по полнок....Јадам калорично, сончоглед, чоколади, се:)
Не се замарам де:)
Иста катара.:) Немам навика да внимавам на тоа што јадам. Ми треба прво еден период за цврсто да се решам да го променам начинот на исхрана, па следува екстра тајминг за да испланирам подетално што е/што не е дозволено да се консумира, за на крај да донесам неотповиклива одлука да го следам испланираното (што исто така се доведува под знак прашање).
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Јадам тостови во 1 по полнок....Јадам калорично, сончоглед, чоколади, се:)
Не се замарам де:)
Па и не треба:) Се додека не почне да се познава до тогаш слободно:)


Јас обожавам да јадам после полноќ но утредента морам да потрошам 30 минути вежбање за да го скинам тоа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Па со оглед на тоа што предтоа имав проблеми со висок крвен притисок и тежината сега внимавам. Помалку солено и пазам на комбинациите (леб без ориз и компири). Инаку се` јадам.
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Не внимавам ич ..а би требало , зашо со нездрава храна си го зезнав здравјето малце ..ама пак си терам по мое . :toe:
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Хм...
Доста сте гласале за "Многу", но јас не ви верувам а сигурно ни вие самите не верувате во тоа. :)
Во денешно време многу малку сме дома што значи дека мораме да јадеме fast food и немаме шанса да внимаваме на исхраната. А мислам дека повеќето имаме навика и кога можеме да избегнеме пак да си купиме fast food наместо да си зготвиме некое здраво јадење, кога сме дома, се разбира. :)
Јас сум искрена и гласав за "Понекогаш" бидејќи навистина ретко јадам здрава храна. Знам дека тоа не е добро но за жал 99% од нас имаме таква навика. Верувам дека ќе се согласите со мене. :)
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Многу почнав да внимавам на исхраната.Не јадам после 7,се хранам здраво но не претерувам во забранувањата од типот е сега не јадам благо итн.Само гледам да јадам во помали количини и тоа што го јадам да биде здраво,не ги оставам задоволствата а и обично не ги јадам во преголеми количиниigra:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom