Кои се најзаебаните семафори во Скопје?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ми текнува на првиот семафор кај ДОС раскрсницата. Ако светне зелено за пешаци да поминат, треба да бидете во најмала рака Усаин Болт за да го минете тоа растојание за некоја секунда.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Па па па па..., не остана саглам безбеден семафор/раскрсница.

Инаку мене ми пречат најмногу бутелската што ја спомна ДимитарП (што ја направија наврат нанос заради погребот на Трајковски) и за раскрсницата кај градска болница/собрание. Таму е исто лошо, посебно на 2 капки дожд-поарно остави кола и цепај до дома пешки. А и семафорот им е терсене поставен. Лентата од зоил кон рекорд е стопирана, пешаците тргнуваат, а на онаа од рекорд кон зоил сеуште е зелено...доста пешаци за малку избегнале сигурен крај.
 
C

cige

Гостин
иста ситуација ко на мистичен е и кај градкса болница (собрание)...кога идеш од кај рекорд и сакаш да свртиш лево за накај гтц(работнички)...исто фунцкионира семафорот...освен ако не си прв на чекање и коа ке се пушти, т.е на 2 секунди пред зелено треба да тргнеш....иначе нема проаѓање...и си чекаш додека не дојдеш прв на ред...
Е тука за дел од секунда спасив глава еднаш. На тоа место како да семафорот за тие што идат од КиселаВода да е нонстоп на зелено. Од тогаш веќе немам поминато.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Семафориве, колку и да се заебани, ќе се концентрираш и ќе пројдеш некако преку сите пречки кои ќе ти ги направат.

Е сега, во Скопје има две места каде што семафорите се само дел од проблемот, а ти имај ја и сета вештина на свет - тешко дека судир ќе ти избега.

Првото место се семафорите пред Судот, каде што од 4 ленти, двете лево треба да ВРТАТ лево, а двете десно треба да продолжат право. Бидејќи лентите покрај Судот потоа се поместуваат во лево, па така и тие што одат право треба да се поместат...настанува хаос. Тешко за објаснување, ама кој прошол таму знае - не дај боже да се најдеш во во средната лента... :)

Вториот проблем е семафорот кај Градска болница. Не е семафорот проблем, туку онаа Хајнекен рекламата, која упорно секоја вечер пробува да ми предизвика епилепсија со тоа блескавото трепкање. Јас не знам искрено кој будала им дозволил таква реклама да стават на толку контрастен дисплеј, ама сигурно постои некаква регулација за тоа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.729
Поени од реакции
9.839
И не им текнува и не да почнат да прават кружни текови,него на секои 50 метра бутај семафори
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Има каталјон семафори низ Скопје кај што времето да поминат пешаци е како да трчаш спринт.
Еден семафор е кај ЈСП Транспортен центар (пумпата Макпетрол). Јас со огромни чекори и брзо темпо го фаќам на црвено пред да згазнам на тротоар. Можам да замислам некоја бабичка како ќе го помини тоа растојание со толкава брзина.

Инаку позната црна точка во Скопје (најчесто заради возачите во последно време, бидејќи барем од сигнализација го средија пред некое време) е раскрсницата кај Тобако 2.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Не би можел да издвојам некоја раскрница со семафори, ама без семафори можам да одвојам две раскрсници кои се црни точки:

1. Првата е на раскрсницата кога се оди од Водњанска накај Љуц кај раскрсницата што лево се врти накај Рамстор,а десно накај Клинички Центар
raskrnica 1.jpg

2. Втората е дефинитивно една од најлошите раскрници,а тоа е кај Католичка црква на раскрница - во шпицот кога има највеќе сообраќај, тука е хаос.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Католичка мислам дека е најнебезбедна точка во цело скопје
и
коа идеш од веро центар нагоре накај к.вода и центар, поточно кај тутунски комбинат, леле тој семафор ме има фаќано по 4 пати, коа идеш одоздола од кај нова железничка.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72
неможам да ги издвојам најзаебаните семафори во скопјево бидејќи сообраќајот во цел град ни е ХАОС...
 
Член од
16 јануари 2008
Мислења
256
Поени од реакции
19
Првото место се семафорите пред Судот, каде што од 4 ленти, двете лево треба да ВРТАТ лево, а двете десно треба да продолжат право. Бидејќи лентите покрај Судот потоа се поместуваат во лево, па така и тие што одат право треба да се поместат...настанува хаос. Тешко за објаснување, ама кој прошол таму знае - не дај боже да се најдеш во во средната лента... :)
абе таму не е лош семафорот туку има возачи што се праат на три и пол и не им се чека ред за право па се убацуваат од лентите што се за лево и настанува хаос, друг проблем на тој семафор е што се чека по 100 и кусур секунди па комотно можеш да искочиш надвор да си ја забришеш колата да тркнеш до трафика мастики да купиш и да си се вратиш назад.
најглуп семафор е семафорот кај сок банки/веро центар што е ставен за пешаци океј е треба и пешаци да поминат ама кој ку*ац работи семафорот у 3 саат сабајле кога нема живо пиле и ако го чекаш тој семафор аутматски го чекаш и наредниот на железничка или од другава страна за накај југодрво пошто не е синхронизиран, идиотизам до немај каде.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716

затоа на запад, за таквите семафори има поставено копче за пешаци. се додека некој пешак не стисне на копчето, семафорот свети зелено... е сега ми текна, таков семафор имаше (ваљда уште го има) пред америчка амбасада кај што беше порано, до орце николов средното.... цело време си свети зелено, доаѓа пешак, стиска на копчето, за некои 20 секунди станува црвено за возилата а зелено за пешаците...

--- надополнето ---

неможам да ги издвојам најзаебаните семафори во скопјево бидејќи сообраќајот во цел град ни е ХАОС...
тотално се согласувам со тебе...
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.642
А по велите за семафорите за пешаци кај Рекорд? Исто и таму зелено за пешаци е само 3-4 секунди. Со брзање треба да одиш па да те фати црвено на самото стапнување на другиот тротоар :tapp: Тука треба еден надвозен пешачки премин :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.619
Поени од реакции
18.093
Католичка мислам дека е најнебезбедна точка во цело скопје
и
коа идеш од веро центар нагоре накај к.вода и центар, поточно кај тутунски комбинат, леле тој семафор ме има фаќано по 4 пати, коа идеш одоздола од кај нова железничка.
Кај католичка (кога се приклучуваш од Мито Хаџивасилев Јасмин кон булеварот Теодосиј Гологанов ) е најнебезбедно за возачите, таму треба кружен тек да има ама уште не направиле ништо, жива нервоза ќе те изеде дур да се приклучиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom