Кои предмети ви (беа) се најпроблематични (основно, средно, факултет)?

Најпроблематичен предмет?


  • Вкупно гласачи
    117

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
Мислам дека беше Електротехника. Причина обемен материјал, во прва година се учеа сите учебници од сите три години. Премногу математика, формули. Заради тој предмет бев подготвен да се префрлам во било кое друго училиште. Потоа, си легнав на брашното :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.191
Поени од реакции
34.425
Асид,асид,асид,толку грешно ти е постов за непотребноста на географијата и историјата ... лошо дете ...
Што знам, веќе 28 години не ми затребале, тешко дека ќе ми затребаат понатаму.
Историјата е менлива и апсолутно не ми претставува никаков предизвик, ниту пак потреба да ја знам. Географијата е интересна, само нема никаков бенефит од тоа да се памти се што е во учебниците, кога истото ни е достапно за читање и учење по потреба за 10 секунди преку интернет.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.175
Поени од реакции
1.158
Латински, професорката ни беше тежок ретард, беше нова дојдена и не тераше буквално се да учиме, за малце и есеи ќе почневме да пишуваме...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Хемија. Уште од основно катастрофа професорка, после во средно кога се усложни насиље го учев што се вели и на крај година 4 ми беше максимумот.

Со другите предмети сум немала проблеми, освен ај македонски во средно ако може да се нарече проблем. Професорка бутната некако во школово, со директорката беше гз и гаќи и не ги сакаше тие што и пререкуваа, јас бев од таквите и го јадев секое испрашување, прва бев.

Јазици, биологија, математика, физика, во секој момент можев да одговарам без проблем.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.290
Поени од реакции
5.422
Кој гласал за информатика жити бога
Незнам што има толку тешко :confused:
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.175
Поени од реакции
1.158
Кој гласал за информатика жити бога
Незнам што има толку тешко :confused:
Информатика+програмирање пишува.... Ако мислиш дека било кое од тие 2 е лесно, тогаш сигурно не ги разбираш доволно добро.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
На прво место суверено и нерикосновено си стои (т.е. стоеше) ФИЗИКА ! Кога си го враќам филмот сега назад во средно, како не сме останувале на полагање по тој предмет, стварно не ми е јасно. Учевме едвај само за тест, и пак не научувавме како што треба, по 20-30 пати не' фаќаше неспремни професорката во текот на годината, и пак на крај сите со 3ки и 4ки завршуваа во свидетелство. Ни mystery files од NG не би го решиле овој феномен.

На второ место би го ставил германски. Многу ми е криво што не го изгланцав и него како англискиот, ама тоа е .. Јазик не се учи во школо, а мерак за курс по германски никогаш немав баш. Многу слично на физика, сите учеа само за двата теста и двете писмени во текот на годината, на професорката на глава и' се качувавме на часовите (какви стоки сме биле ццццц :facepalm::facepalm:), ама нели она добра и мирна душа - пак на нас кои што малце повеќе ни фаќаше коката и бевме меѓу ''повоспитаните'' ни спушташе 5ки за крај на година. Да не' оценуваа реално по тој предмет, требаше само едно девојче да има 3ка, пар души знаеа да бекнат нешто за 2ка, и 25+ души на полагање.

И на трето место би го ставил логика. АУФ! Кој го сретнал во средно, си знае. Арно се знаеше проф. со моите родители многу убаво и секогаш им пренесуваше кога ќе ме испраша и на кои лекции да се спремам. Мнооооогу никаков предмет ..

И на факс сега, од сите 7 поминати семестри, најмногу мака си видов од фин. сметководство во прва година. Виша сила ми помогна мислам тогаш да фатам една ќељава 6ка. Сите други предмети потешки, и полесни нормално - но сепак совладливи. Ама овој предмет ми беше драма, како изгубена овца бев. Арно на прва го земав и го куртулив без многу тегавење.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Физика е кралица на проблематичните науки. И ова доаѓа од човек што беше праќан на натпревар во средно. Можеби не е до толку до самата наука, колку што е до катастрофалноста на професорите и учебниците кај нас.

Латински останува како убедливо најнепотребен предмет што сум го имал во цела образовна кариера.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.691
Поени од реакции
4.439
Што знам, веќе 28 години не ми затребале, тешко дека ќе ми затребаат понатаму.
Историјата е менлива и апсолутно не ми претставува никаков предизвик, ниту пак потреба да ја знам. Географијата е интересна, само нема никаков бенефит од тоа да се памти се што е во учебниците, кога истото ни е достапно за читање и учење по потреба за 10 секунди преку интернет.
Ниедно знаење не е непотребно иако се согласувам дека начинот на кој тоа знаење ни се пренесува во училиште е несоодветен.

Како што спомна веќе со денешнава технологија непотребно е меморирање на безброј неповрзани факти за кои шансата дека некогаш ќе ги искористиш е минимална.

„Додека од друга страна оние кои не ја познаваат историјата се осудени да ја повторат.“

Поради ова сметам дека одредени работи не треба да се заборават на пример пустошот на војните и други немили настани кои треба да служат за потсетник каде сме згрешиле и да не ги повторуваме тие грешки.

И за крај историјата е пишувана од победниците така да 99% од неа треба размисли два пати пред да се поверува.

За географијата имам слично мислење т.е доколку немаш виша цел џабе е паметење на неповрзани факти кои можеби или можеби не би ти користеле.

П.С Секој треба свесно да си одлучи кои информации му се важни пошто реално никој не може се да запамти

Он : Јас со математика имав проблем т.е не дека ми беше тешко туку свесно немав желба да ја научам па поради тоа и резултатите на тестови не ми беа најсјајни. :)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.072
Поени од реакции
7.865
Латински во трета средно кога учев, единственото нешто кое иако цела година го слушав ништо не научив, ама апсолутно ништо.
Исто и Ликовно во основно, не ме бидуваше а и цела година професорот 3ки ми пишуваше ама на крајот сите имаа 5ки по Физичко и Ликовно и сето ова паѓаше во вода. :D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Во основно си имав мака со математиката и со музичкото, али музичкото ми беше врв, сите чукаат со раците погодуваат и такт и се ја ко блесав чукам ни знам шо се случуе ни ништо, се молев да не ме види наставничката.
После дојде средно, се отарасав од музичкото ама пак тука има математика, па со нејзе заглавив, али се смилува професроката и стави едно 2че никакво.
И сега факултет....проблем со математиката ама ја положив, и ја не знам како али ми се погоди професорката ептен, а еве сеа имам проблем со органската хемија, не верував дека ќе ми биде проблем пошто имам познавање али еве заглавив и уште се бавтам со нејзе. (n)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Хемија, физика, физичко, Англиски, информатика...... па човече тоа од професорот, од предметот... мене ми се смучија и маки си мачев.
Џабе сум се мачел, џабе сум се трудел да учам, кога еве сега не ми требаат :):D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.561
Поени од реакции
4.384
Кој гласал за информатика жити бога
Незнам што има толку тешко :confused:

Ами физичко? o_O

Само можам да ги разберам оти не му бил омилин физичко. Ги мрзело да се пресоблекуваат и да облекуваат униформи и такви чуда... то е. :D
 
А

Атомската мравка

Гостин
Математика сум катастрофа..

И при изборот на факултет гледав да нема математика кога и таму ни лупнаа математика од широката листа на уким, ти ебам среќата :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom