Колку ви значи насмевката?
Колку ви е важно да сте во присуство на луѓе што се весели, кои се насмеани??
По природа сум весел човек и сакам да го поминувам моето време со позитивни личности со кои ќе се муабетам,со кои ќе се смеам и со кои ќе си поминувам убаво.
Неможам да бидам во присуство на луѓе кои се намуртени,намќори и ништо не им е интересно.Се разбира правам разлика меѓу луѓе на кои едноставно не им е периодот,денот и оние луѓе кои постојано мрчат,се жалат и се секогаш намќори.Едноставно и мене ме полнат со негативна енергија и обично завршувам јас накрај напната и нервозна,па затоа и ги избегнувам тие видови на луѓе.
Дали една насмевка упатена кон вас може да го смени вашето негативно расположение, или колку може да влијае за да ја снема депресијата?
Колку насмевката може да ви го разубави денот осуден на пропаст
Ми се случувало да бидам значи во катастрофално расположение,да не ми е буквално до ништо,меѓутоа неколку минути поминати со позитивна личност,можат многу да влијаат на моето расположение.Насмевката е многу добар лек,за луѓе кои едноставно не се чувстувваат добро.Обично кога примам насмевка,а не ми е до смеење,се насмевнувам и јас колку и да не ми е до смеење и така неколку пати и веќе ми е подобро,потоа самото од себе ми доаѓа да се смеам и расположението ми се крева и барем за некоја минута, час заборавам на проблемите или на мојата депресивност.
Една мисла вика: Насмевката е крива линија која исправа многу работи.
Многу убава мисла.Не може да исправи многу работи,но може да ти помогне да се чувствуваш многу подобро и да заборавиш на своите проблеми на неколку моменти.
Како е кај вас?
Колку често сте насмеани?
Обично постојано сум насмеана и весела и гледам да ги расположам и другите околу мене.Некако кога сум таква весела целата имам повеќе самодоверба и сум многу поопуштена.
Се разбира,не ми е секогаш така,некад не ми е ни до веселби ни до ништо,ама па во јавност ретко го покажувам тоа,така да обично каде и да одам јас се смеам.