Извини,не можам да се сложам со тебе.Ведрината, фактот дека сум доволно позитивна за да се борам со животот е само уште еден единствен показател на тоа колку замокот понекогаш е потребен.
Епа за да може да се издржи притисокот, да може да се најде силата, замокот и те како ти е потребен.
Изолацијата бегање од реалноста?
Не би се изразила така, како одмор од истата можеби, подготвување за наредниот ден.
Затоа поделбата драга моја, нажалост е неопходна, очигледна.
Зошто додека некој живее и го осмислува животот, полн со премногу проблеми кои одвај се решаваат, друг си брка пеперутки.
Пробај спореди го начинот на живот, размислувањата и квалитетот на искуството, па ќе зборуваме за слободен свет без диференцијација.
Кога ќе се одлучиш да бидеш сериски број, нема назад, или има?
Очигледно различни гледишта на работите и погледи на животот.