Кои замоци ни се навистина потребни?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ме погоди дека сум од розевата багра. И дека плачам на Титаник, сечам вени за дечковци и мразам црн хумор.Да тоа сум јас.Парис ванаби(прениска анд стаф, али да не навлегувам).
Немам сила да те цитирам, а и муабетов ми иде накај траги-комичен.
Затоа ...нема црни и розеви.Ебано сме сиви.Сите.У различен тонски клуч.А тонски клучеви има многу,многу.Некој мисли за смисолот, за некој смисолот е новиот парфем на Живанши,некој се прска и со Живанши и го чита Ниче,некој ништо не прави, анд со он,пуна вреќа варијации.
Мразам празноглави овци и овни.Мразам и високопарни, самобендисани енциклопедии.Се мразам и себе често.Не знам што е правилно и подобро.Кој знае, свака част.

А сега сите да се прегрнеме.Сабајлево сум филантроп.До утре кога ќе се разбудам и нема да си го погодам кафето.Тогаш ќе ги мразам сите.А веќе со првите вести и статии од весник ќе сакам да уништам се, па и себе.До моментот кога ќе отидам на факултет и ќе повлечам линии со молив кои ќе ми се свиѓаат.Тогаш ќе се сакам себе и ќе сакам да живеам бесконечно за да повлечам уште толку многу исти линии.И оп, колегата ќе каже глуп виц.Јас пак ќе бидам нерасположена.И тако даље, и тако даље.
Обожавам калапи и модли за замочиња.Толку се реални и сигурни тоа е невероватно.Перманентни као моето расположение.Као сечие расположение.Као животот.
Cheers!
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Да најдеш некого во кого ќе се заљубиш...

Да се откажеш од осаменоста (која сам си ја диктираш, како дел од аделесцентските филмчиња)....

Светски чуда богами. Еве рака. Замоци.
:wow: Која длабочина ја пронајдов во текстов?Навистина морам да се воздржам од понатамошно коментирање, или не?:smiz:

Се додека смислата на една „ебана“ тема ја сфаќате само површински како што гледам и сте направиле, единствено дискусијата на Разиел и Ада некако држи вода се останато е срање за да се бројат постови.

Да се бара смислата на животот, да се постигнува , свирни си го куршумот, реши се да бидеш со било кој да побиеш осаменост, сади си цветни алеи, свирни си го куршумнот.

Биди дел од филмот за Чарли Чаплин, јебига, СВИРНИ СИ ГО КУРШУМОТ!

Ебате буквалистите и тривијалистите, ебате!

Бришете ме ако сакате!
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Размислувам постојано, дали чудата навистина постојат, дали ни е судено на сите да останеме засекогаш сами, неспособни да се пронајдеме покрај друга личност?
Да ни беше на сите судено да останеме засекогаш сами најверојатно истото ке беше и со нашите предци и родители, па ние денес немаше ни да постоиме :smir:
Не.. Шала на страна. Судбината ја кроиме сами.. Ако таа друга личност незнаеме кај да ја побараме.. Нема ни да ја пронајдеме.. Ништо никогаш не паѓа од небо.

Неспособни да се откажеме од осаменоста и себичната потреба за самозадоволување или пак од амбицијата која ги руши сите кули на едно поле а гради дворци на друго?
Осаменоста е релативна работа.. Ако сакаш така да го сватиш животот, околностите и моментите околу тебе така и ќе биде.. Некои луѓе се осеќаат осамени и кога знаат дека имаат некој покрај нив.. Кога немаат мотив да бидат.. А некои се сами на светот а сепак не се осамени.. Се е во нашата глава.. Не сме неспособни едноставно го гледаме светот со некоја изопачена слика во главата и колку и да велиме дека не е така но старите болки барем подсвесно *помагаат* за оформување на таа слика.. Зависно од тоа како сме протолкувале и колку не болело нешто, колку не вратило назад.. Така се повеќе се уобличува таа слика за светот и животот.
Амбицијата не е лоша работа се додека не е претерана.. А себичната потреба од самозадоволување па и не е толку себична додека не прерасне во хранење на егото и зацврстување на самодовербата.


Или пак само до мене е?
Не ќе да е само до тебе.. Мнооооогу луѓе има со слични размислувања..

Премногу размислувам на теми кои можеби треба да бидат оставени да се прекријат со прашина?
Ммм јас не би рекла баш така.. Подобро да си го најдеш во себе одговорот на тоа што те мачи, одколку подсвесно да пропаѓаш во длабочината на бездната што ти ја создава во умот.

Чудо?
Чудо е да се заљубиш на денешно време, чудо е да се бориш, чудо е да живееш според сопствен концепт без некој друг да ти го диктира и темпото и начинот, чудо е да бидеш навистина жив!
Се прашувам, дали чудата постојат?
Ако се за тебе чуда овие работи што ги наброја.. Тогаш Да, постојат..
Не е чудо да се заљубиш, чудо е да сватиш дека си заљубен пред да избегаш од својата можеби последна шанса за љубов.
Не е чудо да се бориш, чудо е да признаеш дека се бориш.
Не е чудо да живееш по сопствен концепт, чудо е да составиш концепт кој навистина ќе сакаш да го следиш.
И не е чудо да бидеш навистина жив, туку да сватиш дека си навистина жив.


Кои замоци ни се навистина потребни?
Потребно е она што животот наведува да биде потребно.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Ебате буквалистите и тривијалистите, ебате!
Викаш ебате буквалистите? Сфаќаш дека сите што ти напишаа нешто имале живот пред тебе, се разбудиле претходното утро, правеле нешто, бркале живот, заработувале леб. Ти очекуваш во екстаза на одредена идеја и некакво артикулирање на таа своја емоција и мисла сите да те сфатат и да се поврзат. Не иде така. Треба да си најспособен тоа да ти успее. Најумните и големи мислители користат најобичен речник, не бегаат во метафори и зборат просто.
Размислувам постојано, дали чудата навистина постојат, дали ни е судено на сите да останеме засекогаш сами, неспособни да се пронајдеме покрај друга личност?
Никогаш нема вистински да дознаеш на некој како му е, нити некој на тебе. Заради тоа ти кажувам, најдоброто нешто е да објасниш со зборови без да забегуваш во пет паречки споредби со градби. Гледам крајно те нервира што не те сфаќаат, затоа тоа е најлесното решение.
Чудо е да се заљубиш на денешно време, чудо е да се бориш, чудо е да живееш според сопствен концепт без некој друг да ти го диктира и темпото и начинот, чудо е да бидеш навистина жив!
Ова е крајно неточно. Инаку се ова што го збориш на долго и на широко е спомнувано во едно "мало" философско движење наречено егзистенцијализам.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
:wow: Која длабочина ја пронајдов во текстов?Навистина морам да се воздржам од понатамошно коментирање, или не?:smiz:
Не мора една мисла да ја претворам во рестегната сапуница за да добие на длабочина. Поентата е јасна, ја собира и во една реченица.



Ебате буквалистите и тривијалистите, ебате!
Ебате адолесцентите ебате.
Ајде, сите на матурантска екскурзија на Тибет :)
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Чудо?
Чудо е да се заљубиш на денешно време, чудо е да се бориш, чудо е да живееш според сопствен концепт без некој друг да ти го диктира и темпото и начинот, чудо е да бидеш навистина жив!
Се прашувам, дали чудата постојат?
Чудата постојат, ама до тогаш ќе се бориш, ќе живееш според туѓ концепт, друг ќе ти го диктира и темпото и начинот на живот, и секогаш ќе бидеш полу жив.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се додека смислата на една „ебана“ тема ја сфаќате само површински како што гледам и сте направиле, единствено дискусијата на Разиел и Ада некако држи вода се останато е срање за да се бројат постови.

Ебате буквалистите и тривијалистите, ебате!
Чекај сега, ти отвараш тема, која провоцира дискусија и очекуваш сите да ти кажат, леле Сатори браво колку си паметна што смисли два пасуса кои 80% од членовите нема да ги сфатат бидејќи метафората не ти е доволно прозирна за сите???? :toe:

Сатори драга, онаму каде си заслужила позитивно мислење си добила. Онаму каде твоите дебати со себе те довеле до погрешен заклучок (барем според мене, не и според Разиел), јас би сакал да ти кажам дека не си во право. Како можеш да очекуваш дека секогаш си во право?
Bada Bing! напиша:
. Заради тоа ти кажувам, најдоброто нешто е да објасниш со зборови без да забегуваш во пет паречки споредби со градби.
Ако некој на форумов има потреба од дебата (а не да си го крева и расте егото), тогаш подобро е да знае дека ќе ја добие со приземен говор. Без метафори, персонификации извлечени од песни на бугарски поети, кованици од зборови кои ќе ти го одвлечат вниманието од поентата. А ако сакаш да бидеш несфатено црно момче(девојче нема проблем, немам против), и да си докажеш дека си такво, тогаш ова е правиот рецепт.
Форум е место за муабет. А муабет се праи најлесно со меѓусебно разбирање. А океј, некои од нас не се “Во“ вашите сфаќања? Разбирам, затоа некои од вас (кои и да се тоа вас, не покажувам со прсти) не се “Во“ нашите сфатени приказни.
 

**The Beauty**

and the beast
Член од
4 февруари 2007
Мислења
552
Поени од реакции
11
Секој ден градиме мостови, замоци или тврдини...
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Размислувам постојано, дали чудата навистина постојат, дали ни е судено на сите да останеме засекогаш сами, неспособни да се пронајдеме покрај друга личност?
Неспособни да се откажеме од осаменоста и себичната потреба за самозадоволување или пак од амбицијата која ги руши сите кули на едно поле а гради дворци на друго?
Или пак само до мене е?
Премногу размислувам на теми кои можеби треба да бидат оставени да се прекријат со прашина?
Чудо?
Чудо е да се заљубиш на денешно време, чудо е да се бориш, чудо е да живееш според сопствен концепт без некој друг да ти го диктира и темпото и начинот, чудо е да бидеш навистина жив!
Се прашувам, дали чудата постојат?


Кои замоци ни се навистина потребни?
Во ред е да размислуваш, но треба да си ги прошириш видиците.:smir:
Неспособноста доаѓа до израз кај оние Дон Кихотовци. Цел живот го поминале борејќи се со ветерници и на крајот ништо. Токму тоа - едно големо ништо. Преголемата амбиција - повторно неспособност, неспособност да осознаеш што значи да си човек. Затворен и заслепен од амбицијата и цел живот сам, да немаш со кога да сврзеш муабет, никој да не те праша "како си?".
Не е чудо да бидеш навистина жив, ниту пак да си заљубен. Ако самиот успееш да направиш баланс и да се организираш не постојат никакви други чуда.

Една од вашите:


Една од нашите:


Се познаваме златен.
Се познаваме во очите,во движењето,во сфаќањата.
Не е животот безглаво трчање и курозабивање во кошот на задоволствата.Тие кои така ја сфатиле смислата ги карактеризирам на начин на кој нема смисла да напишам.Треба изолација.Треба контемплација.Треба замок.

И бљак брате до целиот твој bubble gum свет.

Се одјавувам.
Да се познаваме, како што сакаш да ги нарекуваш "наши" и "ваши". "Вашите" нема да дознаат што значи да живееш, "нашите" нема да дознаат што значи да размислуваш? И повторно грешка. "Нашите" знаат и да размислуваат и од причина што сфатиле дека животот е краток и сите ќе завршиме на исто место, го живеат животот. "Вашите" ќе го потрошат својот живот размислувајќи и употребувајќи некои изрази од енциклопедии, кои и онака никој не се труди да ги разбере. И на крајот на кој му било подобро?:toe:

:wow: Која длабочина ја пронајдов во текстов?Навистина морам да се воздржам од понатамошно коментирање, или не?:smiz:

Се додека смислата на една „ебана“ тема ја сфаќате само површински како што гледам и сте направиле, единствено дискусијата на Разиел и Ада некако држи вода се останато е срање за да се бројат постови.

Да се бара смислата на животот, да се постигнува , свирни си го куршумот, реши се да бидеш со било кој да побиеш осаменост, сади си цветни алеи, свирни си го куршумнот.

Биди дел од филмот за Чарли Чаплин, јебига, СВИРНИ СИ ГО КУРШУМОТ!

Ебате буквалистите и тривијалистите, ебате!

Бришете ме ако сакате!
Срање за да се бројат постови или не битно секој си кажал она што го мисли. И повеќето ќе ги прифатат тие размислувања и ќе ги прочитаат тие постови затоа што се пореални. Поради употребата на фрази, кои можеби и самата не ги разбираш, не го постигнуваш саканиот впечаток. Свести се, сега е време кога треба да уживаш и да не се грижиш за ништо. Не очекувај дека поради твојата начитаност сите ќе сметаат дека можеби грешката е во нив. Пронајди ја првин во себе, а потоа барај ја во другите. Се надевам нема да ми замериш ова е само добронамерен совет.:smir:

И да можеби живеам во некој розев свет, но барем живеам. Не се борам со ветерници.:pipi:
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
wow...i am able to think, and people who cry on movies are pussies, cuz they dont realize the meaning of life itself.

I spend meaningless time in front of the computer trying to realize why does the rose, a flower so beautiful has to have thorns and hurt when i try to grab it. Why does god work in such way.
(да не го дрвам со слични примери, You get my point)
Ah, oh well, ill try to figure out the world later, i have to go to work now, and get paid for it, so i can raise my family.
Reality check..јебеш га.

Не се секирај Сатори, ќе се вработиш некој ден и ќе бидеш on the other side of the wall.
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Размислувам постојано, дали чудата навистина постојат, дали ни е судено на сите да останеме засекогаш сами, неспособни да се пронајдеме покрај друга личност?
Неспособни да се откажеме од осаменоста и себичната потреба за самозадоволување или пак од амбицијата која ги руши сите кули на едно поле а гради дворци на друго?
Или пак само до мене е?
Премногу размислувам на теми кои можеби треба да бидат оставени да се прекријат со прашина?
Чудо?
Чудо е да се заљубиш на денешно време, чудо е да се бориш, чудо е да живееш според сопствен концепт без некој друг да ти го диктира и темпото и начинот, чудо е да бидеш навистина жив!
Се прашувам, дали чудата постојат?


Кои замоци ни се навистина потребни?
Знаеш, судбината самите ние си ја креираме. Не мислам дека ми е судено да останам сама, несреќна и болно успешна се дур не го посакам тоа.

Луѓето во последно време се обземени од една препотентност без граници, заборавено е чувството на почит, угодување и уживање. Сите чезнеат за некој "совршен" свет во кој ни самите не би сакале да живеат. Едноставно, поважно е што другите кажуваат, отколку што самите чувствуваат.

Амбициозноста, бедна е. Ако постигнатиот успех нема со кого да се подели и посвети, тогаш тоа не е успех.

Не е чудно да е човек вљубен, ниту пак среќен во љубовта. Се е можно дур се знаат сопствените граници.

Нашите "замоци" требаат да имаат мерка, цел, која е реална, остварлива, диктирана од самите нас, во темпо кое самите ќе го наметнеме и со кое ќе сме среќни, не на комшијата и неговите фантазии.:wink:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
72
Замоци, темни осамени, во кој би си ја преиспитале, чуствителноста на разумот или срцето, проткаени со многу љубов од бајките и мелодиски ноти на совршен живот на 7мо небо, и да ја доловиме Клеопатра и нејзината вон сериска убавина- и да сме среќни и весели до крајот на нашиот живот, и да не покажуваат со прсте,дека сме го смениле светот, и сме постигнале ново 7-8-9 светско чудо


..Глупости :tapp:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
На луѓето им мине мерак.А неговиот талент старее.На крај останува сам со четирите ѕида.А неможе да живее без тоа да биде ценет,почитуван,сакан и луѓе да се смеат на неговата остроумност и смисол за хумор.
Тој е крпа.
Ете ти го куршумот на Бада.
Да не мавам околу грмушка(ужасен превод на beat around the bush),розевите се оние слабите.Ние тераме...

Keep dancing.
Голема грешка. Нема човек што бидува несакан. Можеби нема да го сакаат оние кои некогаш му се дивеле на способностите и сакале да бидат како него, можеби не оние кои го фалеле.
Ама ќе го сакаат оние што го сакале и пред да игра и пее. Ќе го сакаат оние што му ги переле пелените, бришеле лигите, му готвеле ручек или миеле смрдливите чорапи. И сума сумарум-пак тој човек ќе умре посреќен отколку затуцано даркерче што мисли дека го фатил Господ за муда ако `е поразличен`.

Една од вашите:


Една од нашите:


Се познаваме златен.
Се познаваме во очите,во движењето,во сфаќањата.
Не е животот безглаво трчање и курозабивање во кошот на задоволствата.Тие кои така ја сфатиле смислата ги карактеризирам на начин на кој нема смисла да напишам.Треба изолација.Треба контемплација.Треба замок.

И бљак брате до целиот твој bubble gum свет.

Се одјавувам.
Не е животот ни лејмерско плукање по се розевко и себезатворање во замок. Кој замок ало, нормален човек не може да издржи ни меѓу 4 обични ѕидови, зошто кога тогаш ќе сфати некои работи што ќе му бодат очи до крајот на мизерното животче. Ќе сфати дека е само ЧОВЕК, и дека кога ќе умре другите кур ќе ги боли за што се залагал.
Поиграј кошарка, набилдај мускулчиња на ноџињата бледи и слабички, нек те фати сонце. Забиј неколку коша `без коски` и опцуј соиграч. Играј, живеј. Паралелата меѓу розевите и црните остави ја за глупи луѓе, тие не знаат подобро.

Размислувам постојано, дали чудата навистина постојат, дали ни е судено на сите да останеме засекогаш сами, неспособни да се пронајдеме покрај друга личност?
Чуда не постојат одамна. Постојат чувства. Интересна ствар се. Постои желба за вљубување, среќа и радост. Екстремно глупи се оние кои овие основни работи ги заменуваат со бескрајно (читај бесцелно) тумачење на некои ствари што ги кажал некој чиче од 15-ти век. Остајте бре метафори, остајте кукања, црнила и почнете да живеете како што му доликува на нормално човечко суштество. Сакајте, раѓајте, веселете се, тажете и умрете среќни.

Неспособни да се откажеме од осаменоста и себичната потреба за самозадоволување или пак од амбицијата која ги руши сите кули на едно поле а гради дворци на друго?
Никој не е толку себичен, ќе сфатиш понатаму во животот.
Или пак само до мене е?
Пролазна фаза у тинејџерство. За неколку месеци ќе се плеснеш во чело и ќе си речеш-„Во кој филозофски филм ли сум влегла тогаш, хехе.“
Чудо?
Чудо е да се заљубиш на денешно време, чудо е да се бориш, чудо е да живееш според сопствен концепт без некој друг да ти го диктира и темпото и начинот, чудо е да бидеш навистина жив!
Се прашувам, дали чудата постојат?

Не е чудо, снаоѓање е. Кој чмае у замок-ќе дрка.

Кои замоци ни се навистина потребни?
Замок ко замок ти е крајнo грда градба, смрдлива и гнасна. Чуми се фаќаат внатре, гние органски свет. Битно излажал некој дека замоците биле величествени и грандиозни и ај сеа.:icon_lol:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
И сума сумарум-пак тој човек ќе умре посреќен отколку затуцано даркерче што мисли дека го фатил Господ за муда ако `е поразличен.
Не мислиме дека сме фатиле никого за муда.:).И гледам упорно темава ја влечете и идентификувате со авторот.Не,тука влегува во игра таа ебана поларизација која Сит ја користи како контра на секоја генерализација.Ние,the Castle Dwellers,не сме ништо понесреќни од вас.Замокот трае два-три часа од денот и во него пакуваме се што не' мачи или ни е непознато а сакаме да го осознаеме.Јас,поради тоа што морав да бранам интегритет од сите форумски големци,не стигнав ни да искажам став,а тој малку е спротивен со авторката на темава.Безглаво зафрлање во осаменост-никако.Безглаво отфрлање на љубов-никако.Ама вие и вашите ККК налепници и Шабански деградации не оставате простор да се расчисти материјата која неубаво беше претставена на почетокот,што е сосем оправдано,гледајќи дека и самиот автор тоа го користи само како оправдување на некоја непромислена постапка:)

Не е животот ни лејмерско плукање по се розевко и себезатворање во замок. Кој замок ало, нормален човек не може да издржи ни меѓу 4 обични ѕидови, зошто кога тогаш ќе сфати некои работи што ќе му бодат очи до крајот на мизерното животче. Ќе сфати дека е само ЧОВЕК, и дека кога ќе умре другите кур ќе ги боли за што се залагал.
Така е.Ама зошто мислиш дека тој човек сака на другите да им биде гајле?Акумулираното си го има како свое знаење и си го чува како такво до својата смрт.Тоа се воглавно тивки,безопасни луѓе кои не бараат внимание.Вие сте виновните за тоа злодело.
А,инаку,што подразбираш ти под мизерно животче?Или па,под убаво животче,кога веќе сме почнале.

Поиграј кошарка, набилдај мускулчиња на ноџињата бледи и слабички, нек те фати сонце.
Абе,има и контра на ова.Нешто као:Фанете прочитајте книга,сфатете дека у школо се учат работи кои ќе притребаат,престанете да лепите слики у галерија за сите да ви кажуваат колку сте тоа прекрасни,оти ако тоа го немате,уствари немате ништо...и престанете да бидете спонзоруши.
...Не е вкусно раговор на тоа ниво да се тера,ама ако одиме така,i will indulge you.

Забиј неколку коша `без коски` и опцуј соиграч. Играј, живеј. Паралелата меѓу розевите и црните остави ја за глупи луѓе, тие не знаат подобро.
Играме кошарка,забиваме,пцуеме.Ооо,колку само пцуеме:).Ама секоја вечер,кога ќе поминат дневните активности,фрламе малку време во песокот и живееме во таа изолација која навистина ни треба за да си ги средиме мислите и животот.Самата таа активност ја создава паралелата.А штом паралелата постои и во неа ние сме поасален производ,оти бе да не се прчиме?

Не е чудо, снаоѓање е. Кој чмае у замок-ќе дрка.
Хахаха.Лејмо Игнорејмо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom