15000 не е плата, тоа е само додаток да не умреш од глад! Што би рекле во мојот крај, да не ти зарасне газот
Некои од конфекциите, точно ќе пропаднат! Малку од нив работат директно, повеќето се лон на лон
, тие играат на карта минималец, ако некој им извади поголем одма се фас!
Па и не само конфекции, има доста фирми што опстануваат со искористување на ефтина работна рака. Кога би требало да платат реална плата, одма би затвориле.
Знам, споменав лон, мој познат бивши комшија пробал со лон конфекција ама видел не иде ако ги третира работниците според закон, затвориле и ене го сега у добро платена државна агенција
Имам доста комшии, а и на факултет сум се дружел бааги со луѓе од други места.
Добар дел од моите соседи се снабдуваа/т со храна (сирење ли, овошје ли, зимници...што и да е) од родните места. Помалите места вакви вработувања добар дел им се дополна на буџетот и исплата за ПИОМ. Но без разлика, договор е договор, плата е плата и мора да се испочитува. Е сега, конкуренцијата ќе си го направи своето, а пошто велиме капитализам, слободен пазар, конкуренција и слично, самиот пазар (треба да ги, ако не се заштитени од власта) ќе ги елиминира оние сопственици-паразити кои дишат со субвенции и труд од работници кои ги третираат како што биле третирани во она долуспоменато Стоби.
Инаку постојат системи каде до одреден праг на добивка, дали бруто, нето не знам...се ослободуваат од одреден минималец со помал минималец или без минималец.
некоја Благица од Пробиштип дали го дели твоето мислење
го дели само не смее ништо да збори пошто сопствениците се заштитени како мечки.
Еве што велат од Левица, со што гледаме дека не се работи само за висина на минималец него во тие газди постои некое психопатче кое ужива да ги тормози вработените.
Од партијата Левица реагираа со соопштение до јавноста за незаконски отпуштања на 250 работници од велешката конфекција Стоби, проследено со
antropol.mk
Работниците во Стоби со години биле изложени на силна екплоатација, приморани
да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници. Дополнително, газдата на конфекцијата Стоби
ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен. За конечно, во период од 40 дена да бидат избркани 250 работници, со тоа што
при бркањето им било кажано дека добиваат бланко лист кој има намена за обнова на договорот, а добиле спогодбени договори за отказ. Дел од работниците кои сакаат да ги остварат своите законски права дури
добиле и директни закани од газдата дека доколку некој се осмели да го тужи, ќе заврши лошо – затоа што
се работи за локален моќник заштитен од сите досегашни власти!
Да се потсетиме и на еден грчки газда во Битола, кога се обидоа сител да го снимат, како се однесувал кон работниците. Да се потсетиме и на прилепска пивара која им кратела од платите на работниците заради намалена добивка која не е вина на работниците
“Во период од 01.01. до 30.06.2019 година остварен е вкупен приход во износ од 873.084.599 денари кој во споредба со остварениот вкупен приход во истиот период од 2018 година покажува остварување од 98,83%”
– соопшти компанијата. Според компанијата, неисполнувањето на вкупниот приход се должи на неповолните временски услови пред се во месец јуни, на неповолните политички и економски состојби во земјата и на видливиот одлив на дел од населението од земјата.
Честопати фирма која ветува плус % на плата од надминување планирана добивка, наместо ветените проценти за добивката, газдата решава да не им ги исплати. Што значи самоволие, јавашлук не од работникот туку од газдите. И после велиме ниска продуктивност.
Затоа, за газдите минималецот е капка со која нивните деца ќе поминат уште една зима на скијање во Италија. За работникот, правниот систем и економијата се нешто многу повеќе.
Има тука уште многу за платите, општата потрошувачка, ниска позитивна инфлација и фирмите ама засега толку.