Колкава е платата во Македонија?

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.272
Поени од реакции
779
Плати 2018

Вкупно: 759.054 вработени

Неплатен семеен работник: 46.267
Непознато: 60.045
до 5.000 ден.: 9.195
5001-8000 ден: 15.972
8001-10000 ден: 20.953
10001-12000 ден: 80.690
12001-16000 ден: 205.111
16001-20000 ден: 140.130
20001-25000 ден: 106.876
25001-30000 ден: 39.190
30001-40000 ден: 20.178
над 40000 ден: 14.080
Класично Робовладетелство
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Плати 2018

Вкупно: 759.054 вработени

Неплатен семеен работник: 46.267
Непознато: 60.045
до 5.000 ден.: 9.195
5001-8000 ден: 15.972
8001-10000 ден: 20.953
10001-12000 ден: 80.690
12001-16000 ден: 205.111
16001-20000 ден: 140.130
20001-25000 ден: 106.876
25001-30000 ден: 39.190
30001-40000 ден: 20.178
над 40000 ден: 14.080
Му доаѓа дека 10% се над просечната плата, овие 106 876 се во некоја граница на средно мизерно, а се останато е на граница на преживување.
Е сега од овие 14 080 искрено ме интересира колку има со суми од по неколку илјади евра за да крене просечна плата 25 127 денари и да ги покрие тие мизерните 332 000 што се со плата под 16 000 денари.
Инаку што подразбираат под непознато? Како може да не знаат колку зема некој плата кога се оди преку УЈП?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822

Не знам зошто има непознати.

Инаку нели имаше еден вработен кој земаше годишна бруто плата од 2,7 милиони евра.

Во 2018та имаше 6190 вработени со високо образование со плата од 10.000-12.000 денари, и дури 21.378 со плата од 12.000-16.000 денари.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

Јас пред 5 години работев за 6000 денари а имам докторат. Официјално плата ми беше 15000 ама 9000 враќав во кеш. Но, работев по 4 часа и многу често имав слободен ден. И правев услуга на една моја родина. Мене ми беше ОК. Така и јас влегував во ова статистика...најверојатно како најекстремен случај.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.403

Добро, ама има премногу кои работат на црно, така да верувам дека бројките би биле сосем различни доколку ете бар 80 % од вработените се пријавени.
Особено бројките кај 10к-12к, 12к-16к и 16к-20к.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас пред 5 години работев за 6000 денари а имам докторат.
Не ми изгледаш на толку учен да си и со IQ 149 :icon_lol:

Или ваков

Јас лично...кога се запишував на Факултет ги прашав моите на кој факс и која професија имаате највеќе врски за завршување на факс и после за работа и ми рекоа таа и таа.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Почело је почело

Газдите на текстилните фирми размислуваат предупредувачки штрајк
Реванш на Брегалница против Македонија ЃП

Неколкумина газди на тесктилни фирми од регионот гласно размислуваат предупредувачки да ги затворат фирмите на одредено време. На нивниот последен заеднички состанок тие беа револтирани зашто се повисоките давачки кон државата и работниците, намалената продуктивност и ниските цени од странските партнери на нивните фирми им носат клуч за затварање. Иако оваа радикална идеја некои од тесктилците ја премолчаа, коментар за неа имаше од првиот човек на Кластерот.
„Тоа е веќе одлука на сите членки, како ќе одлучат сите членки така ќе постапиме ние како претставници на кластерот.Би требало на некој начин да се најде некаква солуција , бидејќи веќе подолго време состојбите во текстилот не се најсјајни“, изјави Маријана Перковска, претседател на Текстилен Кластер.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Нашата економија е сива економија. А во држава каде што сивата економија е доминантна, многу малку од податоците се објективни и релевантни како такви.
Да, бројкиве се застрашувачки и не негирам дека состојбата е катастрофална, ама едноставно секој економски податок кој излегува од некаква државна институција за мене е нерелевантен и неточен, поради тоа што има огромно затајување и заташкување во вукојебинава од СЕКАКОВ аспект. Дали реалноста е подобра или полоша, е друго прашање.

процеси како:
-пријавен на 12.000, другите во кеш.
-релативно голема заедница на фриленсери, за кои се сомневам дека има било каква статистика во државава.

Има милион вакви муабети, кои во бројкиве, веројатно не се земени во предвид.
Не викам дека реалноста е подобра/полоша, ама не можам да верувам на вакви статистики, бидејќи има милион прљави работи кои се прават позади завеса од страна на сите компании во поглед на плаќање/пријавување на вработени и слично.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Газдите ќе штрајкуваат :unsure:
Почело је почело

Газдите на текстилните фирми размислуваат предупредувачки штрајк
Реванш на Брегалница против Македонија ЃП

Неколкумина газди на тесктилни фирми од регионот гласно размислуваат предупредувачки да ги затворат фирмите на одредено време. На нивниот последен заеднички состанок тие беа револтирани зашто се повисоките давачки кон државата и работниците, намалената продуктивност и ниските цени од странските партнери на нивните фирми им носат клуч за затварање. Иако оваа радикална идеја некои од тесктилците ја премолчаа, коментар за неа имаше од првиот човек на Кластерот.
„Тоа е веќе одлука на сите членки, како ќе одлучат сите членки така ќе постапиме ние како претставници на кластерот.Би требало на некој начин да се најде некаква солуција , бидејќи веќе подолго време состојбите во текстилот не се најсјајни“, изјави Маријана Перковска, претседател на Текстилен Кластер.
а малку да си се спастрат овие т.н. газди? Ене им ја агенцијата за вработување, нека се пријават за работа

Приказната за злоупотребата на трудот на македонските текстилни работници стаса и во Швајцарија. Под мотото „Подобро без облека отколку со злоупотреба на работната сила“ неколку невладини швајцарски организации покренаа кампања откако дознале дека униформите за швајцарските безбедносни сили се шијат во Македонија, каде што текстилните работнички се експлоатирани. Протестот е насочен против институциите и фирмите во Швајцарија, кои, како што велат, со пари од швајцарските даночни обврзници, помагаат експлоатација на работна сила и профитираат од ниските плати и од зависноста на работниците во Македонија.
Швајцарските борци за работничките права дознале и за овој наш срам - во Македонија платите свесно се држат на ниско ниво за да се привлечат инвеститори и дека условите за работа на текстилците се исти како тие во Бангладеш.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Јас пред 5 години работев за 6000 денари а имам докторат. Официјално плата ми беше 15000 ама 9000 враќав во кеш. Но, работев по 4 часа и многу често имав слободен ден. И правев услуга на една моја родина. Мене ми беше ОК. Така и јас влегував во ова статистика...најверојатно како најекстремен случај.
Трагедијата е што не си најекстремен случај, туку еден од најчестите случаи.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Не треба статистика за тоа колкава е платата во Македонија, доволно е да се види само што и од каде купува македонскиот народ и со каков квалитет и во колкава количина...

1. Коли половни од Софија, Благоевград, Ќустендил и од пазар3 и реклама5 произведени во минатиот милениум по цена со трицифрена бројка во евра. И колку пати на пат остануваат поради дефект, ангажираат некој со кука и сајла да ги шлепа, колку пати ангажираат 2-3 случајни минувачи за да му запали на туркање, од 365 дена во годината колку дена престојуваат во автомеханичарски сервиси и колку пати остануваат на пат поради тоа што им снемало гориво??? И после тоа се јавуваат кај некој пријател таму и таму сум ми снема гориво земи едно пластично шише од литар и пол или од две литри ојди на бензинска и донеси ми...

2. Точаци половни по цена од две и пол до три и пол илјади денари. А најпродавани нови точаци се по цена од 5.900 денари од некои кинески брендови. Тамам колку за едно лето да се помини со нив. И потоа кога ќе почне да се расипува пак гледаат да земат турско - кинески делови...

3. Рачен и електричен алат исто така од најефтините EURO TOOLS, MAX PULS, RAIDER I TOPMASTER... A и половни од пазар3 и реклама5...

4. Мебел, шпорети на дрва, компјутери, лаптопи, половни од пазар3, реклама5.

5. Нова Бела техника од најефтините Турско - Кинески брендој ST, Беко, Нео, Aрчелик

6. Храна најефтина од КАМ маркет. Убедливо најмногу луѓето пазарат во КАМ. Не гледаат дали храната е безбедна, здрава или не, битно им е да е најефтина. Пиво во пластика, а не во стакло...

7. Месо, колбаси од најефтините месарници, што мачињата и кучињата не го јадат.

8. Облека Турска и Кинеска најефтина. Турска најчесто од WAIKIKI...

9. Oдмор во двете најефтини држави на Балканот Албанија и Грција. И тоа со (овошје и зеленчук) земени од Македонија. Багажот го полнат со холандеза патлиџани, модри патлиџани, тиквици, мало проѕирно вреќе компири, кромид, лукче, пиперки, крастајци, зелки, марули, замрзнат стек во паковка од 2 кила, пет кила зејтин, две литри киселина, две литри ефтина жолта ракија (брзосмртка) мини фрижидерче од 48 литри и два зелени шатори. Е што не земат од Грција храна де? Грција секаде на секој чекор има еден куп зелени пазари, пиљарници, супермаркети.. Или пак можеби ја спроведуваат кампањата во периодот од 1999 - 2000 година купвајте македонски производи, или пак сакаат парата да се врти кај нас? И зошто не одат таму по хотели туку по кампој и приватен смештај по куќи???

Секој човек кај нас нема ден да не ги посети сајтовите реклама5 и пазар3 за да купи некој половен производ. Да имавме високи плати немаше да знаеме ни дека постојат тие сајтови!!!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741

Абе баче, Кам ти е дисконт и нормално дека луѓето идат таму да купуваат претежно пошто е поефтино и робата е квалитетна и исти такви дисконти има и на запад. Друго околу облеката, сета облека на светот се произведува у држави каде што примањата се ниски и сигурно нема да налеташ на некоја блуза на која што пишува маде ин уса и цена од 1000 денари. Трето реклама5 и пазар3, сигурен си дека на запад никој не купува половни работи? Има билион страни каде што можеш и таму да купиш што сакаш некој што го користел.
За сите точки можам да ти дадам аргумент, али ме мрзи да пишувам 2 километри пост.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Можеби живеам во балон овде во Скопје, но во мојот круг на луѓе платата е генерално 25.000+ на луѓе што се моја генерација (доцни 20ти и рани 30ти). Кај постарите е нешто пониска, но реално мнoгу малку луѓе знам што имаат плата под 20.000.
Како и да е и тие што се во повисоките платни рангови кај нас земаат реално мизерни плати. Ебате платата и од зa наши услово високи 500 евра. Можам само да замислам како им е на тие со осетно пoмали примања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom