Кока Кола Наградна Игра 2023

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.020
Поени од реакции
1.137
Сум учествувал во повеќе наградни игри и ден денес во некои наградни игри учествувам, имам и добивки.
Имам добиено часовник Своч марка во наградна игра на Аргета паштети во 2018 година, вредност на часовникот е 4 100 денари, а часовникот не сум го носел на рака, едноставно не сакам да носам часовници, некако не ми е удобно на кожата да имам часовник.
Часовникот неколку години е во кутијата и му работеше батеријата, лани забележав дека престана да работи, веројатно се потрошила батеријата, не сум го носел на поправка. Не го користам и немам што да го поправам со нова батерија.

Лани во 2022 на наградна игра од Бимилк Битолска млекара по повод 70 години од постоење на Битолска млекара добив плазма телевизор марка Филипс, вредност некаде околу 400 евра на телевизорот, искрено телевизорот го немам извадена од кутијата, а камоли да го вклучам во струја и не сум ни проверил дали работи телевизорот.

Никогаш ништо немам добиено во наградните игри од Кока Кола, Пепси, Прилепска Газоза, Скопско, пиво Даб, од сите тие наградни игри кои ги организираа производителите на сокови и газирани пијалоци ништо немам добиено.
Не знам, и кај мене понекогаш е чудно чувството, и јас а познавам и многу други луѓе кои имаме испратено стотици кодови од капачиња и кодови од фискални сметки и ништо никој немаме добиено од Кока Кола, Пепси, Фанта, Прилепска Газоза, Синалко, Скопско, пиво Даб и од останати сокови, газирани пијалоци и пива.....

Ете вчера на 30 Јуни заврши наградна игра на енергетскиот пијалок Хелл каде требаше да се испрати код од фискална сметка на која треба да има минимум два Хелл пијалоци, и таму ништо не добив.
Немам успеси со газирани и енергетски пијалоци, сокови, пиво....

Аргета имаа на фејсбук рекламна анкета пред некое време, прашања за тоа какви награди сакаат потрошувачите, веројатно и ова лето ќе имаа наградна игра, со она купи 2 аргета паштети од 95 грама и испратете кодот од фискална на број.....
Немаа во Аргета во летото 2020 година наградна игра, веројатно поради короната, а лани имаа наградна игра, и годинава ќе имаат наградна игра, здравје ќе учествувам.

ПС: луѓето се запалија за некоја си нова грепка на Државна лотарија која имала награда џипови, и купуваат и гребат
и само фрлаат низ град ѓубре од недобитни грепки.
Шетајќи низ град, земав од расфрланите недобитни грепки една грепка, и видов се доделувале 14 џипови Хјундаи, 7 од вредност од 1,5 милион денари и 7 со вредност над 2 милиони денари, и дури на продажното место има и еден од џиповите, и народот и старо и младо и средовечни масовно купуваат и гребат грепки и цел град е во ѓубре од тие грепките.
А кој им гарантира дека џипот кој е довезен во мојот град дека во градот ќе биде таа добитната грепка?

Пазарејќи во маркет, видов дека оние пак од кафе Елит, во еден супермаркет донеле еден куп кафиња од тие зелените и црвените по 200 грамови, и плус има едно 40-50 пакети неотпакувани од Елит кафе, и за сето тоа да се купи треба да се платат едно 2 - 3 000 евра, а донеле до кафињата и некој си велосипед како мамка за привлекување на муштерии.
Па за тие пари да се купи сето тоа кафе човек ќе си купи колку сака велосипеди, може и половна кола да се купи.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
366
Поени од реакции
374
Пред 25-30 години, во лето имаше наградна игра од Фанта, се праќаа неколку етикети по пошта, и добив гумена топка на надување за на плажа. Се јавив на телефон и ми кажаа дека по правилата на играта треба да одам до Скопје за да ја подигнам :LOL:
Од тогаш не се замарам со наградни игри, а не познавам ни некој што добил некоја поголема награда.
Автоматски споено мислење:

Па не знам дали памтиш пред 5 години одприлика кога беше наградната игра на Витаминка како некоја нивна вработена добила 140 -150 награди. Ништо посебно и специјално ама и 140 пакети со производи да има добиено по 1000 денари еден тоа се 140 000 ден. Сите имиња што ги пишала ги пишала на членовите од нејзината фамилија. Кога излезе списокот со добитници одма падна чудно како неколку ликови со исто презиме имаат 140 -150 награди вкупно и после цело семејно стебло направија со добитнците и нејзе.
Да не мислиш на тие со смоките од 2016 година со десет награди?
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.782
Поени од реакции
24.071
Пред 25-30 години, во лето имаше наградна игра од Фанта, се праќаа неколку етикети по пошта, и добив гумена топка на надување за на плажа. Се јавив на телефон и ми кажаа дека по правилата на играта треба да одам до Скопје за да ја подигнам :LOL:
Од тогаш не се замарам со наградни игри, а не познавам ни некој што добил некоја поголема награда.
Автоматски споено мислење:


Да не мислиш на тие со смоките од 2016 година со десет награди?
За една топка до Скопје поише бензинот ќе те фати него да идеш да си ја купиш од кај тебе.

Инакуд да за тие зборам. И да е стварно вистина дека изела 1000 смоки за 2 дена не е можно толку често нејзе да ја извлекувале од иљадници луѓе. Башка се некои јаки награди и се испопаѓале баш како да ги бирала сама.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
IMG_20230705_220139.jpg IMG_20230705_220121.jpg

... аааа 0,5 мл малу морген, помало шише и само 0,45 мл, а и капачето врзано „еколошки“ за шишето со што се губи лезетот за пиење од шише „кло, кло, кло“, мора во чаша или со сламка инаку отиде носот цел изгребан! :(
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.835
Поени од реакции
5.456
Прегледај го приврзокот 383509 Прегледај го приврзокот 383510

... аааа 0,5 мл малу морген, помало шише и само 0,45 мл, а и капачето врзано „еколошки“ за шишето со што се губи лезетот за пиење од шише „кло, кло, кло“, мора во чаша или со сламка инаку отиде носот цел изгребан! :(
Ете го пак дебелиот палец на @bijons :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
Ете го пак дебелиот палец на @bijons :)
ако нешто има ,,тенко,, на мене тоа се моите екстремитети посебно прстите, не знам што си запнал да пишуваш тоа постојано, треба да знаеш дека зумирана рака како макро видлива на фотографија дава нереална слика за величина, но ако си среќен за тој факт, еве ти тврдам дека имам многу дебели прсти како ќебапи, ај да се вратиме на темата е за КК.
 

Boksy be

Jolie
Член од
6 октомври 2022
Мислења
77
Поени од реакции
67
Добро вечер драги кајганџии/ќи што се случува со актуелната Наградна Игра на Кока Кола??? Се уште покажува дека е активна но неможе нови кодови да се праќаат!!! Screenshot_2023-09-27-19-54-35-543_com.facebook.katana.jpg
 

Vargo _online

プレイステーション3
Член од
1 мај 2010
Мислења
490
Поени од реакции
59
Дали некој има искористено ваучер од Кока кола за во Sport vision? Јас пробав но ми кажаа дека не биле сеуште запознаени со такви ваучери (немале добиено мејл)
 

Boksy be

Jolie
Член од
6 октомври 2022
Мислења
77
Поени од реакции
67
Дали некој има искористено ваучер од Кока кола за во Sport vision? Јас пробав но ми кажаа дека не биле сеуште запознаени со такви ваучери (немале добиено мејл)
Кока Коле за мене се, но и за останатите превара Number One. Јас незнам више што матат! И во апликацијата направиле некаков си анонимен список демек им доделиле на 100 луѓе награди! Кого варбат! На крај краева само Pepsi сокич и Coffee Time in Home...
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.151
Поени од реакции
870
Дали некој има искористено ваучер од Кока кола за во Sport vision? Јас пробав но ми кажаа дека не биле сеуште запознаени со такви ваучери (немале добиено мејл)
Тие па.
Пред неколку години од работа ни обезбедија попуст во Sport Vision, демек 20%. Отидов, и почнаа: во овој дуќан не ви важи попустот, морате во outlet-от кај Џевахир. Отидов таму, ме пречекаа со: не ви важи тој попуст на роба која е веќе намалена, не важи на новата колекција, не важи на брендовите Најк и Адидас... на крај од немајкаде земав едно мутаво маиче и зажалив за патот и времето.
Автоматски споено мислење:

Пред 25-30 години, во лето имаше наградна игра од Фанта, се праќаа неколку етикети по пошта, и добив гумена топка на надување за на плажа. Се јавив на телефон и ми кажаа дека по правилата на играта треба да одам до Скопје за да ја подигнам :LOL:
Од тогаш не се замарам со наградни игри, а не познавам ни некој што добил некоја поголема награда.
Мене ова ми се деси со Pepsi, Прилепска пивара :) Ама дете бев тогаш, добив маичка и многу ми беше мерак да ја имам.
Ме испопратија на милион телефони, на крај ја ангажирав мајка ми, едвај ги убеди да ни ја пратат по пошта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom