банкарство, финансиски услуги, информатика,
рударство, металургија, приватно образование
Да да сигурно е 20.000...
Ама никој да го примети тоа...
Кои се сектори кои вработуваат најголем процент од вработените во МК (Не, не администрацијата)... од производните и услужни дејности?
Зошто нема закон за минимална плата. И Таџикистан го има...
Зошто платата не е уредена по сатница, туку месечно/фиксно така да 180 часа месечно и 300 часа даваат иста плата.
Овие работи на запад се уредени од 19-ти век.
Ајмо економисти...
Како е можно при плата од 20.000 (просек) да се најдат работници за 4-5.000?
Паралела - Исто како во Словенија да најдеш некој кој ќе ти работи за 200 евра месецот (просек 825, но реален за разлика од овдешниов). Кој бил таму знае дека ова е далеку од умот...
Просек од 20.000 би значело дека еден значителен дел од вработеното население зема плата околу оваа цифра.
Дајте бе малку со мозокот...
Или - погледај дом свој, анџеле како што пееше еден бенд...
Читајќи ги постовите гледам дека Леандра има најконцизни и најреални постови за економската ситуација.
Би ја повикал да им објасни на останатите за резервната армија од невработени и како таа го држи РЕАЛНИОТ просек околу 8-9.000...ако не и помалку.
А тука се и оние 3,4 или 5% кои не земаат плата по 2,3,6,12,18 месеци. Дали при пресметката на просек од овие вработени се зема бројот 0 кој е реалност или фиктивна плата која не ја земаат...
Администрацијата е смешно да се зема како некој пример за просечна плата...
И кога зборуваме за плата, дали тука спаѓа и профитот на поединци остварен во одреден период (месец ?) кој НЕ Е ПЛАТА туку добивка.
Во сите екс-ју републики освен словенија лажат наголемо за просечна плата.
Хрватска има над 800 евра наводно, Србија околу 500, Босна накај 400...
Основниот закон во капитализмот е Maximize the profit & minimize the cost.
Се друго се варијации. Е сега како се стигнало до 2000 евра просек во некои земји е друга тема. И во Англија и Германија пред 100-150 години се умирало за јадење. Ама умирале и капиталисти и политичари. Од оловно труење и заситеност со шрапнел.
После иљадници штрајкови,демонстрации,атентати,борби,крв и мака се стигнало колку толку работникот да има поголеми права,плата и се она кое го имаат.
За подетални информации
http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Labor_disputes_and_strikes_by_year